Таксата за руски гас ги вжешти политичките односи во Бугарија, Бектеши ја коригира изјавата

Василев демантира дека таксата за транзит на рускиот гас ќе ги зголеми цените за Србија, Северна Македонија и Унгарија, кои се точки на испорака на гасот. За заканите од Скопје дека ќе ја тужи Бугарија поради новата такса, министерот Асен Василев посочи дека доколку се покрене тужба против нашата земја, Македонија мора да докаже дека претрпела штети, а таква штета нема да има

-

Жестоки политички пресметки се случуваат во Бугарија откако владата минатата недела воведе такса од 20 бугарски лева за мегават часа за пренос на руски гас низ нејзината територија. Бугарскиот претседател Румен Радев денеска пред Уставниот суд ја оспори ваква владина одлука, додека бугарскиот министер за финансии реагираше дека Радев врши срамна заштита на руската компанија „Газпром“, пренесува Медиапул.бг.

Претседателот Радев во своето барање до уставните судии наведува дека се прекршени низа одредби од Уставот. Во барањето се наведува дека оспорените текстови се неусогласени со начелото на законитост на даноците и таксите, бидејќи првично е нејасна правната природа на новововедениот „придонес“. Радев забележува дека се прекршени принципите на гарантирање на правото на сопственост и слободна економска иницијатива. Последно, но не и најмалку важно, законот според Радев бил донесен спротивно на правилата за практикување на законодавна иницијатива и принципот на владеење на правото.

Бугарскиот министер за финансии Ален Василев денеска изјави дека поднесокот на Радев пред Уставниот суд нема да ја сопре наплатата на таксата за рускиот гас и го обвини Радев дека е срамен заштитник на руската компанија „Газпром“. Тој ја предупреди оваа компанија дека ако не ја плаќа таксата на Бугарија, тогаш властите ќе пристапат кон конфискација на банкарски гаранции според договорот за транзит низ нејзината територија.

Василев демантира дека таксата за транзит на рускиот гас ќе ги зголеми цените за Србија, Северна Македонија и Унгарија, кои се точки на испорака на гасот. За заканите од Скопје дека ќе ја тужи Бугарија поради новата такса, министерот Асен Василев посочи дека доколку се покрене тужба против нашата земја, Северна Македонија мора да докаже дека претрпела штети, а таква штета нема да има.

Во меѓувреме, македонскиот министер за економија Крешник Бектеши денеска ја коригираше изјавата, потенцирајќи дека не најавил санкции, туку барање за отштета од Бугарија или од ЕУ за да се покрие разликата во цената на гасот за воведената такса.

Бектеши рече дека е доставен допис до Европската Комисија и до Бугар-Транс-Гас за да ја реиспитаат нивната одлука во делот на количините со кои се снабдува Македонија.

„Ние минатата година со поддршка на стратешките партнери обезбедивме количина од 180 милиони метри кубни, но нашата потрошувачка е околу 400 милиони. Ако се воведе такса за гас од Русија, тогаш треба да се ослободат количините кои ги закупил „Газпром“ во нашиот интерконектор, со што ќе ни овозможи нас како држава преку пазарна економија, да бараме други извори за снабдување“, изјави министерот Бектеши.

Според него, таксите ќе влијаат негативно во делот на оперативните трошоци на нашите компании.

„Ако Бугарија не ги ослободи количините, кои се нивна обврска, освен дописите, ќе почнеме и правна постапка против таа одлука. Не најавив санкции, туку оштета од ЕК или Бугарија за да се покрие разликата од околу 20% во делот на гасот од берзанските цени“, истакна Бектеши.

Тој потсети дека како соседни држави, С.Македонија и Бугарија имаат договори за регионална соработка и сите се должни за почитување на директивите на ЕУ.

Албанскиот премиер ја изненади италијанската премиерка Мелони со шал и роденденска песна

Албанскиот премиер Еди Рама ѝ подари шал на италијанската премиерка Џорџиа Мелони, и ја изненади со роденденска песна за нејзиниот 48-ми роденден, пренесува Ројтерс. Рама, кој е многу повисок од Мелони, се...

(ВИДЕО) Автомобил удри студентка на блокадите во Белград, возачот е осомничен за тешко убиство во обид

Дваесетгодишна девојка добила тешки повреди откако во неа удрил автомобил за време на студентските блокади на улицата „Рузвелтова“ во Белград, Србија, објави Н1, повикувајќи се на извори од белградската служба за...

Деветгодишно дете од Свети Николе почина на Детската клиника, било донесено во тешка здравствена состојба

Од детската клиника во Скопје потврдија дека во вторникот кај нив било донесено деветгодишното дете од Свети Николе, кое починало по неполни два часа. Како што информираат оттаму, детето било донесено во...

Компанијата Нинтендо ја најави конзолата „Switch 2“ која ќе пристигне оваа година

Денот конечно пристигна, бидејќи Nintendo официјално го најави излегувањето на Nintendo Switch 2, најлошо чуваната тајна во видео игрите, пренесува Инсајдер Гејминг. Во кратко двоиминутно видео на интернет, Nintendo потврди целосен дизајн...

Албанскиот премиер ја изненади италијанската премиерка Мелони со шал и роденденска песна

Албанскиот премиер Еди Рама ѝ подари шал на италијанската премиерка Џорџиа Мелони, и ја изненади со роденденска песна за нејзиниот 48-ми роденден, пренесува Ројтерс. Рама, кој е многу повисок од...