Скопјани ќе добијат парно греење од утре, ќе се греат на максимални 21 степен

-

Централното парно греење во Скопје ќе започне со работа од утре (15 октомври) според сите критериуми и услови за загревање на просториите како и во минатите години. Домовите и работните простории ќе се загреваат на максимални 21 степен. За ова денеска информираше претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски.

Од РКЕ информираат дека ги издале трите лиценци на државната компанија Електростопанство на Северна Македонија (ЕСМ), и тоа на ЕСМ Продажба за регулирано производство на топлинска енергија, на ЕСМ Дистрибуција на топлина за дистрибуција и на ЕСМ снабдување со топлина за снабдување со топлинска енергија. Со ова се исполнети сите услови за ЕСМ да го преземе од БЕГ управувањето со парно греење во Скопје.

ЕСМ доби лиценца за производство на топлинска енергија до 30 април 2023 година, лиценца за дистрибуција на топлинска енергија за период од 35 години и лиценца за снабдување на топлинска енергија за период од 10 години.

Од РКЕ информираат дека ги добиле сите документи што ги побарале за издавање на лиценците, вклучувајќи го и известувањето од АД за стопанисување со станбен и деловен простор дека договорот со БЕГ Дистрибуција е раскинат и податоците од ЕСМ Продажба за потпишувањето на договорот со Адора за закуп на скопските топлани.

„Со издавањето на овие лиценци се исполнети сите предуслови коишто се потребни за започнување на грејната сезона во Градот Скопје на 15 октомври“, изјави Бислимоски.

Тој на прес-конференцијата ја потсети јавноста дека во Белград е одложен за една недела почетокот на грејната сезона годинава, а истото е направено и во Италија. Претседателот на РКЕ рече дека во Германија, Швајцарија, Австрија и Италија максималните температури за затоплување на домовите се 19 Целзиусови степени, за разлика од кај нас, каде што ќе се задржат досегашните критериуми и услови за затоплување.

Инаку, македонската влада на седницата одржана на 28 септември одобри 18 милиони евра за набавка на енергенси пред почетокот на скопската грејна сезона.

„Со преземените соодветни мерки од страна на Владата се обезбедува непречено снабдување со топлинска енергија на градот Скопје и сигурност и стабилност при испораката на топлинска енергија до потрошувачите за време на годинешната грејна сезона“, информираа од владината прес-служба на 28 септември.

Засега е јасно дека комбинираната електрана ТЕ-ТО нема да произведува топлинска енергија, туку просториите приклучени на централно греење во Скопје ќе се загреваат од другите топлани. Бислимоски денеска појасни дека и пред отворањето на ТЕ-ТО, граѓаните на Скопје добивале парно од овие топлани, така што нема да има никаков проблем во испораката на топлинска енергија.

„Кога ТЕ-ТО работеше во изминативе години, имаше доста зимски месеци и кога не работел ТЕ-ТО, бидејќи не им одговорале пазарните услови“, рече Бислимоски, додавајќи дека и во тие периоди граѓаните добивале парно греење од топланите.

Инаку, АД ЕСМ веќе обезбеди преку  „Макпетрол“ руски гас од „Газпром“ за до крајот на октомври. Премиерот Димитар Ковачевски објасни дека ако енормно се зголеми цената на гасот или ако има прекин во неговата испорака во наредниот период, тогаш скопските топлани имаат можност да работат и на алтернативно гориво, односно на мазут.

За само една недела бројот на грипозни пораснал за 61,7 отсто

Во текот на петтата недела од 2025 година, во Македонија се пријавени 3.036 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, за 61,7 отсто повеќе во споредба со...

Промовирана веб-страницата на Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство

Со помош и поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство, изработи веб-страница, која ќе служи како основа за промовирање на...

Зеленски: Севернокорејските трупи се вратија на фронтот во Курск

Украинскиот претседател Володомир Зеленски, изјави дека севернокорејските трупи се вратиле на фронтот во руската област Курск, по информациите дека Москва ги повлекла своите трупи поради големи загуби, пренесува „Гардијан“. „Имаше нови напади...

Подобри игри во најава Crimson Desert, Dune Awakening и Doom: The Dark Ages

Игрите „Crimson Desert“, најновата „Dune: Awakening“, како и најавената „DOOM The Dark Ages“ се најавени за годинава. Се очекуваат да бидат масовно играни особено играта за Dune: Awakening која е носталгична...

За само една недела бројот на грипозни пораснал за 61,7 отсто

Во текот на петтата недела од 2025 година, во Македонија се пријавени 3.036 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, за 61,7 отсто повеќе во...