недела, 14 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: парно греење | 87 резултати

ЕСМ: Испорачана е топлинска енергија онаму каде што навремено биле исполнети обврските

16 октомври 2023

Испораката на топлинска енергија преку системот за централно греење до сите објекти, во кои потрошувачите и куќните совети навремено ги исполнија своите обврски за одржување и проверка на грејната инсталација пред почетокот на грејната сезона добија навремена и квалитетна испорака на топлинска енергија, информираат од ЕСМ. Оттаму апелираат, за да може испораката на топлинска енергија […]

Нема парно греење во Кисела Вода, дефект ја прекина испораката на топлинска енергија

16 октомври 2023

Дефект (губење на вода) на дистрибутивната мрежа утрово предизвика прекин на испораката на топлинска енергија за дел од потрошувачите во населбата Кисела Вода, информираат од ЕСМ Дистрибуција. „Екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина веќе се на терен и интензивно работат на  лоцирање на дефектот, со цел истиот да биде изолиран и саниран. Поради големината на […]

ЕСМ: Започна грејната сезона

15 октомври 2023

Денеска започна грејната сезона за потрошувачите на подрачјето на град Скопје со кој управува ЕСМ. Од ЕСМ соопштија дека топланите стартувале со производство и испорака на топлинска енергија во дистрибутивната мрежа до објектите во 06:00 часот, а производството запрело во 10:00 часот. „Во овој момент нема дефект на централниот систем за греење со кој управува […]

ЕСМ потврди дека ќе ја започне новата грејна сезона, граѓаните ќе се разбудат со топли радијатори

14 октомври 2023

Од утре, 15 октомври, започнува грејната сезона 2023/2024 за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во градот Скопје со кој управува ЕСМ, соопшти компанијата по објавата на РКЕ дека според прописите, грејната сезона почнува во средината на месецов. РКЕ: Грејната сезона почнува утре „Во тек на грејната сезона, испораката на топлинска енергија ќе се […]

РКЕ: Грејната сезона почнува утре

14 октомври 2023

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ) ја информира јавноста дека согласно правилата за снабдување со топлинска енергија и Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија грејната сезона започнува на 15 октомври 2023 година и завршува на 15 април 2024 година, со можност да се продолжи уште 15 дена во […]

ЕСМ: Во 235 згради во Скопје нема услови за почеток на грејната сезона

11 октомври 2023

Во 235 згради во Скопје не се обезбедени услови за почеток на грејната сезона преку централното парно греење, информираат од ЕСМ. Од компанијата која стопанисува со системот за топлинска енергија во главниот град посочуваат дека овие 235 станбени објекти имаат дефекти во внатрешна инсталација, екипите на ЕСМ немаат пристап до топлинските станици или немаат електрична […]

Арсовска вели дека ЕСМ прво треба да го санира мостот, а потоа да го постават топловодот

28 септември 2023

Почетокот на грејната сезона во Скопје доаѓа за нешто помалку од три недели, а Градот Скопје и Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) и понатаму се без консензус кој треба да ги санира оштетувањата на долниот дел од мостот Беласица. Скопската градоначалничка Данела Арсовска денеска изјави дека ЕСМ треба најпрво да го санира мостот, а потоа […]

ЕСМ чека дозвола од Град Скопје за да ги постави топловодните цевки на мостот „Беласица“

6 септември 2023

АД ЕСМ е подготвен по добиената дозвола од Градот Скопје да ги постави новите топловодни цевки на мостот „Беласица“ и ќе вложи максимални напори нивната монтажа да се заврши во најкраток можен рок, велат од државната компанија. „Опожарувањето на мостот не е причина за одложување на стартот на следната грејна сезона, која почнува во октомври […]

ЕСМ до 31 август нуди можност за бесплатно приклучување кон системот за парно греење

10 август 2023

ЕСМ Снабдување со топлина до 31 август нуди можност за бесплатно приклучување на системот за централно греење на исклучените потрошувачи, информираат од Електрани на Северна Македонија (ЕСМ). Целта на акцијата е да им се овозможи на што поголем број потрошувачи да ги користат придобивките на системот за централно греење. „Акцијата за приклучување се спроведува по […]

ЕСМ: Започна отстранувањето на опожарениот топловод на мостот „Беласица”

14 јули 2023

Екипи на АД Електрани на Северна Македонија, денеска започнаа да го отстрануваат опожарениот топловод на мостот „Беласица”, кој беше оштетен пред околу два месеци, соопштија оттаму. Предвидено е, додаваат во претпријатието, демонтажата да се заврши во најкус можен рок, за во следната грејна сезона која почнува во октомври 2023 да има сигурна и непрекината испорака на […]

ЕСМ доби лиценца за производство на топлина во Скопје во наредните 10 години

5 јуни 2023

Државното акционерско друштво Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) преку „ЕСМ производство на топлина“ ја доби лиценцата од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ) за производство на топлинска енергија во наредните 10 години, информираа денеска од РКЕВУ. „Одлуката следува откако компанијата поднесе барање и ги достави соодветните документи согласно Законот за енергетика и Правилникот […]

Мета факт: Неисполнето е владиното ветување за приклучување на 10.000 нови домаќинства на скопското парно

14 февруари 2023

Македонската влада со Планот за чист воздух, односно Програмата за намалување на аерозагадувањето, на крајот од 2018 година на граѓаните им вети дека во текот на 2019 и 2020 година на тогашниот топлински оператор БЕГ ќе бидат приклучени 10.000 нови домаќинства во Скопје, а топловодната мрежа во Скопје ќе биде проширена. Ова владино ветување до […]

Топловодните цевки од РЕК стигнаа до Битола, парно во 2025 година

10 јануари 2023

Цевките кои ќе пренесуваат топлинска енергија од РЕК стигнаа до Битола. Првите приклучоци на централно греење во овој град се очекуваат веќе во 2025 година. Од Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) информираат дека започнале градежните активности за спроведување на топловодот во индустрискиот дел од градот. Изградени се дванаесет километри од топловодната гранка од РЕК до […]

ЕСМ обезбеди електронско плаќање на сметките за парно за скопјани

27 декември 2022

По двомесечната пауза, скопјани повторно ќе можат да ги плаќаат по електронски пат месечните сметки за парно греење. ЕСМ Снабдување со топлина воведе електронски систем за безбедно плаќање на фактурите за топлинска енергија на новата интернет-страница ЕСМ Снабдување (esm-snabduvanje.mk). „Воведувањето на новиот систем за електронско плаќање е резултат на определбата на ЕСМ Снабдување секогаш да […]

Сметките за парно почнаа да стигнуваат, ЕСМ електронско плаќање допрва ќе воведува

3 декември 2022

ЕСМ Снабдување со топлина како наследник на БЕГ почна да ги испраќа месечните сметки за топлинска енергија за октомври. Сепак, досегашната можност да се платат сметките онлајн граѓаните засега ја немаат, така што за да платат сметка ќе треба да одат до пунктовите на ЕСМ Снабдување, во банка или пошта, а како други начини за […]

Започна испораката на октомвриските сметки за парно греење

30 ноември 2022

Изработени се фактурите за топлинска енергија за октомври и во тек е нивна достава, информираше денеска новиот снабдувач ЕСМ Снабдување со топлина. Потрошувачите ќе ги добијат сметките во следниве денови, на ист начин на достава како и претходно, односно оние кои ја користеле услугата за електронска фактура, истата ќе ја добијат во електронска форма, додека […]

ЕСМ: Парно греење ќе има, гас набавен за цел декември од Макпетрол и ТЕ-ТО

30 ноември 2022

АД ЕСМ се огласи со соопштение за граѓаните на Скопје дека испораката на топлинска енергија тече непречено и дека така и ќе продолжи и во следниот период. За цел декември е обезбеден природен гас од МАКПЕТРОЛ ПРОМ-ГАС, како и потребното дополнително количество од ТЕ-ТО. АД ЕСМ вели оти продолжува со практиката за набавка на природен […]

ЕСМ Снабдување со топлина: Во тек е изработка на сметките за парно за октомври

29 ноември 2022

ЕСМ Снабдување со топлина информира дека е во тек изработката на фактурите за топлинска енергија за месец октомври. Од ЕСМ велат дека во законска постапка ја преземале целокупната база на податоци потребна за изработка, достава и наплата на фактурите, вклучително и личните податоци за потрошувачите на централниот систем за греење и сопствениците на посебен дел […]

Скопје со три системи на парно греење што се неповрзани, граѓаните плаќаат различни сметки [инфографик]

12 ноември 2022

Три системи на централно парно греење има во Скопје, кои со години наназад чекаат на меѓусебно поврзување за да се обезбеди рационалност во производството на топлинска енергија, еднакви месечни сметки за парно кај граѓаните, но и можност да се искористи целосниот инсталиран капацитет на топланите во Скопје, што во моментов не е случај. Моменталната состојба […]

Топлото време и штедењето нè спаси од увоз на скапа струја, топланите пробно ќе работат на дизел

3 ноември 2022

Милиони евра се заштедени во текот на октомври и првата недела од ноември како последица на зголеменото производство на електрична енергија од домашните енергетски капацитети, штедењето на струја од граѓаните и институциите и топлото време периодов. АД ЕСМ планира да почне со увоз на струја од странство по цена од 215 евра за мегават час […]

Страна 1 од 5