Најавена најнова Assassin’s Creed игра наречена AC Mirage

AC Mirage слика од Ubisoft
AC Mirage, фото од Ubisoft

Најавена e најновата Assassin’s Creed игра наречена Assassin’s Creed Mirage. Дејството се одвива во Багдад а главниот лик е Басим од Assassin’s Creed Valhalla, играта е за целото негово минато како од почетник станува мајстор Assassin.

Најновата AC игра структурално ќе биде многу слична со начинот на којшто беше изработена првата AC игра со Алтаир. Односно ќе има неколку карактеристики што и тогаш беа привлечни, но потоа се разобличија со следните делови од играта во други бранши на развој. Имено ќе има поголем акцент на играњето со „стелт” што не само што ќе ја пролонгира играта туку ќе ја направи и посодржајна. Потоа ќе има цел жив исполнет град каде ќе има повеќе интеракции, а и најавено е дека и „паркур” системот за качување по ѕидови и други површини ќе биде надграден.

Иако е познато дека приказната е изменета историја базирана на реални ликови, од самиот трејлер може да се види дека изгледот на Багдад во минатото во самата игра црпи инспирација од многубројните постари филмови за „Али Баба и 40-те разбојници”, анимираните филмови за „Аладин” од Дизни и компјутерските игри на тема „Аладин”.

Најавени се и уште неколку следни наслови за AC игри и тоа се работи за пет нови наслови во изработка:

Assassin’s Creed: MIRAGE, Assassin’s Creed: PROJECT RED, Assassin’s Creed: PROJECT HEXE, Assassin’s Creed: PROJECT JADE и Assassin’s Creed: PROJECT NEXUS. 

AC Nexus ќе биде игра во Виртуелна Реалност (VR), АC Jade ќе биде игра за мобилни телефони, додека другите три, Mirage заедно со Red и Hexe ќе бидат во склоп на интернет сервисот на Ubisoft наречен Assassin’s Creed Infinity за која имаме и претходен напис уште кога беше првпат најавено. Аssassin’s Creed Infinity всушност ќе почне како игра сместена во Јапонија -нешто што фановите со душа го чекаат со години, додека деловите Neo/Hexe ќе бидат сместени во периодот на Римската Империја и ќе има и судења на вештерки во игрите од овој период. 

Што се однесува до датумите на излегување на игрите ќе цитираме твит на Том Хендерсон кој вели:

 “За сите што се прашуваат за датумите на излегување на игрите: Слушнав дека Mirage ќе излезе во 2023, Project Red е закажана за 2024, и Hexe требаше да биде до 2025, ама е избуткан датумот за 2026 година.” 

Изгледа дека Ubisoft конечно почна да ги слуша сугестиите на фановите и се труди да направи нов бран на Assassin’s Creed игри што со сигурност нема да разочараат, но ќе го задржат квалитетот и ќе понудат многу повеќе.