Русија не сопира со агресијата, истрелани ракети и дронови кон Украина

Противвоздушната одбрана на Украина соборила две руски ракети, кои таргетирале цели во северните и источните делови на Украина. Дроновите биле лансирани на различни локации, со фокус на западниот дел на Украина

-

Руската воена агресија врз Украина продолжи и изминатово деноноќие, при што во изминатава ноќ се истрелани пет ракети и 12 камикази-дронови, објавија украинските воздушни сили, пренесува весникот Гардијан. 

Противвоздушната одбрана на Украина соборила две руски ракети, кои таргетирале цели во северните и источните делови на Украина. Дроновите биле лансирани на различни локации, со фокус на западниот дел на Украина.

Гувернерот на источниот регион Полтава, Филип Пронин изјави дека биле нападнати населени места со дронови и ракети, при што три цивили биле повредени и хоспитализирани во болница.

Исто така, Русија продоллжи со артилерија да ги напаѓа населените места во Украина што се во близина на фронтот во регионите Херсон, Запорижја и Донецк. Една жена била повредена во артилериските напади кои оштетиле згради и инфраструктура во регионот Запорижја.

Руските сили во изминатиов период се обидоа преку офанзива да го заземат градот Авдивка во близина на Донецк. Украинската војска соопшти дека руската офанзива пропаднала. Русија сега се обидува да доведе нови сили за да го опкружат градот Авдивка, изјави украинскиот командант Виталиј Барабаш. Официјална Москва не негира дека започна нова руска офанзива во Донецкиот регион, но и информациите од руските медиуми засега не говорат за окупација на нови населени места во овој регион.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски им се заблагодари на војниците кои се борат и ги држат позициите, особено во населените места Авдивка, Марјинка и други клучни локации во Донецкиот регион.

Агенцијата за национална безбедност изврши претрес и одзеде оружје и мобилни уреди во Скопје

Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР), на 19 јули 2025 година спроведе претрес на домови и други простории на две локации во Скопје, по...

Лефков: Бугарски служби шират дезинформации против Мицкоски и Владата

Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, денеска обвини за постоење на „координирана операција за дискредитација“ насочена против Владата, премиерот Христијан Мицкоски и Република Македонија, наводно оркестрирана од...

Забраната за шетање во шуми не е дел од никаква агенда, туку се воведува поради превенирање на пожари

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели: Ова мерките на Северна вукојебина за забрана за шетање по планините личи на агендата 2030 а народот овца не се буни. Забраната за шетање во шуми не е ништо...

Институционален молк, политичка калкулација и цената што жените ја плаќаат за учество во јавниот живот

Во  Македонија, од 80 општини, само две ги водат жени: Данела Арсовска во Скопје и Жаклина Јовановска во Старо Нагоричане. Тоа ја прави оваа ситуација уште позначајна. Нападот врз една од...

Агенцијата за национална безбедност изврши претрес и одзеде оружје и мобилни уреди во Скопје

Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР), на 19 јули 2025 година спроведе претрес на домови и други простории на две локации во...