fbpx

Оштетувањата на градското пристаниште во Охрид, нема да се санираат во догледно време

-

Оштетувањата на градското пристаниште нема да бидат санирани во пресрет на новогодишните празници кога во Охрид се очекуваат голем број гости. Најверојатно сликата нема да се промени ни за Водици. Последното невреме од месец март годинава, направи голема пукнатина на пристапниот дел на објектот кој служи за спуштање на кајчиња, глисери и други помали пловни објекти.

„Ние како локална самоуправа, пред се немаме никакви ингеренции и нема да влеземе во никаков проект без претходно да се направат геомеханички испитувања и се она што го бара науката во краен случај, за реконструкција на градското пристаниште. А не треба да се изземе од предвид дека надлежноста е на Министерството за транспорт и врски и Министерството за животна средина и просторно планирање. Има размислувања, има средби, сакаме како локална самоуправа да помогнеме, но првиот чекор треба да го направат овие посочени институции“, вели Томе Џамтоски, портпарол Општина Охрид.

Од Капетанијата на пристаништа на РМ, установија дека најновото оштетување не ја загрозува стабилноста на објектот. Посочија дека по самиот ѕид на Кејот, односно пристанишен ѕид, постојат дупки и девијации кои мора да се средат. Сопствениците на пловни објекти велат дека станува збор за стар објект кој датира од далечната 1938 година на кој повеќе од потребна му е неопходна поопширна санација. Во неодамна презентираниот проект на локалната самоуправа за реконструкција на кејот не се предвидени зафати за санација на пристаништето.

„Она што можам да го кажам во името на локалната самоуправа, е дека кај нас постои желба да се реконструира пристаништето иако има размислувања, реконструкцијата да биде со некакво проширување. Ова доаѓа од претставниците на фелата кои имаат бродови и го користат пристаништето во Охрид“, додава Џамтоски.

И додека со секое ново невреме кое ќе го зафати Охрид,  оштетувањата на објектот стануваат се поголеми, надлежните само преговараат, а конкретни мерки со децении никој не презема.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...