fbpx

Напад со морски дронови на руското пристаниште Новоросијск во Црното Море

Извори од украинската одбрана за Си-ен-ен изјавиле дека морски беспилотни летала биле користени и во нападот на мостот на Крим во јули

-

Експлозии во текот на ноќта биле регистрирани во близина на руското пристаниште Новоросијск на Црното Море. Снимки објавени на социјалните мрежи се чини дека покажуваат силни експлозии на пристаништето кое претставува главен центар за рускиот извоз, пренесува Би-би-си.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека го одбиле, како што велат, украинскиот напад врз нејзината поморска база. Се наведува дека беспилотните летала биле забележани и уништени од руски бродови кои го чувале надворешното пристаниште на базата.

По нападот, пристаништето привремено го прекинало движењето на бродовите, јави Ројтерс.

Морските беспилотни летала се мали бродови без екипаж кои работат на или под површината на водата.

Истражувањето на „Би-би-си Верифај“ покажало дека Украина извршила најмалку 10 напади со морски дронови, а целта биле воени бродови и руската поморска база во Севастопол, како и пристаништето Новоросијск.

Извори од украинската одбрана за Си-ен-ен изјавиле дека морски беспилотни летала биле користени и во нападот на мостот на Крим во јули.

Судирите во морето зачестија во последниве недели, откако Русија се повлече од договорот на ОН со кој се овозможи безбеден извоз на жито меѓу Русија и Украина преку морски пат.

Претходно оваа недела, Русија ги нападна големите црноморски пристаништа Одеса и Черноморск, каде властите соопштија дека се уништени 60.000 тони жито, како и пристаништата на реката Дунав.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен вчера ги повика сите држави да ѝ порачаат на Русија да престане да ги користи Црното Море и житото на Украина како уцена и да престане да ги третира гладните и ранливите луѓе во светот како потпора во војната, пренесува Гардијан.

Највисокиот американски дипломат ја критикуваше Русија на состанокот на Советот за безбедност на ОН за игнорирањето на светските апели и повлекувањето од годишниот договор што ѝ дозволи на Украина да испорача повеќе од 32 тони жито од пристаништата на Црното Море во сиромашните земји.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Песните на изведувачите од „Јуниверзал“ се враќаат на ТикТок

Музиката на изведувачите под крилото на мултинационалната музичка корпорација „Јуниверзал Мјузик“ (Universal Music) ќе се врати во ТикТок откако двете страни склучија нов договор за компензација на артистите по...