fbpx

Започна испораката на октомвриските сметки за парно греење

-

Изработени се фактурите за топлинска енергија за октомври и во тек е нивна достава, информираше денеска новиот снабдувач ЕСМ Снабдување со топлина. Потрошувачите ќе ги добијат сметките во следниве денови, на ист начин на достава како и претходно, односно оние кои ја користеле услугата за електронска фактура, истата ќе ја добијат во електронска форма, додека останатите потрошувачи ќе добијат хартиени сметки.

Од ЕСМ Снабдување велат дека износот на сметките за парно греење на потрошувачите кои плаќаат на 12 рати ќе биде ист со оние за август и септември.

Во периодот кога се испорачува топлинска енергија, од октомври до април, цената на ангажираната моќност и испорачаната топлинска енергија за домаќинствата е финансиски поддржана од државниот буџет преку АД ЕСМ со одлука на Владата, поради кризната состојба.

ЕСМ Снабдување со топлина појаснува дека износот на финансиската поддршка за секој потрошувач одделно е прикажана во фактурата како поединечна финансиска поддршка за фиксните и варијабилните трошоци.

Во однос на начините на плаќање, граѓаните ќе можат без провизија да ги плаќаат фактурите на наплатните пунктови на ЕСМ Снабдување. Оние потрошувачи кои имаат склучено договор за наплата на фактурите преку траен налог, од матичната банка ќе добијат инструкции за постапување или ќе бидат известени за насочување на уплатата кон новиот снабдувач, ЕСМ.

Од ЕСМ Снабдување додаваат дека интензивно се подготвуваат потрошувачите да ги имаат сите можности за плаќање како и претходно, како услугите „Брзо плаќање“ и „EPAY“, за што ќе известат дополнително.

Државната компанија Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), по задолжение на Владата, го презема управувањето со парното греење во Скопје, откако Регулаторната комисија за енергетика ги одзеде трите лиценци на „Балкан енерџи груп“ (БЕГ).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...