fbpx

Москва и Киев постигнаа договор за испорака на гасот

-

Русија и Украина вчеравечер во Брисел постигнаа преоден договор за сигурно снабдување на Украина со руски гас до март 2015 година, како и за негов непречен транзит до потрошувачите во Европска Унија. Договорот го потпишале министрите за енергетика на Русија и на Украина, европскиот комесар за енергетика, но и челниците на „Газпром“ и на „Нафтагаз“.

– Процесот не беше лесен. Како и да е, успеваме да дојдеме до компромис околу цената и структурата на долгот. Ова е наш придонес за стабилизирање на ситуацијата во Украина – изјави рускиот министер за енергетика, Александар Новак.

Главната точка на судир меѓу двете страни беше цената на гасот која сега е фиксирана на 385 долари за 1.000 кубни метри, што е попуст од руска страна од околу 100 долари за еден кубен метар. Притоа, Украина ќе мора во иднина гасот да го плаќа еден месец однапред. Договорот предвидува и дека украински „Нафтагаз“ на руски „Газпром“ до крајот на ноември ќе му исплати 1,45 милијарди евра, како прв дел од долгот од 3,1 милијарди евра за гасот испорачан кон крајот на минатата и на почетокот од оваа година. Крајниот рок за плаќање на вториот дел од 1,65 долари е до крајот на декември оваа година. Овој договор треба да го гарантира снабдувањето со гас на Украина, но и на Европа за претстојната зима.

Претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, го поздрави потпишувањето на договорт, констатирајќи дека сега веќе не постојат причини за да се стравува дека луѓето во ЕУ ќе се смрзнуваат во своите домови во текот на оваа зима.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Контраспин: Силјановска не ги седна пензионерите во ложата на „Мапет шоу“

Контекстот во кој претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ ја кажа репликата за „Мапет Шоу“, беше сосема поинаков од оној што го претстави СДСМ. Самата реплика воопшто не се однесуваше на...