понеделник, 15 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: лукоил | 14 резултати

„Лукоил“ го продава својот имот во странство на „Гунвор груп“

октомври 30, 2025

Рускиот производител на нафта „Лукоил“ денеска објави дека ја прифатил понудата од трговецот со енергија „Гунвор груп“ за купување на неговата меѓународна единица „Лукоил Интернешнл“, се вели во соопштението на компанијата. Од компанијата, која заедно со своите меѓународни подружници се најде под санкции, заради војната во Украина, соопштува дека клучните услови на трансакцијата се претходно […]

Дали и „Лукоил“ во Македонија потпаѓа под новите американски санкции?

октомври 24, 2025

Канцеларијата за контрола на странски средства (ОФАЦ), во рамките на Министерството за финансии на САД, во четврток воведе санкции врз руските компании „Роснефт“ и „Лукоил“, пренесува Независен. Како причина, ОФАЦ наведе дека „Русија не покажува сериозна посветеност на мировен процес што би ја завршил војната во Украина“. Руската компанија „Лукоил“ работи и во Македонија под […]

Уште еден врвен менаџер во рускиот сектор за нафта и гас е пронајден мртов

март 14, 2024

Виталиј Робертус (54), потпретседател на руската компанија за нафта и гас Лукоил, е пронајден мртов. Тој е четвртиот менаџер на Лукоил кој почина од почетокот на руската целосна инвазија на Украина, соопшти Украинска правда. „Со длабока тага објавуваме дека Виталиј Владимирович Робертус, потпретседател на компанијата, ненадејно почина на 54-годишна возраст“, ​​се вели во соопштение за […]

Бугарија ќе распредели 70 милиони лева од приходите на „Лукоил“ на ранливите групи

јануари 15, 2024

Руската компаниија „Лукоил“ наскоро треба да уплати близу 70 милиони лева во бугарскиот државен буџет. Тие пари ќе значат старт на државните програми за компензирање на транспортните трошоци на населението, односно овие пари ќе се распределат меѓу семејства со деца од ранливите групи, пишува бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg. Всушност, станува збор за разликата во цената меѓу […]

„Лукоил“ има рок од 30 дена да го врати на Бугарија пристаништето „Росенец“

август 17, 2023

Откако владата на Бугарија на крајот на минатата седмица донесе одлука да ја укине концесијата на рафинеријата „Лукоил Нефтохим Бургас“ АД за пристаништето „Росенец“, од завчера на оваа компанија ѝ тече 30-дневен рок да го врати ова пристаниште, што го користи без каква било контрола од бугарската држава, јави mediapool.bg. Концесијата за пристанишниот терминал руската […]

Радев застана зад „Лукоил“, бара Уставниот суд да го преиспита одземањето на рафинеријата во Бургас

август 4, 2023

Бугарскиот претседател Румен Радев поднесе жалба до тамошниот Уставен суд поради одлуката на парламентот во Софија за предвремено раскинување 35-годишната концесија за нафтеното пристаниште „Розенец“ што е потпишано со руската компанија „Лукоил“, пишува Mediapool.bg. Владејачката коалиција на ГЕРБ и Продолжуваме со промените-Демократска Бугарија го обвинија Радев дека со потегот не го штити националниот интерес на […]

Почина шефот на „Лукоил“, наводно паднал од прозорец во болницата каде лежел

септември 1, 2022

Шефот на бордот на директори на „Лукоил“, Равил Маганов денеска починал откако паднал од прозорец во болницата каде што лежел, јавува Ројтерс. Маганов беше и потпретседател на втората по големина нафтена компанија во Русија. Засега нема дополнителни информации како тој успеал да падне од прозорец од шестиот кат на Централната клиничка болница во Москва. Маганов […]

Трговците со нафтени деривати бараат двојно повисок профит

мај 22, 2019

Во исчекување на новата методологија за фомирање на цените на нафтените деривати во земјава која според Регулаторната комисија за енергетика би требало да биде готова до крајот на неделава се поставуваат прашањата кои се компаниите кои би можеле најмногу да добијат или да изгубат од новите правила и дали се можни притисоци врз регулаторите со […]

Големите играчи решија да не си конкурираат со цените на бензините (инфографик)

мај 14, 2019

„Макпетрол“ и „Лукоил“, како компании кои се сметаат за големи играчи во бизнисот со нафтени деривати, од денеска понудија идентични цени на горивата иако цената веќе не се определува од страна на Регулаторната комисија за енергетика. Според познавачите, идентичните цени на двете компании значи дека компаниите од нафтениот бизнис користат исти методологии за пресметка на […]

Компанијата „Лукоил“ ги напушта балтичките земји поради анти-руско расположение

декември 25, 2015

Руската нафтена компанија „Лукоил“ соопшти дека ќе го продаде останатиот имот во Литванија и во Летонија, поради, како што се наведува во соопштението, анти-руско расположение во тие земји. Извршниот директор на „Лукоил“, Вагит Алекперов, за телевизијата „Русија 24“ изјави дека компанијата не планира ширење на мрежата бензиски пумпи во Европа, туку ќе се фокусира на […]

Страна 1 од 1