fbpx

Нема парно греење во Кисела Вода, дефект ја прекина испораката на топлинска енергија

„Поради големината на дефектот, во овој момент невозможно е да се даде прецизна проценка кога тој ќе биде отстранет, но се прават напори редовното снабдување со топлина до сите потрошувачи на споменатите улици да биде воспоставено во најкраток можен временски рок“, информираат во ЕСМ Дистрибуција

-

Дефект (губење на вода) на дистрибутивната мрежа утрово предизвика прекин на испораката на топлинска енергија за дел од потрошувачите во населбата Кисела Вода, информираат од ЕСМ Дистрибуција.

„Екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина веќе се на терен и интензивно работат на  лоцирање на дефектот, со цел истиот да биде изолиран и саниран. Поради големината на дефектот, во овој момент невозможно е да се даде прецизна проценка кога тој ќе биде отстранет, но се прават напори редовното снабдување со топлина до сите потрошувачи на споменатите улици да биде воспоставено во најкраток можен временски рок“, информираат оттаму.

За дополнителни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и 075400100.

Вчера започна грејната сезона за потрошувачите на подрачјето Скопје. Од ЕСМ вчера соопштија дека топланите стартувале со производство и испорака на топлинска енергија во дистрибутивната мрежа до објектите во 06:00 часот, а производството запрело во 10:00 часот.

„Во овој момент нема дефект на централниот систем за греење со кој управува ЕСМ
По направениот дневен прекин на испорака на топлинска енергија, доколку надворешните дневни температури после 15 часот се под 15 степени се започнува со испорака на топлинска енергија, односно централното греење повторно се вклучува“, велат од ЕСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...