петок, 10 април, 2026
Meta.mk

Ознака: руска агресија | 122 резултати

Зеленски не ги убеди Републиканците за дополнителна помош од САД, во Кијив напади

декември 13, 2023

Третата посета на Вашингтон на украинскиот претседател Володимир Зеленски беше обоена во очај. На овој начин Би-би-си го започнува текстот за посетата на Зеленски, која претставува последен обид да се добие нова воена помош од американскиот Конгрес, пред да секнат досега одобрените средства за Украина од САД. Украинскиот претседател е очаен бидејќи судбината на неговата […]

Украина изминативе месеци со помала помош за справување со руската агресија

декември 8, 2023

Воената и финансиската помош за Украина за справување со руската агресија во изминативе месеци значително е намалена, соопшти килскиот Институт за светска економија, пренесува германската новинска агенција ДПА.  Официјален Кијив од август до октомври годинава добил помош во висина од 2,11 милијарди евра, што е нешто повеќе од десетина во споредба со истиот период од […]

Министерски совет: Остри осуди за руската војна во Украина и блокадата на ОБСЕ

ноември 30, 2023

Остри осуди за руската воена агресија врз Украина и за блокадата на функционирањето на ОБСЕ од страна на Русија беа испратени од говорниците на почетокот од Министерскиот совет на ОБСЕ. Тие испратија порака дека со руската агресија врз Украина е прекршен Финалниот акт на Конференцијата за безбедност и соработка во Европа од Хелсинки, кој е […]

Авионот на Лавров ја обиколи Бугарија поради доаѓањето на Марија Захарова

ноември 30, 2023

Бугарија во последен момент го откажа прелетот на авионот на Сергеј Лавров преку нејзина територија поради присуството на портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова во него. Медиапул.бг јавува дека авионот патувал повеќе од пет часа преку Турција и Грција за да стигне на Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје. Бугарските власти не […]

Русија со нов напад со дронови врз Украина, Зеленски вети жестока реакција

ноември 3, 2023

Украинскиот претседател Володимир Зеленски реагираше на масовниот руски напад на територијата на Украина, кој се случи изминатата вечер, пренесува Укринформ. Шефот на државата на Телеграм соопшти дека Русија лансирала околу 40 дронови, а повеќе од половината биле соборени од украинските воздухопловни сили, јавува дописникот на Укринформ. „Бранителите на небото“ работеа во 10 региони – Харкив, […]

Жестоки борби меѓу украинските и руските сили кај градот Авдивка

октомври 25, 2023

Руските и украинските сили водат жестоки борби во околината на градот Авдивка во Донецкиот регион, пренесува весникот Гардијан. Русија се обиде да отпочне офанзива за обиколување на овој град во близина на Донецк, но засега претрпува големи загуби. Поради тоа, Русија сега применува и силни воздушни напади на Авдивка. Украинскиот генералштаб информираше дека само во […]

Русија не сопира со агресијата, истрелани ракети и дронови кон Украина

октомври 16, 2023

Руската воена агресија врз Украина продолжи и изминатово деноноќие, при што во изминатава ноќ се истрелани пет ракети и 12 камикази-дронови, објавија украинските воздушни сили, пренесува весникот Гардијан.  Противвоздушната одбрана на Украина соборила две руски ракети, кои таргетирале цели во северните и источните делови на Украина. Дроновите биле лансирани на различни локации, со фокус на […]

Тројца убиени во руски напад на Доњецк, меѓу нив и 11-годишно дете

октомври 13, 2023

Двајца цивили, меѓу кои и едно дете, загинаа во руско гранатирање на украинскиот регион Доњецк. Како што пренесува Укринформ, бројката на жртви не е конечна бидејќи во моментов е невозможно да се утврдат жртвите во Мариупол и Валноваха. Руските сили вчера извршиле ракетни напади врз селото Бахатир во областа Валноваха. Загинало 11-годишно момче, а повредени […]

Столтенберг во Кијив, Зеленски од НАТО бара противвоздушни системи

септември 28, 2023

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска беше во посета на Кијив, напоменувајќи дека Украинците се борат за нивните семејства и за нивната иднина, додека Москва се бори за империјалистички идеи, пренесува Гардијан. Украинскиот претседател Володимир Зеленски, пак, денеска побара од Столтенберг нови системи за противвоздушна одбрана, напоменувајќи дека Русија употребила над 40 ирански дронови […]

За едно деноноќие руските трупи го гранатирале регионот Запорижја дури 124 пати

септември 26, 2023

Во текот на изминатото деноноќие, руските сили го нападнале регионот Запорижја 124 пати. Еден човек е убиен, а уште еден е повреден, пишува Укринформ. „Во текот на последниот ден, рускиот воен персонал изврши 124 напади врз 23 градови и села во линијата на огнот. Беа извршени 102 артилериски напади врз населбите на фронтот, особено Хулиајполе, […]

САД се согласија да ѝ достават на Украина ракети со долг дострел

септември 24, 2023

САД се согласија да испратат ракети со долг дострел во Украина како воено засилување за украинските сили. Станува збор за армиските тактички ракетни системи ATACMS, кои ќе им овозможат на украинските сили да ја таргетираат руската воена логистика подалеку од линијата на фронтот, пишува весникот Гардијан. Американскиот претседател Џо Бајден му рекол на украинскиот лидер […]

Рама го замолчи рускиот амбасадор во ОН: Прекинете ја војната во Украина и Зеленски нема да зборува

септември 21, 2023

Рускиот амбасадор во Обединетите нации, Василиј Небензја синоќа беше замолчен од албанскиот премиер Еди Рама на почетокот од состанокот на Советот за безбедност на Обединетите нации. Небензја му се спротивстави на Рама, кој претседаваше со состанокот, во моментот кога Рама му даде збор на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Во однос на давањето збор на Зеленски, […]

Во Украина загинаа хуманитарни работници, Зеленски изрази сочувство до семејствата

септември 11, 2023

Украинскиот претседател Володимир Зеленски доцна синоќа им изрази сочувство на семејствата на двајцата странски хуманитарни работници, кои загинаа кога нивното комбе беше погодено од руски противтенковски проектил во Доњецк. Зеленски кажа дека Ентони Игнат од Канада е убиен и дека најверојатно и Ема Игуал од Шпанија исто така загинала во нападот. Двајца други доброволци, германскиот […]

Европа има доставено и ветено помош од 156 милијарди евра на Украина

септември 8, 2023

Европските држави на Украина ѝ ветиле помош од вкупно 156 милијарди евра, што е повеќе од двојно од 70-те милијарди ветени од САД, соопшти во четвртокот Институтот за светска економија, пренесува германската новинска агенција ДПА.  Институтот Килски месечно објавува извештај за помошта на Украина. Во европската помош ги вбројува реализираната и ветена поддршка на членките […]

Германија испраќа нови тенкови помош за Украина, продолжуваат руските ракетирања

септември 1, 2023

Германија за Украина обезбеди нови 10 тенкови леопард, како и 13,1 милиони парчиња муниција за пешадиско вооружување и друга опрема, јавува германската новинска агенција ДПА.  Меѓу списокот на новата воена помош се наоѓаат тенкови Леопард 1 А5, радари ТРМЛ-4Д, дел од систем за противвоздушна одбрана Ирис-Т, полска болница, 16 извидувачки дронови и четири камиони. Иако […]

Украинските сили напредуваат кон Новопрокопивка, соборен дрон над Москва

август 31, 2023

Откако го освоија селото Роботине пред неколку дена, украинските сили напредуваат кон селото Новопрокопивка во регионот Запорижја, информираа од украинскиот Генералштаб. Тие се движат во правец кон Мелитопол, а крајната цел на украинските сили е да се пробијат кон Азовското море, пренесува Гардијан. Од друга страна, украинскиот Генералштаб информира дека Русија концентрирала 110.000 војници во […]

Жестоки ракетни напади врз Кијив и врз шест руски региони

август 30, 2023

Најмалку две лица загинаа, а тројца се повредени како резултат на рускиот напад врз Кијив што се случи изминатава ноќ, јавува Гардијан. Станува збор за еден од најжестоките напади врз украинскиот главен град од пролетта. Во Кијив и околниот регион се оштетени куќи, станбени и други објекти, при што е предизвикана и голема материјална штета. […]

Ден на независноста на Украина: Украинците го бранат своето право на живот, суверенитет и територијален интегритет

август 24, 2023

Украинците втор пат по ред го слават Денот на независноста во услови на жестока руска агресија. Сега, бранејќи ја својата независност, Украина крвари, рече во својот говор за украинскиот Ден на независноста – 24 Август, амбасадорката на Украина во Северна Македонија, Лариса Дир. Таа рече дека Руската Федерација уништи дел од европскиот безбедносен простор, меѓународното […]

Масовни ракетни напади на Русија врз западна Украина, загинаа најмалку три лица

август 15, 2023

Русија изврши масовни ракетни напади врз западните делови на Украина, во кои животот го загинаа најмалку три лица, пренесува Гардијан. Погодени се објекти во регионите Лвив и Волин, кои граничат со Полска. Најмалку три лица загинаа во Луцк и неколку се повредени откако руска ракета погоди комерцијален објект во овој град кој е административен центар […]

Украина со тактички напредок во контраофанзивата, Русија напаѓа кај Купјанск

август 13, 2023

Украинските сили напредуваат на југот по две главни линии на контраофанзивата, кои имаат за цел да стигнат до југот на Азовското море, да ги прекинат линиите на снабдување на руската војска и да ги одвојат окупираните територии од страна на Русија, пишува Њујорк Тајмс. Американските воени аналитичари објаснуваат дека од почетокот на контраофанзивата, украинската војска […]

Страна 1 од 6