fbpx

ЕСМ за март ќе набавува гас за работа на топланите од Макпетрол

Со оглед на тоа што најниска фиксна цена понуди фирмата Макпетрол, донесена е одлука за избор на Макпетрол за добавувач на природен гас за март, велат од АД ЕСМ

-

Државното акционерско друштво Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) донесе одлука да ја избере компанијата Макпетрол за набавка на природен гас за март 2023 година за потребите на топланите Исток, Запад, Енергетика и Скопје Север, како и за други стопански субјекти кои се снабдуваат преку ЕСМ Продажба. Природниот гас за март ќе се набави по цена од 60,10 евра за мегават-час, информираат од ЕСМ.

Јавниот повик траеше од 21 до 24 февруари и беше отворен за сите домашни и странски компании регистрирани за дејноста. АД ЕСМ побаруваа испорака на 1.200 до 2.380 MWh количини гас дневно. На повикот пристигнаа три финансиски понуди без ДДВ од Макпетрол АД (крајна фиксна цена од 60,10 евра за MWh), Balkan Utilities од Бугарија (крајна фиксна цена од 67 евра за MWh) и Actael од Бугарија (крајна фиксна цена од 78 евра за MWh).

Со оглед на тоа што најниска фиксна цена понуди фирмата Макпетрол, донесена е одлука за избор на Макпетрол за добавувач на природен гас за март.

„Ние како АД ЕСМ тоа го поздравуваме, и го поддржуваме фактот што Макпетрол одлучи да учествува на повикот, да достави понуда со фиксна цена, и да достави најповолна понуда. Во интерес и на државата е домашна компанија да снабдува со природен гас во толку значајни количини, капиталот да останува тука, и добивката да ја дели со своите вработени и акционери“, изјави директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски.

Тој потенцираше дека ЕСМ Продажба и во овој трет по ред јавен повик ги задржа истите услови за кои претходно беа критикувани, тврдејќи дека останале доследни, го испочитувале законот и поширокиот интерес.

„На крај, за нас како државни институции е професионално задоволство сознанието дека реалната либерализација на пазарот од 1 јануари, доведе до конкуренција на пазарот со снабдување со природен гас, што очигледно резултира со намалување на цените и ставање крај на плаќањето одредена цена диктирана од постоењето на само една понуда“, изјави Ковачевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...