fbpx

Маричиќ-Вархеји: Европската перспектива на Западен Балкан го прави дофатливо членството во ЕУ

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји на средбата го најавил новиот Извештај за напредокот на Северна Македонија за 2023 година, за кој укажал дека во оваа фаза од процесот на пристапување на С. Македонија во ЕУ ќе ги постави целите многу повисоко

-

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во Брисел оствари средба со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, на која тема на разговор биле домашните актуелни политички настани, текот на скрининг процесот и очекувањата пред објавувањето на Извештајот за напредокот за 2023 година.

На средбата вицепремиерот Маричиќ потенцирал дека за Владата членството во ЕУ останува клучен надворешно политички приоритет и дека се прават сите напори земјава да остане во процесот на преговори и да напредува со другите држави од регионот, се вели во соопштението од кабинетот на Маричиќ.

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји на средбата го најавил новиот Извештај за напредокот на Северна Македонија за 2023 година, за кој укажал дека во оваа фаза од процесот на пристапување на С. Македонија во ЕУ ќе ги постави целите многу повисоко, но и насоките во Патоказите за подобрување на резултатите во сите области.

На средбата, велат од Кабинетот на заменик претседателот на Влада задолжен за  европски прашања, бил даден осврт и на новиот план на ЕУ за забрзана интеграција на Западен Балкан, за кој соговорниците биле согласни дека е добра и силна порака за регионот.

Плановите на ЕУ и посветеноста на европската перспектива на Западен Балкан, според Маричиќ, го прави членството во ЕУ на дофатливо. Тој смета дека треба да се искористи овој позитивен политички момент, бидејќи е шанса за која не се знае кога и дали другпат ќе се појави.

Вицепремиерот Маричиќ денеска ќе се сретне и со директорот на Генералниот директорат за соседска политика и преговори за проширување при Европската комисија (ГД НЕАР), Герт Јан Копман и со еврокомесарот за буџет и администрација, Јоханес Хан, а ќе земе учество и на дводневниот Форум „Глобална порта“, на кој домаќинка е претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која ќе има и воведно обраќање.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...