четврток, 22 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: грејна сезона | 32 резултати

Почна новата грејна сезона, греењето ќе зависи од температурите

15 октомври 2024

Од денес, 15 октомври, започна грејната сезона 2024/2025 година за потрошувачите што се приклучени на системот за централно греење во градот Скопје, управуван од АД ЕСМ, соопштија од Електрани на Северна Македонија. Од таму велат дека испораката на топлинска енергија до потрошувачите ќе се врши во периодот од 6 до 22 часот, следејќи строго утврдени […]

Од утре почнува грејната сезона, ЕСМ со апел до потрошувачите да ги отстранат дефектите

14 октомври 2024

ЕСМ упати апел до потрошувачите и заедниците на сопственици што побрзо да ги отстранат дефектите на внатрешните грејни инсталации и да обезбедат непречен пристап до топлинските станици, како и континуирано напојување со електрична енергија, пред да започне грејната сезона на 15 октомври. Ова вклучува плаќање на сметките за електрична енергија за топлинските станици и одржување […]

Грејната сезона започнува на 15 октомври

30 септември 2024

Грејната сезона започнува на 15 октомври и ќе заврши на 15 април, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ). Доколку прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е еднаква или помала од 12 Целзиусови степени, тогаш грејната сезона може најрано да започне од 1 октомври и да заврши најдоцна […]

Директорите на ЕСМ и РКЕ разговарале за изгорениот топловод под мостот Беласица

11 септември 2024

Директорот на РКЕ, Марко Бислимоски и новиот директор на ЕСМ Ласо Узунчев на денешната средба разговарале за цевководот под мостот „Беласица“ кој изгоре пред 16 месеци Како што соопшти РКЕ, тие разговарале да се стави повторно во функција овој топловод, за што наводно преземале соодветни чекори тој простор во иднина да биде соодветно обезбеден „за […]

Поради ладното време, од утре повторно парно во Скопје

17 април 2024

Грејната сезона во Скопје од утре ќе продолжи поради временските услови, соопшти ЕСМ. Од таму информираа дека се создадени услови за продолжување на грејната сезона, односно предвидена е средна дневна температура од 11 Целзиусови степени во текот на утрешниот ден. Снабдувањето со топлинска енергија по правило се врши до 15 април, но грејната сезона може […]

ЕСМ подготвено за грејната сезона, цената на парното ќе се знае идната недела

25 октомври 2023

АД ЕСМ се подготвени претстојната грејната сезона, констатирале денеска на состанок генералниот директор на компанијата, Васко Стефанов и директорот на производство од термоелектрани, Љубчо Кижевски со стручниот колегиум на РЕК Битола. Од претпријатието информираат дека согласно потребите на потрошувачи и на универзалниот снабдувач, изготвен е производствен план кој оваа грејна сезона ќе гарантира непрекинато снабдување […]

Нема парно греење во Кисела Вода, дефект ја прекина испораката на топлинска енергија

16 октомври 2023

Дефект (губење на вода) на дистрибутивната мрежа утрово предизвика прекин на испораката на топлинска енергија за дел од потрошувачите во населбата Кисела Вода, информираат од ЕСМ Дистрибуција. „Екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина веќе се на терен и интензивно работат на  лоцирање на дефектот, со цел истиот да биде изолиран и саниран. Поради големината на […]

ЕСМ потврди дека ќе ја започне новата грејна сезона, граѓаните ќе се разбудат со топли радијатори

14 октомври 2023

Од утре, 15 октомври, започнува грејната сезона 2023/2024 за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во градот Скопје со кој управува ЕСМ, соопшти компанијата по објавата на РКЕ дека според прописите, грејната сезона почнува во средината на месецов. РКЕ: Грејната сезона почнува утре „Во тек на грејната сезона, испораката на топлинска енергија ќе се […]

ЕСМ: Во 235 згради во Скопје нема услови за почеток на грејната сезона

11 октомври 2023

Во 235 згради во Скопје не се обезбедени услови за почеток на грејната сезона преку централното парно греење, информираат од ЕСМ. Од компанијата која стопанисува со системот за топлинска енергија во главниот град посочуваат дека овие 235 станбени објекти имаат дефекти во внатрешна инсталација, екипите на ЕСМ немаат пристап до топлинските станици или немаат електрична […]

Додека се санираат цевките на мостот на Беласица, ќе се користи водот од железничкиот мост

3 октомври 2023

Парно во Скопје од 15 октомври ќе има, граѓаните треба да бидат спокојни, порачуваат од Електрани на Северна Македонија (ЕСМ). Додека траат активностите за поставување на новите цевки од топловодот на мостот Беласица, АД ЕСМ ќе го користи алтернативниот вод на железничкиот мост преку кој има капацитет да се врши континуирана испорака на топлинска енергија […]

ЕСМ-Снабдување апелира зградите поврзани на парно да се подготват за новата грејна сезона

30 септември 2023

Потрошувачите, заедниците на сопственици на станови и управителите да проверат дали зградите се подготвени за грејната сезона 2023/2024, апелираше денеска ЕСМ-Снабдување со топлина. Од компанијата повикаа потрошувачите да ги завршат интервенциите на внатрешната грејна инсталација, да овозможат пристап до топлинските станици и да обезбедат довод на електрична енергија во подстаницата за да може испораката на […]

ЕСМ: Започна отстранувањето на опожарениот топловод на мостот „Беласица”

14 јули 2023

Екипи на АД Електрани на Северна Македонија, денеска започнаа да го отстрануваат опожарениот топловод на мостот „Беласица”, кој беше оштетен пред околу два месеци, соопштија оттаму. Предвидено е, додаваат во претпријатието, демонтажата да се заврши во најкус можен рок, за во следната грејна сезона која почнува во октомври 2023 да има сигурна и непрекината испорака на […]

ЕСМ ги започна подготовките за следната грејна сезона

9 јуни 2023

АД ЕСМ ги започна подготовките за следната грејна сезона, информираа од АД Електрани на Северна Македонија. Во наредните неколку месеци ќе се прават ремонти во сите производствени капацитети за зголемувањето на нивната доверливост со цел, како што велат, компанијата да ги произведе потребните количини електрична енергија. Од ЕСМ информираат дека во моментов во РЕК Битола […]

Започна грејната сезона во Скопје, АД ЕСМ ветува топли радијатори цела зима

15 октомври 2022

Започна грејната сезона во Скопје. Радијаторите се затоплија, а како што најави министерот за економија Крешник Бектеши, парно греење ќе има до крајот на сезоната и посочи дека граѓаните не треба да стравуваат бидејќи институциите се подготвени да обезбедат енергенси за целата зима. Министерот денеска беше во посета на Топланата Исток, заедно со директорот на […]

ТЕ-ТО да ги грее скопјани со гас од Србија, а струјата да му ја продадеме на Белград

28 септември 2022

С. Македонија и Србија разговараат за договор за снабдување на земјава со природен гас за непречено функционирање на комбинираната електрана ТЕ-ТО во Скопје. Владиниот советник за енергетика, Виктор Андонов на денешната прес-конференција информираше дека со северниот сосед се разговара за увоз на неопходните количества на природен гас, кои ќе бидат потребни за работење на ТЕ-ТО […]

Поради руската агресија Украина ќе се соочи со една од најстудените зими

29 август 2022

Украинските граѓани ќе се соочат со една од најстудените зими во изминативе децении, а веќе е сигурно дека системите за парно греење ќе се вклучат подоцна од вообичаеното и ќе се изгаснат порано од досега предвиденото во текот на грејната сезона, изјави директорот на украинската државна енергетска компанија „Нафтогаз“, Јуриј Витренко, пишува Гардијан. Тој додава […]

Грејната сезона завршува денеска, но и наредните денови во Скопје ќе има парно

15 април 2022

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги денеска извести дека грејната сезона во Скопје завршува денеска, но и тие и Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) информираа дека топлинска енергија ќе продолжи да се испорачува за граѓаните на Скопје и по 15 април. „Со оглед на временската прогноза која најавува пониски температури за недела, понеделник и […]

Скопјани од утре ќе имаат топли радијатори, предвреме почнува грејната сезона

6 октомври 2021

Почнувајќи од утре, 7 октомври започнува испораката на топлинска енергија до потрошувачите поврзани на системите за централно греење во Скопје, најави РКЕ. Инаку, оваа година грејната сезона започнува пред официјалниот старт на 15 октомври, поради тоа што просечнaта дневна температура за следниот ден е пониска од 12 степени. Регулаторната Комисија за Енергетика (РКЕ) даде одобрение […]

РКЕВУ: Грејната сезона може да започне и порано

25 септември 2021

Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕВУ) соопшти дека доколку прогнозата за средната надворешна температура за следниот ден е помала или еднаква на 12 Целзиусови степени, грејната сезона може да започне и порано, односно на 1 октомври. „Официјално грејната сезона започнува од 15 октомври и трае до 15 април следната […]

Скопјани се жалат на млаки радијатори, БЕГ вели дефекти нема, а топлина се испорачува

10 ноември 2020

Млаки радијатори и студени домови. Голем број скопјани се жалат дека во изминатиот период иако грејната сезона започна пред речиси еден месец, смрзнуваат во своите домови. Особено е студено наутро и навечер, а дневните температури, кои периодов се нешто повисоки од очекуваните, велат тие, не можат да им ги затоплат домовите. Поплаки има од сите […]

Страна 1 од 2