Грчката државна гасна компанија треба да ѝ плати 100 милиони евра на „Газпром“

Оваа опција е содржана во договорот, но руската страна не е должна да ја исполни

Повеќе од сто милиони евра грчката државна гасна компанија ДЕПА ќе треба да му плати на рускиот гигант „Газпром“. Ова е во согласност со клаузулата „земи или плати“, која е составен дел од спогодбата меѓу двете компании, откако намалувањето на потрошувачката во 2014 година оневозможи да бидат прифатени количествата договорени во март.

Оваа опција е содржана во договорот, но руската страна не е должна да ја исполни. ѝ