недела, 10 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Газпром | 17 резултати

За привремената бугарска влада „неизбежно“ било да се купува гас од „Газпром“

август 22, 2022

Обезбеден е еден танкер течен гас за Бугарија за октомври, ама мора да се работи за обезбедување на потребните количества по прифатливи цени за бизнисот и за домаќинствата, соопшти Кризниот штаб за енергетика на техничката владата на Бугарија, пренесува бугарски „Дневник“. Техничкиот министер за енергетика Росен Христов смета дека во сегашната ситуација и недоврешноста на […]

Во Софија повторно протест #ГаzWithMe против намерата на техничката влада да се купува руски гас

август 11, 2022

Стотици демонстранти се собраа вчеравечер пред Кабинетот на претседателот на Бугарија, во најстрогиот центар на Софија, да протестираат против намерите на техничката влада на Бугарија повторно да купува гас од руски Газпром, јави mediapool.bg. Ова е вториот протест #ГаzWithMe – првиот се случи пред една седмица. „Гасот од внатрешно-политички проблем веќе се претвори во надворешно-политички. […]

Петков: Корупцијата е најдобриот инструмент на Москва за влијание на Балканот

јули 28, 2022

Корупцијата е најдобриот инструмент на Москва за влијание на Балканот, вели бугарскиот премиер Кирил Петков во интервју за британскиот весник „Тајмс“, а чии најважни поенти ги пренесува Медиа Пул. За време на краткиот премиерски мандат, Петков вели дека успеале да ја ограничат корупцијата на локално ниво во Бугарија, но и откриле дека имале поголем непријател, […]

Бугарија договори гас од САД по цени пониски од руските

мај 11, 2022

Бугарскиот премиер Кирил Петков договорил достава на течен гас од САД за Бугарија по цени пониски од оние на „Газпром“, соопшти Службата на информирање на бугарската влада по средбата на Петков со американската заменик-претседателка Камала Харис. Доставата ќе почне во јуни, а засега нема информации за конкретните цени и обемот на доставата, пренесува бугарски „Медиапул“. […]

Газпром вели дека ги прекинува испораките на гас за Бугарија и Полска, Петков не прифаќа рекет од Русија

април 27, 2022

Руската државна компанија Газпром соопшти дека ја прекинува испораката на гасот за Бугарија и Полска откако двете земји одбиле да плаќаат за испораките во руски рубљи, јавува Јуроњуз. Од Газпром предупредуваат дека ако двете земји се обидат да повлечат од транзитниот гас кон другите европски потрошувачи, тогаш за идентичен обем ќе биде намалена испораката на […]

Плаќаме најскап метан во соседството иако „Газпром“ за февруари ја намали цената за околу 13 отсто

февруари 8, 2022

Руската компанија „Газпром“ со „Макпетрол“ постигнале договор за намалување на цената на метанот (компримираниот природен гас – ЦНГ) за околу 13 отсто во земјава. Па така, наместо 110 денари за килограм, од вчера на бензинските станици на „Макпетрол“ еден килограм метан може да се набави за 96 денари за килограм. Проблемот со метанот во земјава […]

Путин и Ердоган утре ќе го потпишат договорот за изградба на „Турски тек“

октомври 9, 2016

Завршниот договор за изградба на „Турски тек“, гасоводот што Турција ќе ја снабдува со руски гас, ќе биде потпишан утре, кога во Истанбул ќе се состанат рускиот и турскиот претседател, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган, изјави денеска рускиот министер за енергетика, Александер Новак. Во интервју за агенцијата „Анадолија“, пред почнувањето на Светскиот конгрес за енергетика во […]

„Газпром“ ќе го одмрзне „Јужен тек“ ако политичкиот амбиент се промени

јуни 29, 2016

Руската гасна компанија „Газпром“ би можела веднаш да го одмрзне проектот „Јужен тек“ ако политичкиот амбиент се промени, изјави денеска заменик-претседателот на управнот одбор на „Газпром“, Андреј Круглов. Круглов наведе дека проектот „Турски тек“ е подготвен за привлекување на проектно финансирање, пренесува руската агенција ТАСС. Тој додаде дека „Газпром“ ќе ги намали трошоците во работењето […]

„Газпром“ ја стопира испораката на гас за Украина

јули 1, 2015

Рускиот гингант „Газпром“ денеска потврди дека ја стопира испораката на гас за Украина, по неуспехот на разговорите за цената, јавуваат светските медиуми. Ова доаѓа еден ден по објавата на украинската државна енергетска фирма „Нафтогаз“ дека го суспендира купувањето гас од Русија откако разговорите со посредство на Европската унија за продолжување на испораката за наредните три […]

Се одложува изградбата на Турски тек

мај 7, 2015

Изградбата на гасоводниот систем Турски тек е одложена поради тоа што руски „Газпром“ и турската државна компанија „Ботас“ не можат меѓу себе да се договорат за тоа како ќе ја применат формулата за попустот на цената на гасот што ќе го добијат Турците. Во моментов трпат и двете страни. „Газпром“ трпи загуби бидејќи бродовите што требало […]

Европа на нозе за „Јужен тек“, Македонија молчи

декември 2, 2014

По изјавата на рускиот претседател Владимир Путин дека Русија е принудена да се повлече од проектот „Јужен тек“, поради тоа што Европска Унија не сака да ја поддржи изградбата на гасоводот, денеска реакции пристигнаа од повеќе засегнати страни. – Ако Европска Унија не сака да го спроведе проектот „Јужен тек“, тогаш нема да биде спроведен. […]

Грчката државна гасна компанија треба да ѝ плати 100 милиони евра на „Газпром“

ноември 25, 2014

Повеќе од сто милиони евра грчката државна гасна компанија ДЕПА ќе треба да му плати на рускиот гигант „Газпром“. Ова е во согласност со клаузулата „земи или плати“, која е составен дел од спогодбата меѓу двете компании, откако намалувањето на потрошувачката во 2014 година оневозможи да бидат прифатени количествата договорени во март. Оваа опција е […]

Москва и Киев постигнаа договор за испорака на гасот

октомври 31, 2014

Русија и Украина вчеравечер во Брисел постигнаа преоден договор за сигурно снабдување на Украина со руски гас до март 2015 година, како и за негов непречен транзит до потрошувачите во Европска Унија. Договорот го потпишале министрите за енергетика на Русија и на Украина, европскиот комесар за енергетика, но и челниците на „Газпром“ и на „Нафтагаз“. – […]

Страна 1 од 1