fbpx

Четири години во НАТО: Светската безбедносна слика е доказ за исправноста на одлуките

Ние ги гледаме и слушаме ужасите низ светот, но без страв за нас оти знаеме дека НАТО е најсилната безбедносна гаранција. Тоа е доказот дека секоја направена жртва – вредеше, истакна техничкиот премиер Џафери

-

На свечена седница, Владата на РСМ денеска ја одбележа четвртата годишнина од членството на земјава во НАТО. На седницата учествуваа членовите на Владата, а претседаваше техничкиот премиер Талат Џафери, кој истакна дека државата повеќе не сонува за оваа стратешка цел, туку активно придонесува и е ценет член на најмоќната одбранбена Алијанса во светот.

„Гледајќи ги актуелните кризи во светот и сите разгорени жаришта, се докажува исправноста на сите тешки одлуки кои не доведоа до денешното членство во НАТО. Ние ги гледаме и слушаме ужасите низ светот, но без страв за нас оти знаеме дека НАТО е најсилната безбедносна гаранција. Тоа е доказот дека секоја направена жртва – вредеше“, истакна Џафери.

Членството во НАТО претставува значаен придонес кон изградбата на стабилен и безбеден регион, што е од посебна важност во овој период на актуелните безбедносни предизвици предизвикани од руската воена агресија во Украина, рече во своето обраќање на седницата министерот за надворешни работи Бујар Османи.

„Како членка на НАТО, Северна Македонија не претставува само фактор на стабилизација на регионот, туку и поттик за земјите во нашето соседство, кои имаат волја и се подготвени да застанат зад заедничките евроатлантски вредности и цели”, рече Османи.

Министерката за одбрана Славјанка Петровска рече дека првата клучна придобивка од членството во НАТО е што „повеќе никогаш нема да стане збор дали нашиот суверенитет, интегритет и безбедноста на граѓаните може да биде загрозена“.

„За една држава која има нешто повеќе од три децении независност и се наоѓа на Балканот, членството во НАТО значи огромна потврда на нејзината позиција на меѓународен план и голем успех. Значи безбедноста е на прво место, потоа се разбира таа безбедност и стабилност гарантира инвестиции и подобра економска состојба во државата. Затоа членството во НАТО беше стратешка цел на државата од првиот момент на нејзиното осамостојување, и треба да бидеме горди што ја реализиравме“, кажа министерката Петровска.

На седницата се обрати и првиот вицепремиер Бојан Маричиќ, кој рече дека денешниот ден „во пракса ги демантира и скептицизмот и резервите и грчот од пред пет години“.

Северна Македонија стана членка на НАТО на 27 март 2020 година. Пристапот кон Алијансата следуваше по решавањето на долгогодишниот спор со Грција и потпишувањето на Преспанскиот договор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...