четврток, 5 март, 2026
Meta.mk

Ознака: пристаниште | 34 резултати

Радев застана зад „Лукоил“, бара Уставниот суд да го преиспита одземањето на рафинеријата во Бургас

4 август 2023

Бугарскиот претседател Румен Радев поднесе жалба до тамошниот Уставен суд поради одлуката на парламентот во Софија за предвремено раскинување 35-годишната концесија за нафтеното пристаниште „Розенец“ што е потпишано со руската компанија „Лукоил“, пишува Mediapool.bg. Владејачката коалиција на ГЕРБ и Продолжуваме со промените-Демократска Бугарија го обвинија Радев дека со потегот не го штити националниот интерес на […]

Напад со морски дронови на руското пристаниште Новоросијск во Црното Море

4 август 2023

Експлозии во текот на ноќта биле регистрирани во близина на руското пристаниште Новоросијск на Црното Море. Снимки објавени на социјалните мрежи се чини дека покажуваат силни експлозии на пристаништето кое претставува главен центар за рускиот извоз, пренесува Би-би-си. Руското Министерство за одбрана соопшти дека го одбиле, како што велат, украинскиот напад врз нејзината поморска база. […]

Жестоки напади во Украина, на југот украинските сили напредуваат

5 октомври 2022

Вчерашното попладне, делумно ноќеска и претпладнево во Украина повеќе градови и региони беа цел на напади со ракети и дронови, но украинските вооружени сили сепак остваруваат напредок на југот на земјата, според кажаното од претседателот на Украина, Володимир Зеленски во ноќното обраќање. Руските сили вчеравечер извршиле голем артилериски и ракетен напад на населеното место Березнехувате […]

Бројките растат, најмалку 100 загинати и околу 4.000 повредени лица во експлозијата во Бејрут

5 август 2020

Според последните извештаи за загинати и повредени лица во експлозијата со разорни последици во Бејрут, загинаа повеќе од 100 луѓе, а повредени се околу 4.000. Владата денеска ќе воведе вонредна состојба, а на итен состанок на Врховниот совет за одбрана беше одлучено да се формира посебна комисија за да се истражи причината за експлозијата во […]

Вонредни активности на oхридскиот кеј поради намалениот водостој на езерото

6 ноември 2019

Деновиве во Охрид се спроведуваат вонредни активности за расчистување на градскиот кеј на потегот помеѓу двете пристаништа, каде силниот ветар кој дуваше деновиве натрупа големи количини тиња и тешко разградлив отпад кај пристаништето. Како што информираат од ЈП „Охридски комуналец“, на расчистувањето ќе се работи и во наредните денови, бидејќи според проценките на претпријатието, треба […]

Започна санацијата на дел од Охридското пристаниште

25 јуни 2019

Екипите на ЈП „Охридски комуналец“ започнаа со санациони активности на пристанишниот дел пред капетанијата. Со специјална механизација се вадат камените блокови од езерските води кои претрпеле оштетувања и откорнати се од шеталиштето заради големи бранови под налети на силен јужен ветар. По оваа фаза, ќе се продолжи со санирање на шеталиштето на овој потег.

Oштетувањата на градското пристаниште во Охрид ќе бидат санирани пред летната сезoна

29 јануари 2019

Министерството за транспорт и врски веќе издвоило пари за санирање на оштетувањата на градското пристаниште, а работите ќе почнат кога тоа ќе го дозволи хидролошката состојба. Од буџетот на министерството се предвидени 7,8 милиони денари (126.800 евра) за санација на пристаништата. Поради големото количество врнежи од дожд и снег и очекуваното зголемување на водостојот, работите […]

Оштетувањата на градското пристаниште во Охрид, нема да се санираат во догледно време

11 декември 2018

Оштетувањата на градското пристаниште нема да бидат санирани во пресрет на новогодишните празници кога во Охрид се очекуваат голем број гости. Најверојатно сликата нема да се промени ни за Водици. Последното невреме од месец март годинава, направи голема пукнатина на пристапниот дел на објектот кој служи за спуштање на кајчиња, глисери и други помали пловни […]

Солун, преку Србија, ќе се промовира како балканска бизнис дестинација

13 март 2018

Грција и Србија ќе одржат бизнис-форум на 19 март (понеделник) во Солун, на кои ќе учествуваат претставници на двете влади и бизнисмени, пишува грчкиот сајт „Вориа.гр“ Тие ќе разговараат за проблемите со кои се соочува регионот, специфичното деловно опкружување, како и подобрување на условите за бизнис. Околу 150 грчки компании ќе разговараат за можна соработока со околу […]

Македонски државјани го организирале шверцот на 8 тони марихуана, запленета во Италија

13 февруари 2017

Италијанската полиција запленила рекордно количество од 8 тони марихуана, која била натоварена во камион што го управувал македoнски државајнин, пишува весникот „Венеција тудеј“. Според весникот, дрогата била транспортирана со ферибот од Албанија до италијанското пристаниште во Анкона. Италијанските служби, пишува весникот, ја детектирале дрогата на пристаништето, но го пуштиле камионот да помине, а информацијата за […]

Солунското пристаниште апелира да престанат блокадите на Евзони

7 февруари 2017

Грчките земјоделци продолжуваат со блокадата на граничниот премин Евзони, а повремено ја затвораат и железничката пруга од Грција кон Македонија кај преминот Идомени. Ова е интензивирање на штрајкот на земјоделците, кои се закануваат дека ако нивните барања за средба со премиерот Алексис Ципрас не се остварат, може да го блокираат и граничниот премин Идомени. Нов […]

Грчките блокади и замрзнатиот Дунав ја оптоварија железницата, се бара вагон повеќе

6 февруари 2017

Железничкиот превоз e оптоварен и капацитетите на возовите се целосно исполнети, алармираа македонските компании кои бараат алтернативен превоз поради блокадата на граничниот премин Евзони од страна на грчките земјоделци, која трае веќе една недела. Директорот на Македонска железница „Транспорт“, Никола Костов за „Мета“ вели дека нема прекин на железничкиот сообраќај и редовните коминтенти се сервисираат навремено, […]

Инциденти и судири на Крит помеѓу грчки земјоделци и вработени на пристаништето

10 декември 2016

Голема група грчки земјоделци се судрија со вработени на пристаништето на Крит, гневни поради еднонеделниот штрајк на вработените во поморските служби. Поради штрајкот, веќе една недела нема ниту еден брод од и кон островите во Грција што создава големи проблеми за снабдувањето на островите, но и за земјоделските производи кои треба да се пренесат кон копно. […]

Македонската и грчката железница бараат начини да ја подобрат соработката

6 октомври 2016

Управите на грчката железница и на солунското пристаниште ги интензивираат напорите да се подобри соработката и транспортот на стоки кон Македонија преку „Македонски железници“, за да се залечат раните од постојаните штрајкови, блокадата на железничката линија и проблемите со персоналот изминатите две години. На оваа тема во Солун вчера разговараа првите луѓе на грчката железница, солунското пристаниште […]

Реконструкција и преуредување на крајезерското шеталиште во Охрид

28 септември 2016

По двогодишни подготовки и неуспешниот конкурс за избор на идејно решение од 2015 година, Општина Охрид, конечно, го објави тендерот за реконструкција и за партерно уредување на Кејот Македонија. Станува збор за потегот од градското пристаниште до хотелот „Гарден“, кој продолжува преку Холандскиот парк и мостот Студенчишта, со новото шеталиште во доизградба – сè до комплексот […]

Пад на прометот на солунското пристаниште

27 септември 2016

Прометот на солунското пристаниште опаднал за 20,4 отсто во првите шест месеци од годинава во споредба со истиот период лани. Пристаништето во првите шест месеци годинава има промет од 21,1 милиони евра, во споредба со 26,6 милиони во првите шест месеци од 2015 година. Причината за намалената заработка и опсег на работа се проценува дека […]

Во октомври истекува рокот за понудите за приватизација на солунското пристаниште

25 август 2016

Грчкиот фонд за приватизација во октомври ги очекува финалните понуди за приватизација на солунското пристаниште. Заинтересираните компании ќе треба да ги поднесат своите понуди на отворениот тендер до почетокот на октомври за преземање на мнозинскиот пакет од 67 отсто од акциите на солунското пристаниште. Во првата фаза од тендерот за приватизација на второто најголемо пристаниште […]

Закочен товарниот сообраќај од солунското пристаниште кон Македонија

23 јули 2016

Повторно е закочен товарниот сообраќај од солунското пристаниште кон Македонија и Европа. Проблемот овојпат не е кај пристаништето, туку грчката железница. По завршувањето на штрајкот на вработените на железницата, приоритет е даден на потребите на пристаништето Пиреја, ставајќи ги во втор план клиентите на солунското пристаниште. Како што информираат извори од солунското пристаниште за „Мета“, […]

Загриженост во Грција поради договорот на КОСКО со „Македонски железници“

19 јули 2016

Во Грција сè поголема е загриженоста дека постојаните штрајкови на грчката железница и блокадата на товарниот сообраќај скапо ќе ја чинат државата и договорите со странските клиенти за транспорт на стоки кон Европа. Одлуката на кинескиот гигант КОСКО, кој управува со пристаништето Пиреја, да се најде алтернативно решение за да се избегнат проблемите од штрајковите на […]

КОСКО бара замена за грчката железница за товарен транспорт

11 јули 2016

Протестот на грчката железница целосно ги менува плановите за транспорт на стоките што доаѓаат на пристаништето Пиреја за кинескиот гигант КОСКО. Како што пренесува грчкиот весник „Катимерини“, за да не губи време, клиенти и пари, КОСКО спроведува план за справување со итни ситуации, кој подразбира замена на железничкиот транспорт со поводен и со камионски транспорт за сите […]

Страна 1 од 2