fbpx

Радев застана зад „Лукоил“, бара Уставниот суд да го преиспита одземањето на рафинеријата во Бургас

Владејачката коалиција на ГЕРБ и Продолжуваме со промените-Демократска Бугарија го обвинија Радев дека со потегот не го штити националниот интерес на Бугарија

-

Бугарскиот претседател Румен Радев поднесе жалба до тамошниот Уставен суд поради одлуката на парламентот во Софија за предвремено раскинување 35-годишната концесија за нафтеното пристаниште „Розенец“ што е потпишано со руската компанија „Лукоил“, пишува Mediapool.bg.

Владејачката коалиција на ГЕРБ и Продолжуваме со промените-Демократска Бугарија го обвинија Радев дека со потегот не го штити националниот интерес на Бугарија, туку влева страв во земјата.

Одлуката за одземање на концесијата на „Лукоил“ за пристаништето во Бургас беше донесена од бугарското собрание пред две недели, со гласовите на двете најголеми коалиции во парламентот. Тогаш проруската партија „Преродба“ најави дека ќе поднесат жалба до Уставниот суд за донесената одлука, но претседателот Радев ги претрка во искористувањето на оваа можност.

„Одлуките во областа на енергетиката секогаш мора да почиваат на потребата од сигурност и континуитет во снабдувањето со суровини и гаранција за пристапни цени за граѓаните и индустријата. Цената за избрзаните и непромислени одлуки секогаш се плаќа од џебовите на оние кои се принудени да ги сносат ваквите последици“, напиша претседателот Радев до Уставниот суд, додавајќи дека прекинувањето на концесијата на „Лукоил“ не само што било во спротивност со Уставот, туку и „пример за неодговорен однос кон државата и граѓаните“.

Од владејачката коалиција Продолжуваме со промената-Демократска Бугарија го обвинија претседателот Радев дека влева страв меѓу населението и ги брани „интересите поинакви од бугарскиот национален интерес“.

„Бугарскиот интерес е клучните пристаништа да бидат управувани од државата, а секој што сака да ги користи треба да плати такса. Ризик за националната безбедност е давање под закуп на стратешки пристанишни локации на странски приватни компании, поради меѓународните санкции“, велат од Продолжуваме со промената-Демократска Бугарија.

Од владејачката коалиција додаваат дека Бугарија како членка на ЕУ е обврзана да ги спроведе мерките против режимот на Владимир Путин, кои вклучуваат забрана за концесија на стратешки национални ресурси за субјекти основани во Русија.

„Потсетуваме дека тоа беше преодната влада назначена од г-дин Радев кои одбија да ги почитуваат овие мерки и без аргументи, тајно и експресно, ја оставија на сила отстапката во корист на „Лукоил“ и покрај европските санкции“, додаваат од коалицијата.

Од ПП-ДБ посочуваат дека не може да стане збор за избрзани дејствија, бидејќи веќе во јануари 2023 година, по темелна јавна расправа, бугарскиот парламент изгласа предлог-закон со рок за раскинување на концесијата, кој повторно не беше испочитуван со месеци од преодните влади, назначени исклучиво од претседателството на Радев.

Според ПП-ДБ, ставањето на пристаништето „Розенец“ под државна контрола ќе ѝ овозможи на државата да одредува такси според состојбата на пазарот и да се грижи за интересите на бугарските граѓани, без да го наруши нормалното функционирање на рафинеријата.

Можноста државата да ја откаже концесијата на „Лукоил“, на која му е доделено нафтеното пристаниште „Розенец“, беше прифатена од бугарскиот парламент. Тоа е дел од политиките на европско ниво наметнати по почетокот на руската воена агресија во Украина. Според усвоените текстови, бугарското Министерство за транспорт треба да го преземе оперативното управување со пристаништето две недели по раскинувањето на договорот за концесија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...