fbpx

Откако „Макпетрол“ се откажа, ЕСМ со нов повик за избор на компанија што ќе ја снабдува земјава со гас

-

Откако „Макпетрол“ вчера информираше дека од 1 јануари нема да увезува и испорачува природен гас на неговите потрошувачи, државната компанија ЕСМ Продажба денеска информира дека објавила повик за прибирање понуди од домашни и странски компании кои имаат можност да обезбедат и да испорачаат потребна количина на природен гас за производство на топлинска енергија за топланите Исток, Запад, Енергетика и Скопје Север, како и за останатите потрошувачи на природен гас во Р. Северна Македонија, првенствено за поголемите производствени и услужни капацитети.

„Со оглед на тоа што на претходно распишаниот повик од АД ЕСМ имаше понуди кои не беа верификувани, а досегашниот испорачател Промгас – Макпетрол со кој досега имавме договор не достави понуда, нов повик е распишан од страна на ЕСМ Продажба. Повикот ќе биде од отворен карактер, и во однос на количините и во однос на времетраењето на испораката од страна на снабдувачите, за периодот 1.1-30.4.2023г“, информираат од Електростопанство на Северна Македонија (ЕСМ).

Инаку, министерот за економија Крешник Бектеши вели дека „Макпетрол“ се однесува неодговорно, но и посочува дека чекорите што ги презема државата во насока на либерализација на пазарот се во насока на избегнување на ситуација на целосна зависност од Руската федерација во делот на природниот гас.

„Ние се залагаме да се либерализираме и сите консултации се завршени и таа обврска што сме ја земале како држава према енергетската заедница, преку регулативите на Европската унија ние веќе ги спроведуваме. Ако ние не донесевме ваква одлука можеме да се доведеме во ситуација за да бидеме целосно зависни од Руската федерација и што ќе се случеше ако преку ноќ имаше забрана за снабдување со природен гас на нашата држава“, изјави министерот Бектеши за телевизија Сител.

Бектеши остро додаде дека „Макпетрол“ сака вечно да биде монопол на пазарот, но тоa нема да се оствари.

„Компанијата Макпетрол беше известена за преговорите кои ги водеше државата преку ГА-МА со Булгартрансгаз се со цел да се стабилизира пазарот со снабдување на гас. Макпетрол веќе 21 година го има монополот за снабдување со гас во државата, но заврши времето на монополи, ние се залагаме за либерализација на пазарот, вклучително и пазарот на природен гас како што правиме во другите сектори“, кажа министерот за економија Крешник Бектеши.

„Со помош на нашите стратешки партнери од Европската унија со макотрпна работа на НЕР и ГА-МА ние успеавме да ослободиме капацитети на гасоводот помеѓу Северна Македонија и Бугарија кој беше целосно закупен од Гаспром, каде што ќе се отвори пазарот и согласно конкурентните цени кој е по квалитативен кој е подобар ќе може да ги снабдува потрошувачите во нашата држава со гас“ додаде Бектеши.

„Макпетрол“ нема да увезува и испорачува природен гас до потрошувачите од Нова година

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Бизнисот на задоволството“ доби награда за најдобар долгометражен филм на фестивал во САД

Филмот „Бизнисот на задоволството“ на авторот Гоце Цветановски ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „Риверсајд Филм фестивал“ во Калифорнија, САД. Фестивалот, што се одржа од 10 до...