Бектеши: Приоритет ни е зелената транзиција

Eдна од главните цели на енергетската политика е привлекување на инвестиции за изградба на енергетски објекти и зголемување на искористувањето на обновливите извори на енергија која ќе придонесе во заштита на животната средина и ублажување на климатските промени, вели Бектеши

-

Една од главните цели на енергетската политика на С. Македонија е привлекување на инвестиции за изградба на енергетски објекти и зголемување на искористувањето на обновливите извори на енергија односно инвестирање во зелена енергија која ќе придонесе во заштита на животната средина и ублажување на климатските промени.

Ова го кажа министерот за економија Крешник Бектеши во своето обраќање на Инаугуративна конференција „За зелена иднина – насоки за транзиција кон обновливи извори на енергија“ која се одржа денеска во организација на Македонското здружение за енергија од обновливи извори (МАРЕС).

Министерот потенцираше дека во таа насока, Владата кон крајот на 2019 година ја донесе Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 година како еден од најзначајните стратешки документи за нашата земја во областа на енергетиката и одржливиот развој.

„Во Стратегијата во столбот декарбонизација меѓу другото се препорачува промовирање на обновливите извори на енергија на начин кој обезбедува одржлив развој и се предвидува дека фотонапонските и ветерните електроцентрали ќе бидат најбрзорастечки технологии за производство на електрична енергија во сите сценарија, односно се планира изградба на 750 MW ветерни електроцентрали и 1400 MW фотонапонски електрани“, кажа министерот и потенцираше дека енергетската транзиција е неизбежен и посакуван процес кој треба веднаш да се започне.

„Особено треба да се направат напори за овозможување на поволна инвестициска клима за изградба на фотонапонски електроцентрали, во насока на поедноставување на административните процедури, имајќи го предвид големиот интерес од страна на домашни и странски инвеститори, кои гледаат голем потенцијал за вложување на својот капитал во искористување на овој обновлив извор на енергија“, рече Бектеши.

Тој потсети дека во моментов во нашата држава работат фотонапонски централи кои произведуваат електрична енергија за 198.000 домаќинства. За период од речиси две години, 685 централи добија дозволи за работа, а тие, според пресметките, може да снабдуваат со струја над 160 илјади домаќинства со просечна потрошувачка во 18 градови.

Петти мировник на ОН е ранет во јужен Либан, САД и Европа ги осудија нападите на Израел врз мировниците

Петти мировник на ОН е ранет во јужен Либан откако бил погоден од огнено оружје, соопштија привремените сили на ОН во Либан (Унифил). Во соопштение, Унифил вели дека мировникот во...