Конечно борбата со Артас -Лич Кинг доаѓа во WoW Classic

Ова претставува обид на Близард да ги привлече повозрасните играчи назад во играта

World of Warcraft Eldridzh Скриншот од лична архива се користи со дозвола

Конечно борбата со Артас -Лич Кинг доаѓа во WoW Classic. Утре на 12 октомври се отвара рејдот Ајскраун Ситадел.

Многумина играчи го знаат добро ликот на Артас уште од Warcraft 3, а ја знаат и приказната за тоа како тој го корумпираше мечот Фростмоурн. Со тоа, тој од паладин се претвори во детнајт и крал на Scourge-от (Немртвите) со исклучок на расата Форсејкен.

Многумина гејмери кај нас ги имаат преиграно сите кампањи на Warcraft 3 и имаат играно мрежно по некогашните играчници. Затоа овој рејд има сентиментални влијание. Всушност, тоа претставува обид на Близард да ги привлече повозрасните играчи назад во играта.

Погледнете ја неверојатната нова анимација за трејлерот-направена од креаторот на содржини Хурикејн: 

Секако дека играта нема да биде комплетно иста како што беше играна своевремено. Но, експанзијата Wrath of the Lich King е вреднувана како најдобрата експанзија воопшто на WoW. Новитетите што доаѓаат во WoW Classic се однесуваат на многу нови предности за играчите. Улогата на Dungeon Finderot се враќа во игра и сега играчите можат со рандом луѓе да грајндаат данџени и за левел и за гирскор. Heirlooms ајтемите за левелирање алтови се враќаат во играта и тоа може да се бираат од мени исто како во регуларната WoW во посебен таб. Исто така и моунтовите ќе ги има за избор во посебен таб, сите ваши добиени змејови, мамути, коњи и волци и се друго што имате а можете да го јавате.

Во самите данџени ќе има и посебни бафови во хероик верзиите што ќе ги дава NPC и ќе бидат преставени со голема топка која емитира светлина. Исто така и во ICC (IceCrown Citadel) ќе има временски бафови што појачуваат и лечење и дпс и торнс аура за тенкови која враќа демиџ на босот секогаш кога ќе се случи блок или парирање.

Ќе има и други два рејда -Руби Санктум каде има еден бос змеј што дропа змејови за летање. Се враќа и рејдот Ваулт оф Арчевон каде може да се добијат најаките чизми и легс армор. Преку крафтањето и репутацијата наречена Ashen Verdict ќе можете да земете и комплетирате најсилен оклоп исто така се враќа и прстенот што се надградува со оваа репутација- којшто на максимум е најдобар прстен во Класик WoW. Се добиваат и рецепти за крафтање опрема и Primordial Saronite што ќе користи за добивање на легендарното оружје – ексклузивната секира за вориор, детнајт и паладин наречена Shadowmourne.

И за класик верзијата на WoW, Близард бараат месечна претплата иако не мора посебно да се купува играта.