петок, 16 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: ГЕРБ | 48 резултати

Избори во Бугарија: Борисов ја загуби Софија, но води во помалите населени места

30 октомври 2023

Партијата на Бојко Борисов, ГЕРБ, ја загуби можноста повторно да има свој градоначалник во Софија. Васил Терзиев од коалицијата „Промените продолжуваат-Демократска Бугарија-Спаси ја Софија“ освои 33 отсто од гласовите на вчерашните локални избори, додека кандидатката поддржана од Бугарската социјалистичка партија, Вања Григорова, освои 21,1 отсто од гласовите, јавува Медиапул.бг. Партијата на ГЕРБ која досега ја […]

Коалициската влада во Бугарија во премрежје пред „уставниот испит“

6 октомври 2023

Политичката сцена во Бугарија се вжештува, откако двата главни коалициски партнери во владата покажаа разногласие околу работата на владата, во очекување на смената на главните играчи во коалициската влада, која треба во март следната година да добие нов премиер. Како што пишува бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg, Бојко Борисов, поранешниот премиер и прв човек на партијата ГЕРБ, […]

Бугарија ја обвинува Србија за репресии врз бугарското малцинство, ќе бара помош од ЕУ

13 август 2023

Бугарски пратеници од Европскиот парламент на владејачката коалиција ГЕРБ-СДС ги информира институциите на ЕУ за “репресиите” со кои се соочуваат граѓаните со бугарски идентитет во Србија, јавува mediapool.bg. Ваквиот потег на Бугарија следи откако српските власти спречија внесување на книга од бугарски поет на територијата на нивната земја. Станува збор за случајот со претседателот на […]

ГЕРБ ја предложи еврокомесарката Марија Габриел за идна бугарска премиерка

10 мај 2023

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов официјално ја претстави пред бугарските пратеници еврокомесарката Марија Габриел за премиер на идната бугарска влада, јавува Медиапул.бг. Борисов од бугарскиот парламент соопшти дека Габриел ќе ги води разговорите со останатите партии за поддршка при гласањето избор на новата влада. Борисов додаде дека нејзините ресори како еврокомесар, кои ги вклучуваат иновациите, […]

ГЕРБ ќе се жали до ЕУ откако на Ковачев му беше забранет влез во земјава

7 мај 2023

Владејачката бугарска партија ГЕРБ ќе се жали до официјалните власти на ЕУ откако вчера на нивниот член и европратеник Андреј Ковачев не му бил дозволен влез во Македонија. „На Ѓурѓовден, кога го почитуваме споменот на паднатите војници за нашата татковина, властите на Република Северна Македонија го направија невидениот чин да не му дозволат влез на […]

ЦПД-Софија: Ќе формира ли Бугарија евро-атлантска влада?

3 април 2023

Импликациите од изборните резултати на вчерашните парламентарни избори во Бугарија се тема на анализа на познатиот бугарски тинк-тенк Центар за проучување на демократијата – ЦПД (Center for the Study of Democracy) од Софија, која ги разгледува можните сценарија за формирање влада и понатамошниот развој на политичката состојба во Бугарија, која во последниве малку повеќе од […]

ГЕРБ-СДС победник на изборите во Бугарија, со речиси два процента предност

3 април 2023

Коалицијата на партиите Граѓани за европска Бугарија (ГЕРБ) – Сојуз на демократските сили (СДС) освои најмногу гласови на вчерашните парламентарни избори во Бугарија, со речици два процента предност пред следната политичка сила, коалицијата Продолжуваме со промената (ПП) – Демократска Бугарија (ДБ), покажуваат резултатите од 99 отсто од обработените гласови во реонските изборни комисии, јави бугарскиот […]

Во Бугарија Борисов во блага предност, можна е широка коалиција

3 април 2023

Според најновите информации за вчерашните парламентарни избори во Бугарија, петти по ред во последните две години, во блага предност е коалицијата ГЕРБ-СДС, на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов, јави бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg. Според 93,39 отсто од пребројаните гласови во реонските изборни комисии, коалицијата ГЕРБ-СДС води со малу повеќе од 2 проценти пред коалицијата Продолжуваме со […]

Неизвесен победникот на парламентарните избори во Бугарија

2 април 2023

Речиси мртва трка се води меѓу коалицијата „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“ и коалицијата ГЕРБ – СДС, јавува mediapool.bg. Разлика помала од еден процент меѓу овие две коалиции е најверојатниот исход од предвремените парламентарни избори што денеска се одржаа во Бугарија. Според податоците од агенцијата „Алфа Рисрч“, „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“ освоила […]

ГЕРБ со предност во промили пред коалицијата на поранешниот премиер Кирил Петков

30 март 2023

Пет политички партии ќе влезат во идниот парламент на Бугарија, при што двете најсилни политички сили – Коалицијата ГЕРБ-СДС на некогашниот премиер Бојко Борисов и Продолжуваме со промената (ПП) – Демократска Бугарија (ДБ), која беше главниот фактор во последната коалициска влада на Бугарија, се речиси изедначени во изборните шанси. За крајниот резултат на парламентарните избори […]

Радев го врачи вториот мандат за влада на партијата на поранешниот бугарски премиер Кирил Петков

3 јануари 2023

По три месеци од предвремените парламентарни избори, претседателот на Бугарија, Румен Радев, денеска го врачи вториот мандат за формирање влада на партијата „Продолжуваме со промената“ (ПП), јави бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg. Првиот мандат беше доделен на ГЕРБ, партијата на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов, но не дојде до формирање стабилна политичка влада, откако мандатарот, проф. Николај […]

Бугарскиот парламент не го изгласа предлогот на ГЕРБ за избор на нов премиер

14 декември 2022

Бугарскиот парламент денеска ја отфрли кандидатурата на Николај Габровски за иден бугарски премиер, којшто беше предложен од партијата ГЕРБ на Бојко Борисов, пренесува Бугарското национално радио. За предлогот да биде избран Габровски гласаа 113 пратеници, додека против неговиот избор беа 125 пратеници. Според законската постапка, кога кандидатот за премиер нема да биде одобрен од бугарското […]

ГЕРБ за мандатар за новата влада на Бугарија го предложи неврохирургот Габровски

5 декември 2022

Партијата ГЕРБ на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов реши за мандатар за формирање на нова политичка влада на Бугарија да го предложи неврохирургот проф. д-р Николај Габровски, за кој сметаат дека е политички неутрален кандидат, известува бугарскот онлајн-медиум mediapool.bg. Претседателот на Бугарија Румен Радев претпладнево му го врачи мандатот и Габровски има седум дена за […]

Бугарскиот главен обвинител Гешев: Го напаѓаат Обвинителството заради руски интереси

21 октомври 2022

Обвинителството е цел на напади заради политички интереси што се совпаѓаат со оние на Русија, порача Главниот обвинител на Бугарија, Иван Гешев во интервју за бугарски „Капитал“. Според Гешев, главната цел на нападите е преземање контрола врз државното обвинителство, но ваквото совпаѓање на интересите е загрижувачко, пренесува бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg. „Многу е интересно како се […]

Објавени конечните резултати во Бугарија, победничката ГЕРБ речиси и нема шанси да формира влада

6 октомври 2022

Централната изборна комисија (ЦИК) на Бугарија, ги објави официјалните резултати од предвремените парламентарни избори во Бугарија што се спроведоа во неделата. Според нив најјаката парламентарна сила во 48-от парламент на Бугарија ќе биде „„Граѓани за европски развој на Бугарија“ (ГЕРБ) партијата на поранешниот долгогодишен премиер на Бугарија, Бојко Борисов, со 67 пратеника, известува бугарскиот онлајн-медиум […]

По изборите, мали шанси за формирање влада во Бугарија

4 октомври 2022

Копретседателот на „Демократска Бугарија“ Христо Иванов, слично како и Кирил Петков од „Продолжуваме со промената“, отфрли можност да коалицира со ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов. ГЕРБ, односно нејзината коалиција со Сојузот на демократските сили, доби најмногу гласови на изборите – 25,33 отсто, известува бугарскиот онлајн-медиум mediapool bg. Ваков став соопшти и Корнелија Нинова, претседателката […]

ГЕРБ победи на изборите во Бугарија, „Продолжуваме со промената“ втори – Петков останува во опозиција

3 октомври 2022

На вчерашните избори во Бугарија, во парламентот пратенички места си обезбедија седум политички формации, при што најмногу гласови добила коалицијата водена од „Граѓани за европски развој на Бугарија“ (ГЕРБ). Станува збор за коалиција партијата на поранешниот долгогодишен премиер на Бугарија, Бојко Борисов и на Сојузот на демократските сили (СДС), во која втората партија речиси е […]

Жестоко во Бугарија пред изборите: Глас се купува за 100-200 лева, најмногу пријави за ГЕРБ

30 септември 2022

Се нудат од 100 до 200 лева за глас на претстојните парламентарни избори во Бугарија в недела, соопшти бугарското Министерство за внатрешни работи (МВР). Најголем број пријави се за понуди од ГЕРБ и ДПС. До министерството изминативе денови стигнале 250 пријави за купување гласови, а обвинителството не прифатило 180 барања за истрага, пренесува бугарскиот новински […]

ГЕРБ го врати мандатот, бугарскиот претседател ќе прави нов круг консултации пред да го даде третиот мандат

14 јули 2022

Како што и беше најавено, денеска откако претседателот на Бугарија Румен Радев го врачи вториот по ред мандат за составување нова влада, тој експресно му беше вратен. ГЕРБ, втората парламентарна сила, како што повеќепати претходно најави, го врати мандатот, јави mediapool.bg. Претседателката на парламентарната група на ГЕРБ, Десислава Атанасова, го врати вториот мандат за формирање […]

„Продолжуваме со промената“ го врати мандатот, нема да преговара со ИТН на Трифонов ако таа партија добие мандат

9 јули 2022

Партијата „Продолжуваме со промената“ (ПП) на сегашниот премиер на Бугарија во оставка Кирил Петков, вчера го врати мандатот за формирање нова влада, бидејќи не успеа да собере парламентарно мнозинство што би го изгласало предложениот коалициски владин кабинет, јави бугарскиот новински сајт mediapool.bg. Асен Василев, кој беше номиниран за премиер и го доби мандатот од претседателот […]

Страна 1 од 3