fbpx

За привремената бугарска влада „неизбежно“ било да се купува гас од „Газпром“

-

Обезбеден е еден танкер течен гас за Бугарија за октомври, ама мора да се работи за обезбедување на потребните количества по прифатливи цени за бизнисот и за домаќинствата, соопшти Кризниот штаб за енергетика на техничката владата на Бугарија, пренесува бугарски „Дневник“.

Техничкиот министер за енергетика Росен Христов смета дека во сегашната ситуација и недоврешноста на гасоводната врска со Грција, е „неизбежно да се преговара“ со руската „Газпром експорт“ за обновување на доставата на руски гас, од што пак пред повеќе од три месеци се откажа претходната, редовна, влада на Кирил Петков.

Техничкиот вицепремиер и министер за транспорт Христо Алексиев, кој е на чело на Кризниот штаб формиран од владата денеска рече оти гас по прифатливи цени мора да се испазари до крајот на август или на почетокот на септември, а пред тоа треба да бидат стабилизирани „Булгаргаз“ и завршувањето на гасоводната врска со Грција, пренесува „Дневник“.

Министерот за енергетика Христов, кој заговори за повторно враќање на снабдување на Бугарија со руски гас, рече дека од стапувањето на функција на техничкиот владин кабинет, тој работи во потполен хаос, обидувајќи се да дојде до информации и „да разреши кризни проблеми од национални размери“.

Христов време дека власта сега ќе престане „да трча по топката“ и ќе се концентрира на достава на гас по прифатлива цена. Вицепремиерот Алексиев подоцна објави дека „прифатлива цена“ е 250 лева за мегават-час. Актуелната цена за август, сега е 298 лева, но без вкалкулиран пренос, акцизи и ДДВ.

Техничката влада на Бугарија е формирана од претседателот Румен Радев по службена должност, откако парламентот изгласа недоверба на владата на Кирил Петков, која се приклучи на повикот на ЕУ да не се купува руски гас под условите диктирани од Русија и со помош на САД обезбеди достава од Азербејџан. Но, од стапувањето на техничката влада, се појавија и „убедувања“ на јавноста од техничките министри дека набавката на гас од Русија е „во ситуацијата најповолната опција“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...