вторник, 19 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Макпетрол | 47 резултати

ЕСМ: Парно греење ќе има, гас набавен за цел декември од Макпетрол и ТЕ-ТО

ноември 30, 2022

АД ЕСМ се огласи со соопштение за граѓаните на Скопје дека испораката на топлинска енергија тече непречено и дека така и ќе продолжи и во следниот период. За цел декември е обезбеден природен гас од МАКПЕТРОЛ ПРОМ-ГАС, како и потребното дополнително количество од ТЕ-ТО. АД ЕСМ вели оти продолжува со практиката за набавка на природен […]

Руски гас преку бугарски гасовод – засега најопиплива опција за млаки радијатори

октомври 18, 2022

Засега, Владата нема сигурна алтернатива за набавка на гас за затоплување на домовите преку централно парно греење, освен набавка на природен гас од руската државна компанија „Газпром“ преку гасоводот кој доаѓа од Бугарија до Куманово. Судејќи според крајот на минатата грејна сезона, а имајќи ја предвид непредвидливоста на руската енергетска политика, ниту таа опција не […]

Плаќаме најскап метан во соседството иако „Газпром“ за февруари ја намали цената за околу 13 отсто

февруари 8, 2022

Руската компанија „Газпром“ со „Макпетрол“ постигнале договор за намалување на цената на метанот (компримираниот природен гас – ЦНГ) за околу 13 отсто во земјава. Па така, наместо 110 денари за килограм, од вчера на бензинските станици на „Макпетрол“ еден килограм метан може да се набави за 96 денари за килограм. Проблемот со метанот во земјава […]

Со руски гас, БЕГ сака да ги „загрее“ скопјани со тројно поскапо парно

декември 29, 2021

Околу 56.000 корисници на централното парно греење во Скопје од 1 јануари би можеле да добијат енормно зголемени сметки, бидејќи БЕГ доставил барање до Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) цената на градското парно да се зголеми за 300 отсто. Од Балкан енерџи груп го бранат ваквото поскапување со огромното зголемување на цените на природниот гас […]

Државата го откупи гасоводот, решен деценискиот спор меѓу Макпетрол и Владата

декември 29, 2020

Собранието со 60 гласа „за“, 30 „против“ и без воздражни го донесе Законот за решавање на спорот помеѓу Владата и Макпетрол по пат на спогодба. Макпетрол и државата водеа спор за тоа кој има поголем удел во гасоводот, повеќе од 12 години. Во ноември 2019 година, Макпетрол АД Скопје и македонската Влада побараа медијација во […]

Пратениците ќе одлучуваат за спогодбата меѓу Владата и „Макпетрол“ за сопственоста врз гасоводниот систем

ноември 3, 2020

На дневен ред на денешната седница на Собранието по скратена постапка е ставен предлог-законот за решавање на спорот помеѓу Владата и „Макпетрол“ за гасоводниот систем по пат на спогодба. Со неа, „Макпетрол“ се обврзува да ја понуди на продажба својата акција во ГА-МА АД на Владата за цена од 32.773.905 евра за што двете страни […]

Владата ја изедначи цената на акцизата на екстра-лесното масло со онаа на дизелот

јуни 23, 2020

Владата на вчерашната седница донесе одлука за изедначување на акцизата на екстра-лесното масло за домаќинство со акцизата на дизел горивото. Таа донесе изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за акцизите за време на вонредна состојба, со кои се изедначи акцизата на маслото за греење со акцизата на дизелот, кој […]

„Макпетрол“: Подготвени сме да ја потпишеме спогодбата со што ќе се реши прашањето со „ГА-МА“

мај 28, 2020

„Макпетрол“ АД Скопје ги донесе сите соодветни одлуки и е подготвен да пристапи кон потпишување на спогодбата со што ќе се реши прашањето со ГА-МА, се вели во одговорот на компанијата во врска со текстот на „Мета.мк“, под наслов „Недовршениот договор помеѓу Владата и Макпетрол за „ГА-МА“ може да предизвика проблеми во гасификацијата“. Од компанијата додаваат […]

Недовршениот договор помеѓу Владата и Макпетрол за „ГА-МА“ може да предизвика проблеми во гасификацијата

мај 28, 2020

Иако Владата уште на 19 декември ја усвои Одлуката за одобрување на средства од буџетот за 2019 година за купување на делот на „ГА-МА“ АД Скопје, законската обврска за раздвојување на дејностите, и превземањето на акциите уште не е реализирана бидејќи сè уште не е финализиран договорот помеѓу Владата и „Макпетрол“, кој треба да го […]

Владата одвои 31 милион евра од буџетот за да го купи делот на „ГА-МА“ од „Макпетрол“

декември 19, 2019

Владата, во рамките на продолжението на работата на 171 редовна седница, ја усвои Одлуката за одобрување на средства од буџетот за 2019 година за купување на делот на „ГА-МА“ АД Скопје. „Со оваа одлука средствата од буџетот за 2019 година, во висина од 1.930.000.000 денари (31,382,114 евра) ќе бидат уплатени на буџетот на посебна наменска […]

„Макпетрол“ ќе ѝ го продаде на Владата својот дел од сопственоста на „ГА-МА“

ноември 15, 2019

„Макпетрол“ АД Скопје и македонската Влада побараа медијација во Центарот за решавање на спорови на Енергетската заедница заради конечно, законито и правично регулирање на своите сопственички односи во „ГА-МА“ АД Скопје, во согласност со Законот за енергетика и со Третиот енергетски пакет, кој е инкорпориран во Законот, соопшти „Макпетрол“ преку Македонска берза. „Со целосна поддршка […]

Државата со 32 милиони евра сака целосно да ја преземе контролата врз гасводот „ГА-МА“

септември 4, 2019

Државата сака да стане целосен сопственик на компанијата за пренос на природен гас „ГА-МА“, во кој засега има една акција, и една акција поседува „Макпетрол“, со кој имаат долгогодишен судски спор. Премиерот Зоран Заев информираше дека постапката на договарање со „Макпетрол“ се уште трае, но правно постапките во Државно правобранителство биле завршени, и се прават […]

Трговците со нафтени деривати бараат двојно повисок профит

мај 22, 2019

Во исчекување на новата методологија за фомирање на цените на нафтените деривати во земјава која според Регулаторната комисија за енергетика би требало да биде готова до крајот на неделава се поставуваат прашањата кои се компаниите кои би можеле најмногу да добијат или да изгубат од новите правила и дали се можни притисоци врз регулаторите со […]

Големите играчи решија да не си конкурираат со цените на бензините (инфографик)

мај 14, 2019

„Макпетрол“ и „Лукоил“, како компании кои се сметаат за големи играчи во бизнисот со нафтени деривати, од денеска понудија идентични цени на горивата иако цената веќе не се определува од страна на Регулаторната комисија за енергетика. Според познавачите, идентичните цени на двете компании значи дека компаниите од нафтениот бизнис користат исти методологии за пресметка на […]

„Макпетрол“ промовираше апликација за полесно наоѓање на бензинските станици

август 1, 2018

Компанијата „Макпетрол“ промовираше апликација „Верна гоу“ (Verna Go) која на граѓаните и туристите ќе им даде сервисни информации за најблиската бензиска станица, услугите кои ги нуди, видовите на гориво кои ги има, цената на горивата и слично. Таа е достапна за сите корисници на „андроид“ и „иос“, функционира и без користење на интернет, а достапна […]

Општините лани склучиле договори за јавни набавки во вредност од 80 милиони евра

јули 18, 2018

Вкупната вредност на јавните набавки на општините во Македонија лани изнесувалa 80 милиони евра, а биле реализирани 2.737 јавни набавки, покажува базата на податоци со сите набавки на општините во 2017 година, изработена од Центарот за граѓански комуникации. Трошоците за јавни набавки по жител изнесуваат 2.401 денари. Општина која склучила најмногу јавни набавки е Град […]

КХВ: „Балкан петролеум“ не може да даде понуда за преземање на „Макпетрол“

декември 29, 2017

Комисијата за хартии од вредност (КХВ), на денешната седница одлучи, на „Балкан петролеум“ да не му се издаде дозвола за давање понуда за преземање на „Макпетрол“, соопштуваат од таму. Ваквата одлука, Комисијата ја донела откако на 18 декември, со допис од страна на друг државен орган, била известена дека, претходно е решено прашањето за случајот. […]

Јосифовски: Случајот со преземањето на „Макпетрол“ сè уште е заглавен во КХВ

септември 19, 2017

Случајот со компанијата „Макпетрол“ и обидот за преземање од страна на „Балкан петролеум“ е заглавен во Комисијата за хартии од вредност, информираше денеска претседателот на управниот одбор на „Макпетрол“, Андреја Јосифовски, на прес-конференцијата по повод 70 години од постоењето на компанијата. Според него, во нормална правна држава, понудата од оваа компанија веднаш би била отфрлена […]

Ограбена бензинска пумпа на „Макпетрол“

март 5, 2017

Непознато маскирано лице рано изутрината во 3.20 часот со закана со пиштол ограбило бензинска пумпа на „Макпетрол“, на улицата Кемал Сејфула во Скопје, при што од вработениот го одзело дневниот пазар, а потоа избегало. Како што информира МВР, се преземаат мерки за откривање и за пронаоѓање на сторителот, како и за целосно расчистување на грабежот.

КХВ побара од „Балкан петролеум“ дополнителна документација за купување на „Макпетрол“

јули 18, 2016

Комисијата за хартии од вредност (КХВ) побара од компанијата „Балкан петролеум“, понудувачот за купување на „Макпетрол“, да достави дополнителна документација пред да донесе конечна одлука дали ќе дозволи преземање на најголемата македонска нафтена компанија. Во наредниот период компанијата „Балкан петролеум“ треба да ги обезбеди дополнителните документи, а потоа КХВ ќе се изјасни дали досието е комплетирано. […]

Страна 1 од 3