вторник, 21 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Атина | 168 резултати

Во Грција беснеат шумски пожари, властите евакуираа 1.200 деца

јули 18, 2023

Се интензивира пожарот кој пеплоса шуми северно од Атина, додека пожарите на југоисток и на запад ослабнаа во текот на ноќта, соопштија грчките власти, пренесе Ројтерс. Пожарот што неконтролирано беснееше изгоре шума во областа Дервенохорија на околу 30 километри северно од Атина, изјави претставник на противпожарната служба. Уште еден пожар што прво избувна вчера во […]

Едно лице е повредено и неколку згради се оштетени во експлозија во центарот на Атина

јануари 26, 2022

Едно лице е повредено, а неколку згради се оштетени од експлозија во центарот на Атина, што доведе до пожар рано изутрината, изјавија официјални лица и очевидци за грчките медиуми. Лицето кое се здобило со изгореници било пренесено во болница, изјави за ТВ Скај, Јоргос Матиопулос, шеф на Националниот центар за итна помош. Експлозијата ги искрши […]

Во Солун и во Атина состојбата се нормализира по силните дождови

октомври 15, 2021

Од утрово метрото и трамваите во Атина повторно сообраќаат, а некои од клучните сообраќајници што вчера беа затворени поради поплавување исто така од утрово се отворени за сообраќај. Во Солун и на островот Евија состојбата исто така беше многу лоша, таму некои луѓе мораа да бидат спасувани. На планината Грамос падна првиот снег. Се очекува […]

Пендаровски: Имплементацијата на Преспанскиот договор е клучна за севкупен напредок во билатералните односи

октомври 5, 2021

Претседателот Стево Пендаровски е во официјална посета на Грција, каде што оствари средби со претседателката Катерина Сакеларопулу и премиерот Киријакос Мицотакис. „Остварив средби со претседателката и со премиерот. Најважно од двете средби да издвојам е дека двете страни искажаа дека Преспанскиот договор ќе го почитуваат, дека важи и дека сакаат целосно почитување. Јас потенцирав дека […]

Генерал Ѓурчиновски на состанок на Воениот комитет на НАТО во Атина

септември 18, 2021

Началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, кој се наоѓа во Република Грција денес во Атина учествува на редовното заседание на Воениот комитет (ВК) на НАТО, во формат на началници на Генералштабови. Како што соопштија од Генералштабот, на ова заседание, началниците на Генералштабови на Армиите на 30-те земји-членки ќе дискутираат за стратегиски прашања поврзани со операциите, […]

Судири на демонстранти и полицијата на протестот во Атина против вакцинација на медицинарите

август 30, 2021

Големиот протест вчера вечер што се одржа во Атина мина во знакот на судири на некои демонстранти со полицијата, при што се користеше и солзавец. Околу 7.000 луѓе се собраа вчера во центарот на главниот град на Грција за да протестираат против задолжителната вакцинација против ковид-19 на здравствените работници. Од среда, оние здравствени работници што […]

Грчки поп изведен на црковен суд, им фрли киселина в лице на седум владици што го судеа

јуни 24, 2021

Поп, односно свештеник на Грчката православна црква, е уапсен по крајно брутален напад на седуммина владици што го разгледуваа неговиот случај во рамките на Црковниот суд во Атина, главниот град на Грција. Како што известија медиумите, 36-годишниот поп фрлил киселина в лице на седуммина владици во текот на дисцииплинската постапка против него, а настрадал и […]

Заев од Атина: Американската компанија „TEXAN & Envipco“ која работи во Грција донесе одлука да инвестира и во Северна Македонија

мај 14, 2021

Зоран Заев, заедно со заменик-претседателот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи одржаа средба со претседателот на грчко-американската комора АмЧам, Николаос Бакацелос и со претставници на компании членки на комората. „На средбата на премиерот Заев му беше соопштена донесената одлука на компанијата „TEXAN & Envipco“ за отворање на фабрика во […]

Димитров: Невозможно е да се одржува европската перспектива ако ЕУ не си ги исполнува ветувањата

мај 14, 2021

Во рамките на дводневната работна посета на Атина, вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на економскиот форум Делфи имаше обраќање претпладнево, на панел заедно со Еврокомесарот за добрососедска политика и проширување, Оливер Вархеји. Во рамки на дебатата посветена на ЕУ и Западниот Балкан „Остварување на долгоочекуваното ветување“, беа отворени прашања за изгледите за спроведување на […]

Варвициотис: Не поддржуваме било какво раздвојување на Северна Македонија и Албанија

мај 13, 2021

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров го започна своето учество на 6. Економски форум Делфи со панел на тема „Дипломатијата на малите држави во комплексниот поредок“. На сесијата на која покрај Димитров учествуваа и кипарскиот министер за надворешни работи Никос Христодулидес и грчкиот заменик министер за надворешни работи за ЕУ, Милтиадис Варвициотис, се дискутираше […]

Грчки новинар во Атина изрешетан со 10 куршуми, сомнежите насочени кон организираниот криминал

април 11, 2021

Новинарот Јоргос Караиваз бил брутално убиени пред неговиот дом во јужна Атина во петокот, со 10 куршуми, а според грчкиот заменик-министер за цивилна заштита, Лефтерис Иконому, веројатно зад убиството стојат припадници на организираниот криминал. Говорејќи на грчата државна телевизија ЕРТ, Иконому сугерираше дека постои врска меѓу убиството и организираниот криминал, потсетувајќи дека во изминатите три […]

Мицотакис го промовираше проектот „Пиркал“ – нов огромен парк и административен центар во Атина

април 5, 2021

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис викендов во Атина го презентираше капиталниот проект „Пиркал“, со кој се предвидува изградба на огромен парк и ново административно седиште на Атина со вкупна површина од речиси 490.000 метри квадратни. Од нив, за изградба на парковска површина се предвидени околу 32,4 хектари (324.000 метри квадратни) од локацијата на некогашната фабрика „Пиркал“. […]

„Ејжиан ерлајнс“ од 15 февруари повторно ќе лета меѓу Атина и Скопје

февруари 8, 2021

Грчката авиокомпанија „Ејжиан ерлајнс“ планира повторно да ја воспостави авиолинијата меѓу Атина и Скопје од 15 февруари годинава. Летовите ќе се одржуваат два пати неделно, а авионските билети веќе се пуштени во продажба на веб-страницата на оваа авиокомпанија. Плановите се авиолинијата меѓу двата града да се одржува со авионот АТР-42 со 48 седишта. Резервацијата за […]

Во Грција се шират дезинформации за наводен текст на Сократ

септември 25, 2020

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести,  што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот, но и […]

Средба Заев – Мицотакис: Грција останува силен лобист и поддржувач на нашата земја во преговорите со ЕУ

септември 16, 2020

Премиерот на Република Северна Македонија Зоран Заев во рамките на својата дводневна посета на Грција, денеска во Атина имаше работна средба со премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис. Како што соопштија од владиниот кабинет, на неа меѓу другото, било истакнато дека со Договорот од Преспа, РСМ и Грција создадоа модел за успешно решавање на отворените прашања […]

Грчката авиокомпанија „Ејџиан“ ги прекинува летовите меѓу Атина и Скопје на неодредено време

август 6, 2020

Грчката авиокомпанија „Ејџиан ерлајнс“ ги прекина летовите меѓу Скопје и Атина на неодредено време. По затворањето на Меѓународниот аеродром Скопје кон средината на март годинава, од компанијата најпрво излегоа со официјален став дека летовите ќе ги возобноват на почетокот од септември годинава, но во меѓувреме одлуката за летовите меѓу двата главни града е променета, пишува […]

И грчката и нашата јавност „бомбардирани“ со дезинформации за Договорот од Преспа

март 29, 2019

Патот до надминување на деценискиот проблем меѓу двете држави не беше лесен, а лажните вести беа моќна алатка на непријателите на Договорот од Преспа, порача министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, на денешната грчко-македонска конференција „Лажни вести за Договорот од Преспа“, која се одржува денеска во Атина. На почетокот на настанот, во кој […]

Димитров во Атина се сретна со претседателот на грчкиот парламент Вуцис

март 15, 2019

На првиот ден од својата работна посета на Атина, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, оствари средба со претседателот на грчкиот парламент, Николаос Вуцис. На средбата, како што информираат од Министерството за надворешни работи, соговорниците го изразиле своето задоволство од завршувањето на внатрешните процедури во двете земји во контекст на ратификацијата на Договорот од Преспа […]

Ципрас: Првиот договор со новото име на соседот да биде за брза пруга со Грција и Србија

декември 21, 2018

Грчкиот премиер Алексис Ципрас од Белград, каде е на официјална посета и средба со српскиот државен врв, твитна дека со претседателот на Србија, Александар Вучиќ разговарале за тространа соработка со Македонија во полињата на транспортот, енергетиката, трговијата, како и за полициска соработка. Меѓу другото, тој најави и изградба на брза железница меѓу Атина и Будимпешта. […]

Делегација на Стопанска комора утре на бизнис-форум во Атина

ноември 29, 2018

Делегација на Стопанската комора на Македонија, утре ќе учествува на еднодневен бизнис-форум во Атина и на билатерални средби помеѓу македонски и грчки стопанственици, информираат од таму. Настанот, Комората го организира во соработка со Атинската трговско-индустриска комора, во насока на интензивирање и зголемување на економската соработка помеѓу двете држави. Во делегацијата ќе учествуваат компании-членки на Комората од […]

Страна 1 од 9