среда, 10 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: топлинска енергија | 48 резултати

ЕСМ: Започна грејната сезона

15 октомври 2023

Денеска започна грејната сезона за потрошувачите на подрачјето на град Скопје со кој управува ЕСМ. Од ЕСМ соопштија дека топланите стартувале со производство и испорака на топлинска енергија во дистрибутивната мрежа до објектите во 06:00 часот, а производството запрело во 10:00 часот. „Во овој момент нема дефект на централниот систем за греење со кој управува […]

ЕСМ: Во 235 згради во Скопје нема услови за почеток на грејната сезона

11 октомври 2023

Во 235 згради во Скопје не се обезбедени услови за почеток на грејната сезона преку централното парно греење, информираат од ЕСМ. Од компанијата која стопанисува со системот за топлинска енергија во главниот град посочуваат дека овие 235 станбени објекти имаат дефекти во внатрешна инсталација, екипите на ЕСМ немаат пристап до топлинските станици или немаат електрична […]

ЕСМ доби лиценца за производство на топлина во Скопје во наредните 10 години

5 јуни 2023

Државното акционерско друштво Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) преку „ЕСМ производство на топлина“ ја доби лиценцата од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ) за производство на топлинска енергија во наредните 10 години, информираа денеска од РКЕВУ. „Одлуката следува откако компанијата поднесе барање и ги достави соодветните документи согласно Законот за енергетика и Правилникот […]

Започна испораката на октомвриските сметки за парно греење

30 ноември 2022

Изработени се фактурите за топлинска енергија за октомври и во тек е нивна достава, информираше денеска новиот снабдувач ЕСМ Снабдување со топлина. Потрошувачите ќе ги добијат сметките во следниве денови, на ист начин на достава како и претходно, односно оние кои ја користеле услугата за електронска фактура, истата ќе ја добијат во електронска форма, додека […]

Скопје со три системи на парно греење што се неповрзани, граѓаните плаќаат различни сметки [инфографик]

12 ноември 2022

Три системи на централно парно греење има во Скопје, кои со години наназад чекаат на меѓусебно поврзување за да се обезбеди рационалност во производството на топлинска енергија, еднакви месечни сметки за парно кај граѓаните, но и можност да се искористи целосниот инсталиран капацитет на топланите во Скопје, што во моментов не е случај. Моменталната состојба […]

Топлото време и штедењето нè спаси од увоз на скапа струја, топланите пробно ќе работат на дизел

3 ноември 2022

Милиони евра се заштедени во текот на октомври и првата недела од ноември како последица на зголеменото производство на електрична енергија од домашните енергетски капацитети, штедењето на струја од граѓаните и институциите и топлото време периодов. АД ЕСМ планира да почне со увоз на струја од странство по цена од 215 евра за мегават час […]

Бектеши: Eлектраната ТЕ-ТО ќе почне да работи на 1 ноември

27 октомври 2022

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска изјави дека од 1 ноември ќе започне со работа когенеративната електрана ТЕ-ТО во Скопје, која ќе произведува електрична и топлинска енергија. Тој додаде дека граѓаните не треба да се грижат, односно дека топлинска енергија за скопските потрошувачи во претстојнава грејна сезона ќе има. Она што засега останува нејасно е […]

ЕСМ бара конечни понуди за набавка на гас од три компании за скопското парно во ноември

25 октомври 2022

На една недела од 1 ноември, од Електростопанство на Северна Македонија (ЕСМ) информираат дека од три компании ќе бараат да ги допрецизираат своите информации кои ги испратиле како понуди за набавка на гас за работењето на скопските топлани во ноември. АД ЕСМ преку ЕСМ Продажба ДООЕЛ Скопје ќе бара од трите компании да достават конечни […]

ЕСМ ќе купува гас за шест месеци за да работи скопското парно, дизелот засега е алтернатива

20 октомври 2022

Електростопанство на Северна Македонија (ЕСМ) утре очекува да пристигнат повеќе понуди од заинтересирани компании за набавка на природен гас за производство на топлинска енергија во Скопје. Ќе се набавува гас за работењето на топланите „Исток“, „Запад“ и „Север“, но се чекаат понуди за гас и за функционирањето на комбинираната електрана ТЕ-ТО. За ова денеска информираше […]

На три пункта во Скопје граѓаните ќе ги потпишуваат новите договори за парно со ЕСМ

17 октомври 2022

За да се регулира потрошувачкиот однос на снабдувачот со потрошувачите утврден во Правилата за снабдување со топлинска енергија, потребно е да се склучи договор за снабдување со топлинска енергија, а за таа цел потрошувачите на чиe име се води парното греење во домот/објектот, потребно е да се обратат во пунктовите на ЕСМ Снабдување со топлина […]

Скопјани ќе добијат парно греење од утре, ќе се греат на максимални 21 степен

14 октомври 2022

Централното парно греење во Скопје ќе започне со работа од утре (15 октомври) според сите критериуми и услови за загревање на просториите како и во минатите години. Домовите и работните простории ќе се загреваат на максимални 21 степен. За ова денеска информираше претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски. Од РКЕ информираат дека […]

Преземањето со управување на системот за парно во Скопје е легално

30 септември 2022

По проверка на законската регулатива може да се констатира дека постапките на Владата и одлуките на Економско-енергетскиот совет се целосно законски покриени, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Премиерот Димитар Ковачевски по седницата на Економско-енергетскиот совет при Владата, соопшти синоќа дека се донесени две клучни одлуки за претстојната сезона есен-пролет […]

ТЕ-ТО да ги грее скопјани со гас од Србија, а струјата да му ја продадеме на Белград

28 септември 2022

С. Македонија и Србија разговараат за договор за снабдување на земјава со природен гас за непречено функционирање на комбинираната електрана ТЕ-ТО во Скопје. Владиниот советник за енергетика, Виктор Андонов на денешната прес-конференција информираше дека со северниот сосед се разговара за увоз на неопходните количества на природен гас, кои ќе бидат потребни за работење на ТЕ-ТО […]

Владата одобри 18 милиони евра за непречено греење на Скопје

28 септември 2022

Владата вчера соопшти дека одобрила 18 милиони евра, односно 1,1 милијарда денари на АД „Електрани на Северна Македонија“ за набавка на енергенси пред почетокот на грејната сезона во Скопје. Во соопштението не е прецизирано за кои енергенси станува збор, само се вели дека со овие средства ќе се осигура дека скопјани ќе имаат топли радијатори […]

Сè додека не се издаде нова лиценца, БЕГ има обврска да произведува топлинска енергија

26 септември 2022

Сè додека не се издаде нова лиценца, БЕГ има обврска да ја врши дејноста производство на топлинска енергија, децидни се од Регулаторната комисија за енергетика и од Владата. Од Регулаторна комисија прецизираа дека вршењето на јавната дејност производство на топлинска енергија од регулиран производител е прецизно дефинирана во Законот за енергетика каде основниот императив на […]

БЕГ: Немаме обврска да продолжиме со производство на топлинска енергија

26 септември 2022

„Балкан Енерџи Груп“ (БЕГ) – Производство смета дека нема ниту правен основ да располага со топланите, ниту обврска да продолжи со вршење на дејноста во новата грејна сезона. Тие, исто така, сметаат дека немаат доволно финансии да набават гориво за производство на топлинска енергија. Ова го соопшти денеска компанијата откако викендов вицепремиерот за економски прашања […]

Руски, азербејџански гас или мазут – на што Скопје ќе се грее претстојнава грејна сезона?

12 август 2022

Пазарот на природен гас во Северна Македонија е либерализиран, па затоа трговците на големо самите можат да се договараат од каде ќе набават гас. Вака отприлика би звучел поедноставено одговорот од Министерството за економија на прашањето на Новинската агенција Мета за тоа дали земјата планира увоз на руски гас за претстојната грејна сезона од што […]

Парното во Скопје поскапува од 14,18 до 16,31 проценти

29 јули 2022

Поскапува централното греење во Скопје. Регулаторната комисија за енергетика денеска соопшти дека од август годинава цената на парното за најголемиот дел од потрошувачите кои досега беа на мрежата на БЕГ, ќе се зголеми за 14,18 проценти. Парното од топланата Скопје Север ќе поскапи за 16,31 отсто, а топлинската енергија од Железара ќе биде поскапа за […]

Владата го задолжи АД ЕСМ да основа компании што ќе го заменат БЕГ во испораката на парно греење во Скопје

21 јули 2022

Владата на вчерашната седница го задолжи АД ЕСМ – Скопје да основа три трговски друштва со ограничена одговорност што ќе вршат производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија за подрачјето на Град Скопје. Електростопанство на Северна Македонија ќе биде основач и единствен содружник на друштвата, а ваквиот чекор следи откако Регулаторната комисија за енергетика и […]

Скопјани нареднава зима нема да бидат оставени без парно греење, но прашање е кој ќе затоплува [инфографик]

10 јули 2022

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ) изминатиов месец ги одзеде трите лиценци на компанијата БЕГ за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија, по што голем дел од граѓаните на Скопје си го поставија прашањето на кој начин ќе ги затоплуваат нивните домови во претстојната грејна сезона. Од РКЕВУ за Мета.мк потенцираат дека […]

Страна 1 од 3