ГЕРБ на Бојко Борисов победи на парламентарните избори во Бугарија

Ова се шести парламентарни избори во Бугарија во последните три години, среде политичката криза што ја зафати земјата

-

Коалицијата предводена од актуелниот бугарски премиер Бојко Борисов, ГЕРБ-СДС е првата политичка сила на националните избори и изборите за Европскиот парламент што се одржаа вчера. Оваа коалиција освои 24,63 отсто од гласовите на парламентарните избори, јави БГНЕС.

Бугарската Централна изборна комисија ги соопшти резултатите од обработени 93,53 отсто од гласовите за националното собрание и 93,35 отсто од обработените гласови од изборите за Европскиот парламент.

На второ место е Движењето за право и слобода (ДПС) со 15,89 отсто од гласовите.

На трето место е „Продолжуваме со промената“ на Кирил Петков, која освои 14,81 отсто од гласовите, по што следува „Преродба“ со 14,04 отсто освоени гласови.

Бугарската социјалистичка партија освои 7,12 отсто од гласовите, а „Има таков народ“ доби поддршка од 6,1 отсто од гласачите.

Слични се резултатите и на европските избори, каде ГЕРБ-СДС ја задржа лидерската позиција со поддршка од 23,5 отсто од гласовите. На второ место е коалицијата помеѓу „Продолжуваме со промената“ и „Демократска Бугарија“, со поддршка од 14,91 отсто од гласачите, јави БГНЕС.

Ова се шести парламентарни избори во Бугарија во последните три години, среде политичката криза што ја зафати земјата.

Сепак, шансите да се состави владина коалиција помеѓу победничките партии, и сега се мали. Борисов по вчерашното гласање изјави дека не планира да формира Влада само со ДПС, додека еден од лидерите на „Продолжуваме со промената“ и поранешен премиер, Кирил Петков, на Фејсбук напиша дека се подготвени да бидат силна опозиција.

Доколку и по овие избори повторно не се формира стабилна влада, бугарскиот премиер Румен Радев најави дека е можно да формира своја партија.

Студентскиот пленум на УКИМ се одржа зад затворени врати, без присуство на медиуми

Иако беше најавен преку соопштение до медиумите и јавноста, пленумскиот собир на иницијативата „Независен студентски сојуз УКИМ“ се одржа зад затворени врати. Студентите се повлекоа во аулата на Филозофскиот и Филолошкиот...

Македонија ќе добие 24,5 милиони ева во буџетот од Планот за раст на ЕУ

По успешната подготовка на Реформската агенда на земјата, Северна Македонија е првата земја што ќе го добие предфинансирањето предвидено со Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан, соопшти делегацијата на...

„Виновниците имаат име“: Тетовци протестираа за трагедиите во кои изгореа луѓе

„Луѓето горат, државата се чешла“, „Импровизирана држава“, „Виновниците имаат име“, „Нула толеранција“, „Сите ли треба да изгориме“, „Корумпирана држава“, „Нула страв“, „Колку чини една лиценца“, „Системот е следен“, „Правда без далавери“,...

Нема пари да се доврши Студијата за валоризација – заштитата на Демир Капија е неизвесна

Министерството за животна средина нема предвидено пари во буџетот за ова година за довршување на Студијата за валоризција на подрачјето на Демир Капија, за кое пред три години беше поведена иницијатива...

Студентскиот пленум на УКИМ се одржа зад затворени врати, без присуство на медиуми

Иако беше најавен преку соопштение до медиумите и јавноста, пленумскиот собир на иницијативата „Независен студентски сојуз УКИМ“ се одржа зад затворени врати. Студентите се повлекоа во аулата на Филозофскиот...