fbpx

Пожарникарите во Словенија спасија 22 дечиња од поплавена градинка [галерија]

„Ги известуваме родителите од градинката Гобица дека успешно ги евакуиравме сите 22 деца“, напишаа пожарникарите на Фејсбук

-

Пожарникарите на доброволното противпожарно друштво „Менгеш“ соопштија дека успешно ги евакуирале сите 22 деца од градинката Гобице во општината Менгеш во Словенија.

На Фејсбук страницата на доброволното противпожарно друштво можат да се видат драматични фотографии од спасувачите кои ги извлекуваат децата од поплавата.

„Ги известуваме родителите од градинката Гобица дека успешно ги евакуиравме сите 22 деца“, напишаа тие на Фејсбук.

Станува збор за спасувачка акција во која помогнал и трактор, а децата со приколка биле пренесени на безбедно. Поплавата во општината Менгеш стигнала за помалку од еден час и направила огромни штети.

Пожарникарите од Менгеш преку Фејсбук ги известуваат сите жители дека треба да ја исклучат струјата и од долните простории да се префрлат на повисоки катови.

„Телефоните ни се постојано зафатени, затоа бараме да се јавите само доколку животот ви е во опасност! Животите на луѓето ни се важни во моментов. Ќе интервенираме во куќи кога ќе се намали нивото на водата“, известија тие.

Најмногу дожд во Словенија падна на југот од подножјето на Јулијските Алпи и во подрачјата кон Горењска и Корушка. Забележани се 100-тина интервенции на пожарникарите, евакуирани се три кампа, неколку села се отсечени, а според словенечката национална телевизија поплавите однесоа и човечки живот. Надлежните предупредија на можни прекини во напојувањето со електрична енергија, на комуникациските мрежи и снабдувањето со вода.

Под сирени за опасност е Љубљана поради опасност од излевање на реката Сава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...