сабота, 13 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: обновливи извори на енергија | 50 резултати

Енергетската транзиција ќе нè ослободи од јагленот, загадениот воздух, но и од увозот на струја

16 февруари 2024

Замена на јагленот со чиста енергија, особено од сонцето кое го имаме во изобилие е една од главните заложби кон кои цели земјава на полето на енергетиката. Транзицијата на секторот кој се смета за еден од најголемите загадувачи на воздухот и емитери на стакленички гасови е приоритет поставен во повеќе стратешки документи, со кои С. […]

За да биде правична, идеите за енергетската трансформација треба да потекнат од граѓаните 

9 јануари 2024

Инвестициите во обновливи извори на енергија и во енергетската ефикасност, се двата основни столба на зелената енергетска транзиција. Овој процес мора да биде и праведен и транспарентен и да потекне првенствено од локалните заедници во двата региони, кичевскиот и битолскиот, кои се зависни од употреба на фосилни горива. Ова се само дел од поентите на […]

„Еко-свест“ бара законски измени: Секој нов објект да има фотоволтаичен систем

8 декември 2023

Секоја нова куќа или зграда што ќе се изгради или пак што ќе биде целосно реновирана да мора да има инсталирано фотоволтаичен систем. Ова е еден од предлозите дадени во Анализата на регулативите за обновливи извори на енергија, изработена од Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко свест, Македонското здружение на млади правници, […]

Обезбедени инвестиции од три милијарди евра за замена на јагленот со обновлива енергија

4 декември 2023

Во рамките СОР28 беше потпишана заедничка декларација за Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција за Северна Македонија, преку која треба да се мобилизираат до три милијарди евра инвестиции за забрзување на енергетската транзиција на земјата преку обновливи извори на енергија. На настанот за презентирање на платформата присуствуваа министерката за животна средина Каја Шукова и министерот […]

„Еко-свест“: Земјоделското земјиште не смее да се пренаменува за производство на енергија

6 ноември 2023

Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ денеска реагираше на предложените измени и дополнувања на Законот за земјоделско земјиште и побара да се преиспита потребата од законски измени со кои се овозможува трајна пренамена на земјоделските земјишта во градежни земјишта за развој на обновливи извори на енергија. Од еколошката организација нагласуваат дека во […]

Бектеши: Приоритет ни е зелената транзиција

25 октомври 2023

Една од главните цели на енергетската политика на С. Македонија е привлекување на инвестиции за изградба на енергетски објекти и зголемување на искористувањето на обновливите извори на енергија односно инвестирање во зелена енергија која ќе придонесе во заштита на животната средина и ублажување на климатските промени. Ова го кажа министерот за економија Крешник Бектеши во […]

Македонија со соларни и ветерни централи може да произведе двојно струја од тоа што го троши за цела година

6 октомври 2023

Над 14.000 хектари деградирано земјиште, каменести предели, стари индустриски објекти, рудници и јаловишта се мапирани како најдобрите потенцијални локации за изградба на соларни и ветерни централи. Според студија изработена од МАНУ и Еко свест со поддршка на The Nature Conservancy, на овие површини може да се инсталираат централи со капацитет од 11 гигавати за сончева […]

Со вистински инвестиции во обновливи извори на енергија, Битола и Кичево имаат можности за праведна транзиција

3 октомври 2023

Можностите за поставување на фотоволтаични системи во Кичевскиот и во Битолскиот регион се големи, особено кај домаќинствата, покажуваат анализите подготвени од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко свест“, во соработка со повеќе домашни експерти. Според грубите пресметки, процесот на декарбонизација на двата региони зависни од производство на нечиста енергија од фосилни горива […]

Во Новаци започна со работа најголемата фотоволтаична централа на Балканот

29 септември 2023

Денеска свечено беше отворена приватната фотоволтаична централа „ФЕЦ Новаци“, која во моментов е и најголема на Балканот. Со вкупен капацитет од 55 мегавати, проектирано е годишно да произведува 85.000 мегаватчасови струја, што според Владата претставува „електрична енергија која е доволна за задоволување на потребите на 30.000 семејства“. На отворањето на „ФЕЦ Новаци“ се обрати премиерот […]

Соларен саем: Со инвестиции до 2030 година, обновливата енергија би ја зголемиле до 38 отсто

15 септември 2023

Повеќе од 20 компании од С. Македонија и од земјите од Западен Балкан од денеска до недела ќе изложуваат соларна опрема на Соларниот саем што се одржува во Скопје Сити Мол, во организација на Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ и Македонската Соларна Асоцијација. На повеќе штандови посетителите можат да се запознаат […]

Шукова: Трендот на мали хидроцентрали треба да престане и да се насочиме кон ветерната и соларната енергија

13 септември 2023

Градењето на мали хидроцентрали како енергетски објекти треба да престане, а инвеститорите повеќе да се насочат кон обновливите извори на енергија како што се ветерните паркови и фотонапонските централи. Министерката за животна средина Каја Шукова за Мета.мк вели дека државата ги почитува препораките на Бернската конвенција да не се издаваат концесии во заштитените подрачја, но […]

Еко-свест: Граѓаните имаат многу пречки за да ги користат обновливите извори на енергија

7 септември 2023

Потребно е усогласување на законите и подзаконските акти со моменталните состојби со цел да се создаде овозможувачка околина за зголемено користење на обновливите извори на енергија од домаќинствата – процес кој ќе ја забрза енергетската транзиција и ќе ги ублажи последиците од климатските промени, велат од Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест […]

Не е точно дека Германија им забранува на своите граѓани употреба на дрва за греење

15 јуни 2023

Станува збор за дезинформација дека Германија им забранува на своите граѓани употреба на дрва за греење. Германската влада во април годинава донесе одлука за измени и дополнувања на Законот за енергенси со која официјално е почнат преминот на греењето кон обновливи извори на енергија. Меѓутоа, оваа одлука не значи дека Германија забранува користење на дрва […]

Фотонапонски централи и ветерници треба да се градат само на деградирано земјиште

17 мај 2023

Фотонапонски централи и ветерни паркови можат да се изградат на камењари и неплодно земјиште без поголема вредност за природата и живиот свет, кои во земјава ги има на повеќе локации. На нив може да се постават обновливи извори на енергија, кои можат да задоволат и двојно поголема потреба за струја од сегашната, покажува истражувањето направено […]

РКЕ лани издала 267 лиценци за капацитети од обновливи извори со вкупна моќ од 152,2 мегавати

11 јануари 2023

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ) во 2022 година има издадено 267 лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори (ОИЕ) со вкупен инсталиран капацитет од 152,2 мегавати, кои се приклучени или на преносна или на дистрибутивна мрежа и веќе произведуваат електрична енергија. Од нив 106,5 мегавати се фотонапонски електроцентрали, 36 мегавати […]

„Еко свест“: Изградба на обновливи извори на енергија на деградирано земјиште за излез од енергетската криза

29 декември 2022

Пет локации во земјава со деградираното земјиште може да се искористат за изградба на капацитети за производство на енергија од обновливи извори, кои ќе имаат потенцијал да заменат голем дел од електраните на фосилни горива. Ова е едно од решенијата на еколошката организација „Еко свест“, како одговор на прашањето за надминување на енергетската криза во […]

Јагленот не е решение за енергетската криза, туку инвестициите во обновливи извори

2 декември 2022

Државата не се справува со енергетската криза на правилен начин, а враќањето на јагленот и маутот за производство на енергија ќе остават големи последици на животната средина и здравјето на луѓето. Од граѓанската организација „Еко свест“ денеска апелираа земјава да почне сериозно да инвестира во обновливи извори на енергија, со што ќе ги испочитува меѓународните […]

Инвестицијата во фотоволтаици за домаќинство се исплатува за пет до шест години

3 јули 2022

Колку повеќе енергија произведеме од сонцето, толку помалку ќе ни треба РЕК Битола. Замената на нечистата енергија од фосилни горива со зелена од сонцето е една од најголемите придобивки од инсталирањето на фотоволтаични системи, иако и намалувањето на зависноста на земјата од увоз на скапа електрична енергија е голема мотивација. Инвестицијата во сончеви панели од […]

Од 1 јули домаќинствата ќе можат да произведуваат струја од фотоволтаици и да ги продаваат вишоците

15 јуни 2022

Домаќинствата и компаниите кои произведуваат струја од обновливи извори на енергија од 1 јули ќе можат да ги продаваат вишоците на пазарот. Министерот за економија Крешник Бектеши ги потпиша измените и дополнувањата на Правилникот за обновливи извори на енергија, со кои се предвидува производство на електрична енергија за сопствена потрошувачка. Обврската на универзалниот снабдувач – […]

Нова студија: Зелената енергија „стагнира“, доминираат фосилните горива

15 јуни 2022

Светот користи повеќе фосилни горива повеќе од кога било порано, додека транзицијата кон зелената енергија забавува, јавува „Би-би-си“, повикувајќи се на податоци од нова студија. Според Извештајот за глобалниот статус на обновливите извори за 2022 година, уделот на ветерот и сончевата енергија во глобалното енергетско производство се зголемил минимално во последната деценија. Иако учеството на […]

Страна 1 од 3