сабота, 9 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Румен Радев | 88 резултати

По осми пат за пет години Бугарија оди на избори, неизвесен исход и поделени гласачи

април 18, 2026

Бугарија в недела по осми пат за пет години оди на парламентарни избори, обидувајќи се да излезе од долготрајната политичка нестабилност. Додека младите бараат реформи по минатогодишните протести, анкетите му даваат предност на Румен Радев, којшто пак, е фаворит кај постарите гласачи

Не е точно дека Зоран Заев има бугарско државјанство

септември 15, 2024

Ниту поранешниот премиер Заев има бугарско државјанство, ниту Договорот за добрососедство со Бугарија е неважечки. Заев за „Вистиномер“ децидно тврди дека објавениот документ од наводното негово бугарско државјанство, не е веродостоен, туку е креиран од поединец со лоша намера. Заев вели дека има само државјанство на С. Македонија и дека никогаш не побарал државјанство на […]

Радев: Очекуваме Северна Македонија да ги исполни сите обврски, и кон нас и кон ЕУ

септември 13, 2024

Бугарија отсекогаш била отворена за дијалог со Република Северна Македонија и очекувам овој дијалог да придонесе кон нашето културно зближување, но и да ја поттикне економската соработка. Очекуваме Северна Македонија да ги исполни сите свои обврски и кон нас и кон Европската Унија, изјави денеска претседателот на Бугарија Румен Радев пред средбата со претседателката на […]

Радев се надева на брзо спроведување на билатералниот договор за пријателство

јули 19, 2024

Премиерот Христијан Мицкоски се сретна со бугарскиот претседател Румен Радев на Самитот на Европската политичка заедница во палатата Бленхајм во Оксфорд. Радио Бугарија објавува дека при разговор со Мицкоски, Радев изразил надеж дека Скопје ќе го забрза спроведувањето на билатералниот договор за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија и договорите на земјата со ЕУ, со […]

Реакции и од Бугарија по инаугурацијата на Сиљановска Давкова: Имате обврски и одговорности

мај 13, 2024

Бугарскиот в.д. премиер Димитар Главчев и бугарскиот претседател Румен Радев реагираат на вчерашната инаугурација на претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која, додека ја даваше свечената изјава во Собранието не го кажа уставното име на државата, туку употреби само „Република Македонија“. Реакции претходно пристигнаа и од меѓународната заедница, во контекст на тоа дека станува збор за прекршување […]

Радев: Наскоро ќе стане јасно дали ВМРО-ДПМНЕ ќе работи на евроинтеграциите

мај 9, 2024

Бугарскиот претседател Румен Радев коментира дека наскоро ќе биде јасно дали новоизбраната претседателка Гордана Силјановска-Давкова и партијата ВМРО-ДПМНЕ ќе работат за европската перспектива на Скопје. Тој, како што пренесува бугарски „Медиапул.бг“, кажа дека секогаш ја поддржувал европската интеграција на Македонија, но во согласност со принципите на добрососедство и Копенхашките критериуми за членство. „А тоа би […]

Бугарскиот претседател Радев стави вето на испораката на бугарски транспортери на Украина

декември 4, 2023

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска стави вето на испораката на бугарски оклопни транспортери како воена помош од Бугарија за Украина, пренесува Медиапул.бг. Со ветото, претседателот Радев го врати законот на нова расправа во бугарското собрание, така што пратениците ќе треба повторно да гласаат за испраќање на 100 парчиња оружје, вклучувајќи оклопни транспортери наменети за украинската […]

Таксата за руски гас ги вжешти политичките односи во Бугарија, Бектеши ја коригира изјавата

октомври 26, 2023

Жестоки политички пресметки се случуваат во Бугарија откако владата минатата недела воведе такса од 20 бугарски лева за мегават часа за пренос на руски гас низ нејзината територија. Бугарскиот претседател Румен Радев денеска пред Уставниот суд ја оспори ваква владина одлука, додека бугарскиот министер за финансии реагираше дека Радев врши срамна заштита на руската компанија […]

Радев застана зад „Лукоил“, бара Уставниот суд да го преиспита одземањето на рафинеријата во Бургас

август 4, 2023

Бугарскиот претседател Румен Радев поднесе жалба до тамошниот Уставен суд поради одлуката на парламентот во Софија за предвремено раскинување 35-годишната концесија за нафтеното пристаниште „Розенец“ што е потпишано со руската компанија „Лукоил“, пишува Mediapool.bg. Владејачката коалиција на ГЕРБ и Продолжуваме со промените-Демократска Бугарија го обвинија Радев дека со потегот не го штити националниот интерес на […]

Бугарски медиуми: Остри реакции по средбата на дечиња од С.Македонија со бугарскиот претседател

јули 21, 2023

Северна Македонија води истрага за средба на македонски деца со бугарски политичари, вклучително и со бугарскиот претседател Румен Радев, пренесува mediapool.bg. Истрагата почнала по пријава од СВР Битола до Обвинителството против ликовното студио „Мал Битолски Монмартр“, обелодени министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во текот на реализацијата на иницијативата „Отворен Кабинет“. Студиото носело деца неколкупати […]

Радев влезе во колизија со ЕУ заради „влијанието“ на С. Македонија

јуни 26, 2023

Бугарскиот претседател Румен Радев влезе во колизија со европските институции заради политиката кон Северна Македонија. Во понеделникот тој испрати остра реакција до европските лидери, откако неколку часа претходно, високиот претставник на ЕУ за надворешни работи Жозеп Борел, најави дека од европска гледна точка, нема пречка за пристапување на Северна Македонија, пренесе „Медиапул.бг“. Радев реагираше и […]

Радев ќе им врачи бугарски пасоши на претседателот и секретарот на битолски „Иван Михајлов“

мај 19, 2023

Бугарскиот претседател Румен Радев на церемонија во Софија денеска ќе им ги врачи бугарските лични документи на Љубчо Георгиевски и Благој Шаторов, пренесува Бугарската национална телевизија (БНТ), цитирајќи соопштение од прес-службата на шефот на државата. Љубчо Георгиевски е претседател, а Благој Шаторов е секретар на бугарскиот културен центар „Иван Михаилов“ во Битола – здружение на […]

ЦПД-Софија: Ќе формира ли Бугарија евро-атлантска влада?

април 3, 2023

Импликациите од изборните резултати на вчерашните парламентарни избори во Бугарија се тема на анализа на познатиот бугарски тинк-тенк Центар за проучување на демократијата – ЦПД (Center for the Study of Democracy) од Софија, која ги разгледува можните сценарија за формирање влада и понатамошниот развој на политичката состојба во Бугарија, која во последниве малку повеќе од […]

На една недела пред изборите, во Бугарија неизвесно дали ќе се формира нова влада

март 25, 2023

Една недела пред одржувањето на предвремените парламентарни избори во Бугарија, неизвесно е дали гласањето на граѓаните закажано за 2 април ќе доведе до формирање на нова бугарска влада. Претстојните избори ќе бидат петти по ред парламентарни избори во рок од две години, бидејќи по сите досегашни резултати на изборите ниту една пратеничка листа не успеа […]

„Иван Михајлов“ од Битола избришан од Централен регистар, официјална Софија реагира

март 23, 2023

Здружението Културен центар „Иван Михајлов“ – Битола од денеска не постои како правно лице во земјава. Тоа беше избришано од Централниот регистар (ЦР), откако вчера Министерството за правда до ЦР доставило Решение за неусогласеност на здружението со член 5 од Закон за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации, извести ЦР. Одлуката на […]

Радев: Во ЕУ не треба да се гради идентитет врз историски фалсификати

февруари 16, 2023

Властите во Северна Македонија треба да бидат поттикнати да преземат активни чекори за вистинска демократизација и да докажат дека анти-бугарската идеологија што вирее таму, припаѓа на минатото и нема да ја загрози иднината, порача бугарскиот претседател Румен Радев, кој е во официјална посета на Атина, во интервју за грчкиот весник „Катимерини“. „Во Европската Унија не […]

Ѓорѓи Спасов: Целта на бугарските провокации е Македонија да остане надвор од ЕУ

јануари 27, 2023

Сѐ што се случува во изминатава недела во македонско-бугарските односи е дел од „империјалните амбиции“ на Софија кон Македонија и македонскиот народ. Кога после неколкуте вета дојде францускиот предлог и целата „рамковна позиција“ на Софија се сведе само на впишувањето на Бугарите во Уставот, почнаа провокациите преку формирањето на низа клубови на Бугарите во Македонија, […]

Недовербата во бугарскиот претседател Радев за првпат е поголема од довербата

декември 30, 2022

Најновата анкета на „Маркет линкс“ на бТВ покажува дека поголемиот дел од бугарските граѓани за првпат имаат поголема недоверба од доверба во бугарскиот претседател Румен Радев, пишува Медиапул.бг. Така, 40 отсто од анкетираните лица имаат доверба во претседателот Радев, додека 41 отсто од испитаниците одговориле дека немаат доверба во него. Во минатото, Румен Радев имаше […]

Холандскиот парламент против влез на Бугарија во Шенген зоната, реакции од источниот сосед

октомври 21, 2022

Парламентот во Холандија изгласа резолуција против влезот на Бугарија и Романија во Шенген зоната. Холандските пратеници изгласаа резолуција со која побараа холандскиот премиер Марк Руте да стави вето на влезот на Бугарија и Романија во Шенген зоната без граници, поради корупција и организиран криминал во двете земји, пишува Јуроактив. Ваквата вест доаѓа само два дена […]

Страна 1 од 5