Испробајте го демото на Assassin’s Creed Mirage на Epic Games до 30 април

Дејството на играта се одвива во златната доба на Исламот во Багдад

Промоцијата на Epic Games за демото, односно trial (пробната), верзија на Mirage, најновиот наслов во Assassin’s Creed (AC) серијалот, може да се испроба до 30ти април бесплатно. Дејството на играта се одвива во златната доба на Исламот во Багдад, а за играта имаме пишувано и кога првпат беше првпат најавена.

За да го играте демото прво мора да направите акаунт на Epic Games. Следно треба да ја најдете играта во Laucher-от (што мора да се симне за да се користи), па да одберете Demo за 0 евра. Имајте на ум дека играта зафаќа 40 гигабајти мемориски простор, што е прилично обемно за демо за игра.

Оваа промоција со бесплатно демо е обид на Ubisoft во соработка со Epic Games да ги наведат играчите да ја купат играта. За жал, само два часа може да го играте демото. Но, ако ја купите играта по испробувањето на демото добивате „outfit“ односно комплетно нов црн скин за протагонистот (скинот на викингот „Еивор“ во црна варијанта). Дополнително, доколку ја купите играта, ќе можете да продолжите со приказната таму каде што сте застанале со демото.

Играта е правена според моделот на првата во серијалот Assassin’s Creed (која инаку моментално се продава на Steam на 75% попуст и чини само 2 и пол евра до 29 април). Таа е позната како „играта со Алтаир” (чие име преведено од арапски значи “Орел”) ” но во оваа игра играте друг убиец со име Басим (чие име преведено од арапски е “Оној којшто се смее”) кој се појавува и AC Valhalla, која, пак, е најнегативно критикуваната од најновите делови, освен делот со битките со нордиските богови Ragnarok Edition.

Сепак, и AC Mirage немаше добар почеток. Иако неодамна излезе играта, таа има многу багови и повторно е „на сила” правилото од првите неколку дела од франшизата каде со држење блок и со контраудар можете да сотрете цел гарнизон војска што ве има опколено.

Приказната за Басим е интересна затоа што тој е реинкарнација на Локи, нордискиот бог, но исто така и човек што ги има сеќавањата на Локи од Изгубената Голема Технолошка Цивилизација и се „бори сo себе” да ги скроти негативните нагони на Локи за измама и убивање.

Базичната верзија на играта може да се купи за 50 евра, Делукс изданието за 60, а комплетната верзија со сите бонуси, односно Master Assassin Edition, чини дури 90 евра.

Демото вреди да се испроба – со Assassin’s Creed серијалот нема промашување која било игра и да ја одберете (без разлика на „вечно незадоволните“ играчи со нивните небитни сосема негативни критики по YouTube за одредени делови). Сите наслови во серијалот „стареат како добро вино” – графички се одлични и до ден денес сите се одлично оптимизирани и играњето оди глатко и на основни гејмерски компјутери. Возрасната граница за овие игри е  означена како „18+“. Дополнително, тимот на е мултикултурен и приказните што ги создаваат се инспирирани од историски настани и воедно се залагаат за недискриминација по било која основа.