fbpx

ЕСМ подготвено за грејната сезона, цената на парното ќе се знае идната недела

Директорот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски најави дека до крајот на овој месец, односно најдоцна до понеделник или до вторник ќе биде донесена одлуката за цената на парното греење во Скопје

-

АД ЕСМ се подготвени претстојната грејната сезона, констатирале денеска на состанок генералниот директор на компанијата, Васко Стефанов и директорот на производство од термоелектрани, Љубчо Кижевски со стручниот колегиум на РЕК Битола. Од претпријатието информираат дека согласно потребите на потрошувачи и на универзалниот снабдувач, изготвен е производствен план кој оваа грејна сезона ќе гарантира непрекинато снабдување со струја на граѓаните.

„На средбата беше истакнато дека преземени се сите неопходни чекори, во сите подружници на АД ЕСМ, за да се обезбеди и годинава стабилно производство на домашна електрична енергија. Најголемиот производствен капацитет на државните електрани, РЕК Битола, денес работи со сите три блока на мрежа. Залихите на ископан јаглен во РЕК Битола во моментов изнесуваат околу 450.000 тони, а откриени се доволни количини и во рудниците за континуирано снабдување на термоелектраните“, наведено е во соопштението од АД ЕСМ.

Во меѓувреме, денеска и директорот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски најави дека до крајот на овој месец, односно најдоцна до понеделник или до вторник ќе биде донесена одлуката за цената на парното греење во Скопје.

„До крајот на месецов, најдоцна до понеделник или до вторник ќе ја донесеме одлуката за цената на парното греење во Скопје, бидејќи е исполнето она на што инсистиравме и што го баравме четири месеци, започнаа активности за санација на мостот „Беласица“ во Скопје“, рече Бислимоски, кој увери дека нема да се дозволат ценовни шокови.

Тој кажа и дека постапката за определување на цената на парното ќе ја продолжат со податоците од компаниите кои ги добил во јуни.

„Вчера побаравме одредени апдејтирани податоци за трошоците за набавка на природен гас, бидејќи се поминати веќе три месеци. Тоа го направивме со цел да имаме поточна и попрецизна одлука“, рече тој.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...