среда, 15 април, 2026
Meta.mk

Ознака: воена офанзива | 19 резултати

Украина го менува министерот за одбрана, Русија се подготвува за нова воена офанзива

февруари 6, 2023

Украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников ќе биде разрешен од функцијата, а на негово место ќе биде поставен досегашниот шеф на военоразузнавачката агенција Кирило Буданов, пренесува Гардијан. Позицијата на Резников е разнишана по корупцискиот скандал, во кој Министерството за одбрана се обвинува дека плаќало за два до три пати повисоки суми од цената на храната […]

Украина предупредува за нова руска офанзива што ќе коинцидира со годишнината од агресијата

февруари 1, 2023

Русија се подготвува за максимална ескалација на војната во блиска иднина, а главните битки допрва доаѓаат, предупредува секретарот на Националниот совет за безбедност и одбрана на Украина, Олексиј Данилов, во интервју за „Скај Њуз“ што го пренесува Укринформ. Данилов не ја исклучува можноста рускиот претседател Владимир Путин да се обиде да ја нападне уште еднаш […]

Зеленски вели време е руската војска да бега, пробиена линијата на фронтот кај Херсон

август 30, 2022

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешното обраќање до јавноста рече дека доколку сакаат да преживеат, време е припадниците на руската војска да бегаат, пренесува Гардијан. Советникот на Зеленски, Олексиј Арестович изјави дека украинската војска ги пробила руските линии на фронтот на неколку локации во близина на градот Херсон, при што биле гранатирани и ферибродови што […]

Тага, гнев и плач на протестот против руската агресија, отворен и шатор за донации за Украина [фото]

март 6, 2022

Итно сопирање на руската агресија во Украина и затворање на небото за прелети на руската авијација. Ова е главното барање на граѓаните коишто денеска во центарот на Скопје се собраа на протестот против руската инвазија врз Украина. Во плач и неверување, со гнев и тага, секој од присутните на протестот на различен начин испрати апел […]

Над 1,5 милиони бегалци ја напуштија Украина, градови од регионот Суми пред хуманитарна катастрофа

март 6, 2022

Руската инвазија врз Украина предизвика над 1,5 милиони бегалци да ја напуштат земјата во странство, покажуваат најновите податоци на Обединетите нации. Би-би-си го пренесуваат нивното тврдење дека станува збор за најбрзорастечката бегалска криза по Втората светска војна. Над 600.000 бегалци досега примила Полска, а жителите коишто бегаат од војната наоѓаат прибежиште и во Словачка, Романија, […]

Продолжува воениот судир во Украина, Русија повика на неутралност

февруари 24, 2022

Нападот на руските воени сили врз Украина што почна во 3.55 часот утрово по македонско време однесе десетици животи досега, во ракетирања и гранатирања од руска страна, а според украинската војска, на непријателот му се нанесуваат сериозни штети. Како што соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина, до 13 часот по киевско време, „руските окупациски […]

Украина прогласи 30-дневна вонредна состојба и започна мобилизација на резервистите

февруари 23, 2022

Украина денеска прогласи 30-дневна вонредна состојба на нејзината територија поради воените тензии на источната граница со Русија, јавува Би-би-си. Украинскиот парламент денеска во прво читање „го помина“ законот што на Украинците им дозволува да носат оружје во самоодбрана. Олексеј Данилов, секретарот на Државниот совет за национална безбедност изјави дека прогласувањето на вонредна состојба може да […]

Западот со серија на санкции кон Русија откако ги признаа двете пара-држави Донецк и Луганск

февруари 23, 2022

САД, Велика Британија, Европската Унија, Јапонија, Канада и Австралија ги објавија најновите санкции кон Русија откако рускиот претседател Владимир Путин се одлучи да ги признае двете пара-држави Донецк и Луганск и да испрати војници во двата отцепени региони од Украина, јавува Ројтерс. ЕУ воведе санкции кон 27 руски индивидуи и организации, вклучувајќи и банки. Санкции […]

Обединетото Кралство со санкции кон руски банки и олигарси по вчерашниот потег на Москва

февруари 22, 2022

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска информираше дека Обединетото Кралство воведува санкции против пет руски банки и тројца олигарси, јавува Индипендент. Целиот имот што го имаат во Обединетото Кралство ќе биде замрзнат, додека на поединци ќе им биде забранет нивниот влез. Станува збор за банките Росија, ИС Банк, Џенерал Банк, Промсвјазбанк и Црноморска банка за трговија […]

Британија и Германија ги повикаа граѓаните да ја напуштат Украина, Русија од Киев повлекува дипломати

февруари 12, 2022

Велика Британија и Германија ги повикаа своите граѓани да ја напуштат Украина поради стравувањата од можна руска инвазија на земјата, јави германската новинска агенција ДПА. Покрај овие две големи европски земји, САД излегоа со истата препорака и за американските граѓани во Украина, а вакви повици упатија и балтичките земји, Холандија, Саудиска Арабија и други држави, […]

Руската амбасада во Скопје преку Фејсбук ѝ одговори на министерката за одбрана Славјанка Петровска

јануари 26, 2022

Руската амбасада во Скопје вчера се огласи со сопствен коментар по изјавите на министерката за одбрана Славјанка Петровска. Амбасадата се спротивставува на позициите коишто Северна Македонија ги зазема кон случувањата во и околу Украина. Тие реагираат по интервјуата на министерката што ги даде за телевизиите Телма и ТВ 24, во коишто таа напомена дека земјава […]

Петровска: Го поддржуваме територијалниот интегритет на Украина

јануари 24, 2022

Министерката за одбрана Славјанка Петровска за ТВ 24 изјави дека нашите институции во целост ги следат случувањата во и околу Украина коишто се поврзани со поставувањето на руските вооружени сили на границата со Украина. „Морам да напоменам дека во целост ги поддржуваме напорите кои се одвиваат во рамките на НАТО Алијансата и ОБСЕ за надминување […]

На Русија може да ѝ се случи втор Авганистан доколку ја нападне Украина, предупредува Лиз Трас

јануари 21, 2022

Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас ја предупреди Русија дека инвазијата на Украина ќе доведе до загуба на животи од размерите на советско-авганистанската војна, јавува Гардијан. Говорејќи на Институтот Лови во Австралија, министерката Трас го повика Владимир Путин да се откаже и да се повлече од Украина пред да направи голема стратешка грешка. Во […]

САД и НАТО се подготвени да продолжат со дијалогот, Русија се спрема за напад на Украина

јануари 16, 2022

САД и НАТО се подготвени да го продолжат реципрочниот дијалог со Москва, се наведува во соопштението на Стејт департментот, по телефонскиот разговор меѓу американскиот државен секретар Ентони Блинкен и генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека Финска и Шведска би можеле да се приклучат на Алијансата уште првиот […]

Турција бара од САД веднаш да се повлечат од Манбиџ во Сирија

јануари 27, 2018

Министерот за надворешни работи на Турција, Мавлут Чавушоглу денеска побара од Соединетите Американски Држави „веднаш“ да се повлечат од градот Манбиџ на северот на Сирија, кој е под контрола на курдските борци, против кои Анкара поведе воена офанзива, јавуваат светските агенции. Манбиџ се наоѓа на околу 100 километри од енклавата Африн, каде турската војска веќе […]

Страна 1 од 1