недела, 12 април, 2026
Meta.mk

Ознака: природен гас | 47 резултати

Мета факт: ТЕЦ „Неготино“ не проработе на природен гас, од Владата прстот го вперуваат во енергетската криза

август 15, 2023

Владиното ветување за трансформација и прилагодување на термоелектрана „Неготино“ за производство на електрична енергија од природен гас не е исполнето до денешен ден. Овој енергетски капацитет и понатаму го користи нееколошкиот мазут за да произведува струја, за што реагираа и екологистите од CEE Bankwatch Network. Од Владата признаваат дека роковите се пробиени, но додаваат дека […]

ЕСМ и за април ќе набавува природен гас од Макпетрол

март 23, 2023

ЕСМ Продажба денеска соопшти дека донела одлука за избор на набавувач на природен гас за месец април за потребите на топланите Исток, Запад, Енергетика и Скопје Север, како и за други стопански субјекти кои се снабдуваат преку ЕСМ Продажба. Добавувач ќе биде фирмата Макпетрол, а природниот гас за април ќе се набави по фиксна цена […]

Мета-факт: Не се гасифицирале 3.000 домаќинства за две години

февруари 28, 2023

Нема нови 3.000 домаќинства кои се поврзани на гасоводната мрежа и кои добиле можност природниот гас да го користат за затоплување на домовите. Амбициозната цел поставена во Планот за чист воздух, кој требаше да се реализира до 2020 година, како одговор на екстремното загадување на воздухот во земјава, не е ниту блиску до реализација. Според […]

ЕСМ за март ќе набавува гас за работа на топланите од Макпетрол

февруари 25, 2023

Државното акционерско друштво Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) донесе одлука да ја избере компанијата Макпетрол за набавка на природен гас за март 2023 година за потребите на топланите Исток, Запад, Енергетика и Скопје Север, како и за други стопански субјекти кои се снабдуваат преку ЕСМ Продажба. Природниот гас за март ќе се набави по цена […]

ЕСМ Продажба е новиот снабдувач со природен гас преку „Балкан Утилитис“ од Бугарија

декември 28, 2022

ЕСМ Продажба денеска потпиша договор за снабдување со природен гас за производство на топлинска енергија за топланите Исток, Запад, Енергетика и Скопје Север, како и за останатите потрошувачи на природен гас во државата, соопштија оттаму. Потрошувачите на природен гас во државата потребно е да се обратат до ЕСМ Продажба за понатамошно снабдување за своите потреби […]

Бектеши: Снабдувањето со природен гас ќе продолжи, не може 30 години да има само еден снабдувач

декември 26, 2022

На јавниот повик на ЕСМ за снабдување со природен гас досега има пристигнато две понуди, но ги повикуваме заинтересираните страни и сите што имаат можност да снабдуваат со природен гас во нашата држава да достават понуди до крајот на денот, порача економија Крешник Бектеши, на денешната прес-конференција на која се презентираше новиот буџет на министерството […]

ВМРО-ДПМНЕ обвинува за висока цена на набавениот гас, ЕСМ со реакција против фирмата на Мицкоски

декември 24, 2022

Потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Димитриеска Кочоска денеска ја обвини владата дека земјава плаќала набавка на природен гас по цени и до 1.950 евра за 1.000 нормални метри кубни, а просечната цена по која бил набавуван од почетокот на грејната сезона е 1.560 евра. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно се понудија со позиции и контакти кои […]

Откако „Макпетрол“ се откажа, ЕСМ со нов повик за избор на компанија што ќе ја снабдува земјава со гас

декември 23, 2022

Откако „Макпетрол“ вчера информираше дека од 1 јануари нема да увезува и испорачува природен гас на неговите потрошувачи, државната компанија ЕСМ Продажба денеска информира дека објавила повик за прибирање понуди од домашни и странски компании кои имаат можност да обезбедат и да испорачаат потребна количина на природен гас за производство на топлинска енергија за топланите […]

ГА-МА реагира на „Макпетрол“: Имаше доволно време да ги информирате корисниците

декември 22, 2022

По соопштението од „Макпетрол“ АД Скопје денеска, дека од 1 јануари, повеќе нема да увезува и да им испорачува природен гас на неговите потрошувачи, како и поплаката од оваа компанија дека се недефинирани условите за работа за снабдувањето потрошувачи со гас, реагираше државното претпријатие „ГА-МА“ АД. Од таму велат дека во насока на либерализација на […]

Топлото време и штедењето нè спаси од увоз на скапа струја, топланите пробно ќе работат на дизел

ноември 3, 2022

Милиони евра се заштедени во текот на октомври и првата недела од ноември како последица на зголеменото производство на електрична енергија од домашните енергетски капацитети, штедењето на струја од граѓаните и институциите и топлото време периодов. АД ЕСМ планира да почне со увоз на струја од странство по цена од 215 евра за мегават час […]

ЕСМ бара конечни понуди за набавка на гас од три компании за скопското парно во ноември

октомври 25, 2022

На една недела од 1 ноември, од Електростопанство на Северна Македонија (ЕСМ) информираат дека од три компании ќе бараат да ги допрецизираат своите информации кои ги испратиле како понуди за набавка на гас за работењето на скопските топлани во ноември. АД ЕСМ преку ЕСМ Продажба ДООЕЛ Скопје ќе бара од трите компании да достават конечни […]

ЕСМ ќе купува гас за шест месеци за да работи скопското парно, дизелот засега е алтернатива

октомври 20, 2022

Електростопанство на Северна Македонија (ЕСМ) утре очекува да пристигнат повеќе понуди од заинтересирани компании за набавка на природен гас за производство на топлинска енергија во Скопје. Ќе се набавува гас за работењето на топланите „Исток“, „Запад“ и „Север“, но се чекаат понуди за гас и за функционирањето на комбинираната електрана ТЕ-ТО. За ова денеска информираше […]

Бугарија од 1 октомври ќе започне да се снабдува со гас од Азербејџан

август 12, 2022

Бугарија планира да отпочне со снабдувањето со природен гас од Азербејџан од 1 октомври годинава, изјави денеска министерот за енергетика во службената влада Росен Христов, пренесува Бугарското национално радио.  Бугарскиот претседател Румен Радев денеска организираше средба со изведувачот на новиот гасен интерконектор меѓу Бугарија и Грција, при што компанијата „Авакс“ ветила дека преостанатите градежни работи […]

Бектеши: Енергетски најтешката зима е пред нас, очекувам да нема рестрикции доколку сè оди според планот

јули 22, 2022

Очекуваме тешка зима и затоа Министерството за економија планира во август да прогласи кризна состојба во делот на електричната енергија, најави денеска ресорниот министер Крешник Бектеши на брифинг со новинарите и порача дека нe очекува да има рестрикции доколку сè се одвива според планот. „Планираме да ја ставиме во функција Комисијата согласно Законот за енергетика […]

Бугарија договори гас од САД по цени пониски од руските

мај 11, 2022

Бугарскиот премиер Кирил Петков договорил достава на течен гас од САД за Бугарија по цени пониски од оние на „Газпром“, соопшти Службата на информирање на бугарската влада по средбата на Петков со американската заменик-претседателка Камала Харис. Доставата ќе почне во јуни, а засега нема информации за конкретните цени и обемот на доставата, пренесува бугарски „Медиапул“. […]

Почна изградбата на терминалот за природен гас во Грција, Србија сака гасно поврзување со нашата земја

мај 3, 2022

Со свечена церемонија, денеска во грчкиот град Александруполи започна изградбата на терминалот за течен природен гас (ЛНГ). На настанот присуствуваа претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, премиерите на Грција Киријакос Мицотакис, на Северна Македонија Димитар Ковачевски и на Бугарија Кирил Петков, како и српскиот претседател Александар Вучиќ. Терминалот ќе претставува нова енергетска порта, која што […]

Бектеши и „Макпетрол“ велат дека нема прекин во снабдувањето со гас во земјава

април 27, 2022

Снабдувањето на Северна Македонија со руски гас преку „Гаспром“ не е прекинато, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши, по прекинот на снабдување со гас на Бугарија. Бектеши на прес-конференција потврди дека прекинот на испорака кон Бугарија и Полска не е поврзано со земјава и информира дека трговците со гас во земјава, ГА-МА и НЕР, […]

Газпром вели дека ги прекинува испораките на гас за Бугарија и Полска, Петков не прифаќа рекет од Русија

април 27, 2022

Руската државна компанија Газпром соопшти дека ја прекинува испораката на гасот за Бугарија и Полска откако двете земји одбиле да плаќаат за испораките во руски рубљи, јавува Јуроњуз. Од Газпром предупредуваат дека ако двете земји се обидат да повлечат од транзитниот гас кон другите европски потрошувачи, тогаш за идентичен обем ќе биде намалена испораката на […]

САД забранија увоз на руска нафта, гас и јаглен, европските лидери повнимателни

март 9, 2022

Американскиот претседател, Џо Бајден вчера објави дека САД забрануваат увоз на руска нафта, природен гас и јаглен, што пак денеска беше поздравено од украинскиот претседател Володимир Зеленски, јавува Би-би-си. Сепак, европските лидери се повнимателни кон украинското барање да се сопре со увозот на руските енергенси, откако Русија изврши воена инвазија на Украина. Британскиот премиер Борис […]

За да нема прекин на гас во регионот, Гастрејд ќе гради пловечка единица за складирање и ре-гасификација

март 2, 2022

Гастрејд до Регулаторната управа за енергетика на Грција поднел барање за нова лиценца за изведба на самостоен систем за природен гас (INGS), информираат од компанијата. Новиот проект „Thrace INGS“ ќе се состои од пловечка единица за складирање и ре-гасификација и ќе се развива на Тракиското Море, покрај брегот на грчкиот град Александрополис. „Пловечката единица за […]

Страна 1 од 3