fbpx

Русија ја користи храната како оружје во Украина, на светот му се заканува криза

Зеленски потенцира дека на Русија ѝ е потребно да дојде до колабирање на пазарите на храна, криза со цената на житариците и потешкотии во дистрибуцијата на житарки

-

Катастрофалните бомбардирања на украинските пристаништа преку кои се транспортираат житарици укажуваат на фактот дека Русија ја користи храната како оружје во војната, но и дека на светот му се заканува сериозна криза што може да предизвика поскапување на прехранбените продукти, проблеми на берзите и недостатоци на храна во некои од најсиромашните земји. На ова денеска укажаа од Европската Унија (ЕУ) и украинскиот претседател Володимир Зеленски, пишува Гардијан.

ЕУ ги предупреди земјите во развој дека Русија нуди евтино жито за нив како би создала нови зависности преку влошување на економската ранливост и глобалната несигурност во храната. Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел им пиша на земјите од групата Г-20 и на земјите во развој да ја поттикнат Русија да се врати на договорот што овозможува безбеден извоз на украинското жито преку Црното море.

„Додека светот се справува со нарушено снабдување и повисоки цени, Русија сега им приоѓа на ранливите земји со билатерални понуди за пратки на жито по намалени цени, преправајќи се дека решава проблем што самата го создала. Ова е цинична политика на намерно користење на храната како оружје“, додава Борел во ова писмо.

Рускиот претседател Владимир Путин минатата недела им рече на африканските лидери дека Русија е подготвена да го замени украинскиот извоз на жито во Африка на комерцијална и помошна основа, за да ја исполни, како што рече тој, клучната улога на Москва во глобалната безбедност на храната.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека се обидува да создаде глобална катастрофа и да ги колабира глобалните пазари на храна со бомбардирањето на украинските пристаништа и силосите каде е складирано жито за извоз.

Зеленски потенцира дека на Русија ѝ е потребно да дојде до колабирање на пазарите на храна, криза со цената на житариците и потешкотии во дистрибуцијата на житарки.

Реакциите од ЕУ и од Зеленски доаѓаат по вчерашното бомбардирање на пристаништето во Измаил на реката Дунав. Ова е трето пристаниште што беше сериозно оштетено од Русија во изминативе недели, откако претходно беа нападнати и оштетени пристаништата во Рени на реката Дунав и во Одеса на Црното море.

Украинските власти соопштија дека само во последниот напад на руските сили биле уништени 40.000 тони житарици, кои биле наменети за извоз во африканските земји, Израел и Кина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...