fbpx

ВМРО-ДПМНЕ обвинува за висока цена на набавениот гас, ЕСМ со реакција против фирмата на Мицкоски

-

Потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Димитриеска Кочоска денеска ја обвини владата дека земјава плаќала набавка на природен гас по цени и до 1.950 евра за 1.000 нормални метри кубни, а просечната цена по која бил набавуван од почетокот на грејната сезона е 1.560 евра.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно се понудија со позиции и контакти кои биле во можност да обезбедат гас за Македонија по поволни услови за државата.

ВМРО-ДПМНЕ понуди позиции и контакти кои се во можност да обезбедат гас за Македонија по поволни услови за државата. Тие повторно ја нудат швајцарската компанија, која до ЕСМ Продажба доставила документ на кој се гледа дека нудат цена за 1.000 нормални метри кубни гас за 850 евра. Оваа цена би била фиксна и би важела за периодот од ноември до крајот на април

„Цената понудена од контактот даден од ВМРО-ДПМНЕ е за неколку стотина евра пониска од берзанската. Истата овозможува сигурност и предвидливост и за државата и за економијата и би не штитела од евентуални потреси на пазарот на енергенси во зимскиот период кога цените поучени од минатата година може да одат и над 3.000 евра за 1.000 нормални метри кубни гас“, вели Димитриеска Кочоска.

Од АД ЕСМ денеска реагираат на прозивките од ВМРО-ДПМНЕ, кои деновиве ги прави преку нејзините партиски потпретседатели. Од државната компанија информираат дека фирмата на Христијан Мицкоски од Швајцарија никогаш не доставила комплетна понуда за испорака на природен гас до земјава.

„Наведената фирма никогаш не достави комплетна документација и не ги приложи потребните референци задолжителни за сите понудувачи. Со фирмата беше потпишан само првичен EFET договор, кој е стандарден договор меѓу страните на европскиот пазар за енергенси, а кој е невалиден без дополнително доставена конкретна понуда на количини, потекло, испорака и банкова гаранција. Наведената фирма беше директно контактирана од одговорни лица од АД ЕСМ, беше повикувана на неколку огласи за набавка на природен гас и од наша страна се правеа обиди да се дојде до комплетна понуда која може да се разгледа согласно објавата за набавка“, реагираат од АД ЕСМ.

Од Електростопанство на Северна Македонија додаваат дека до поднесување на комплетна понуда не дошло, а дополнително биле известени од швајцарската компанија и дека за еден одреден период фирмата воопшто не била во можност да испорача гас.

АД ЕСМ сериозно забележува на обидите да се изнесуваат извртени информации кои не ги прикажуваат точно настаните што се случиле.

„Апелираме до претставниците на политичките партии да не го вовлекуваат АД ЕСМ во невистинити искази при своите јавни настапи, и со тоа да ги омаловажуваат трудот и жртвата вложени од сите вработени кои деноноќно работат за да обезбедат електрична енергија и топлинска енергија за граѓаните и целото општество, во услови на енергетска криза со каква досега не сме се соочиле како регион, и пошироко во европски рамки“, се вели во реакцијата од АД ЕСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Метаморфозис се приклучува на осудите на физичкиот напад над новинарката на хрватски Фактограф

Фондацијата Метаморфозис, како членка на Европската мрежа за стандарди при проверката на факти (EFCSN), и на Меѓународната мрежа за проверка на факти (IFCN) се приклучува на осудите на нападот на новинарката...