fbpx

ЕСМ: Во 235 згради во Скопје нема услови за почеток на грејната сезона

Овие 235 станбени објекти имаат дефекти во внатрешна инсталација, екипите на ЕСМ немаат пристап до топлинските станици или немаат електрична енергија во топлинските станици

-

Во 235 згради во Скопје не се обезбедени услови за почеток на грејната сезона преку централното парно греење, информираат од ЕСМ.

Од компанијата која стопанисува со системот за топлинска енергија во главниот град посочуваат дека овие 235 станбени објекти имаат дефекти во внатрешна инсталација, екипите на ЕСМ немаат пристап до топлинските станици или немаат електрична енергија во топлинските станици.

Од ЕСМ апелираат потрошувачите да ги отстранат евентуалните пречки и дефекти во внатрешната инсталација а заедниците на станари или управителите на зградите да овозможат непречен пристап на службените лица до топлинската станица, како и да обезбедат постојано напојување на топлинската станица со електрична енергија (платени сметки за електрична енергија за топлинската станица и функционална електрична инсталација).

Тие ги повикаа потрошувачите, пред да пријават дефект или рекламација, да проверат дали нивниот објект е на листата на моментално затворени објекти кај кои нема услови за испорака на топлинска енергија на овој линк: (esm-snabduvanje.mk).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...