Мета факт: Во тек е изградбата на стадион со трибини во Илинден

Во тек е ветувањето на градоначалникот Александар Георгиевски, кој во својата предизборна програма вети дека ќе изгради стадион со трибини во општина Илинден

-

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, во својата предизборна програма насловена „За Илинден гарантираме“, вети дека ќе изгради стадион со трибини во општина Илинден. Според одговорите што ги добивме од општинита, изградбата за овој проект е веќе започната, па оттаму да заклучиме дека ова ветување е во тек на реализација, иако во програмата беше наведено дека стадионот ќе биде завршен во текот на 2022-2023 година.

Изградбата на стадионот беше најавена при неговиот говор на митингот на ВМРО-ДПМНЕ на 6 октомври 2021 година, но проектот беше нагласен и во видео на Фејсбук објавено на 10 октомври истата година.

„Во Илинден ќе направиме стадион со трибини, модерни соблекувални, помошни простории и ќе се изврши комплетна реконструкција на фудбалскиот терен,“ вели Георгиевски во објавата.

Како што е наведено на страна 38 во неговата програма, проектот опфаќа поставување на систем за дренажа, реконструкција на тревна површина, изградба на нова ограда, изградба на трибини, модерни соблекувални и административни и помошни простории, а рокот за реализација е предвиден за 2022 или 2023 година.

Мета.мк исконтактира со Општина Илинден во врска со овој проект, а оттаму потврдија дека истиот е во тек на реализација.

Оттаму информираат дека реализацијата се спроведува во неколку фази, а ќе отпочне во јуни и јули годинава.

Во првата фаза бил потпишан договор за изградба на целосна реконструкција на фудбалскиот терен, изградба на соблекувални, административни и помошни простории, изградба на заштитна ограда околу стадионот и партнерно уредување.

Наредно, во втората фаза ќе се постави осветлување и ќе се градат трибините. 
Според програмата, финансиите за проектот доаѓаат од буџетот на општината и други извори.

Поради сето ова погоренаведено, заклучуваме дека ова предизборно ветување е во тек.

 

ИЗВОРИ:

Предизборна програма на градончалникот Александар Георгиевски, „За Илинден Гарантираме“ (проверено на 06.06.2024)

Официјални одговори на новинарски прашања Општина Илинден (06.06.2024)

Нетпрес.мк (06.10.2021 година): Ѓорѓиевски: Илинден ќе добие стадион, здравствен дом, дневен центар за лица со попреченост…  (проверено на 06.06.2024)

Во судар на мотор и електричен тротинет загина 16-годишно момче

Денеслк во раните утрински часови, во близина на трговскиот центар „Чаирчанка“ во Скопје, се случи трагична сообраќајна несреќа во која загина 16-годишен возач на мотоцикл. Извршен е увид од страна на...

Бегство во иднината

Емиграцијата на младите луѓе не претставува проблем само за општеството во Црна Гора, туку и за други места во регионот. Има многу студенти од други балкански земји со слична приказна. Кристијан...

Македонските граѓани веруваат во науката и технологијата, но и во митови и теории за заговор

Новото истражување на Евробарометар открива дека 72 отсто од македонските граѓани веруваат дека вирусите се вештачки создадени во лаборатории за контрола на населението – драстично повисока стапка од просекот на ЕУ....

Контраспин: Мицкоски ги брани македонскиот народ и идентитет кои никој не ги тероризира

Изјавата на Мицкоски за наводно тероризирање на македонскиот идентитет и народ во изминативе седум години претставува спин т.е. извртување на вистината, бидејќи токму во тој период, со постигнување на Преспанскиот договор,...

Во судар на мотор и електричен тротинет загина 16-годишно момче

Денеслк во раните утрински часови, во близина на трговскиот центар „Чаирчанка“ во Скопје, се случи трагична сообраќајна несреќа во која загина 16-годишен возач на мотоцикл. Извршен е увид од...