УНИЦЕФ: Партиите имаат можност да ги стават децата, младите и семејствата во центарот на своите програми

Децата сочинуваат дваесет проценти од резидентното население од 1,84 милиони, што изнесува околу 180.000 девојчиња и 192.000 момчиња под 18 години. Тие се важен дел на општеството и покрај тоа што всушност не гласаат токму сега, велат од УНИЦЕФ

-

Во пресрет на изборите, сите политички партии имаат можност да ги стават децата, младите и семејствата во центарот на своите изборни програми и да дадат конкретни ветувања за секое дете да има пристап до квалитетни услуги и повеќе можности да гради подобра иднина за себе и за земјата. Ова го порачаа од УНИЦЕФ во отвореното писмо до сите политички партии пред изборите што ќе се одржат во април и мај.

„Децата сочинуваат дваесет проценти од резидентното население од 1,84 милиони, што изнесува околу 180.000 девојчиња и 192.000 момчиња под 18 години. Тие се важен дел на општеството и покрај тоа што всушност не гласаат токму сега. Во не толку далечна иднина, тие ќе бидат лидери на своите семејства, заедници и на земјата. Не само што ќе ја обликуваат иднината на земјата, туку и ќе формираат важни политички ставови врз основа на овие избори“, пишува во отвореното писмо.

Од ратификувањето на Конвенцијата за правата на детето, пред нешто повеќе од 30 години, пишува УНИЦЕФ, и од усвојувањето на Агендата 2030 за одржлив развој во 2015 година, земјата постигна значителен напредок во унапредувањето на правата на децата и адолесцентите – девојчињата и момчињата.

УНИЦЕФ потсетува дека во септември 2022 година, Комитетот за правата на децата ги усвои своите Заклучни забелешки за напредокот на земјата во остварувањето на правата на детето, нагласувајќи ги препораките кои бараат итно внимание, во пет области: координација, недискриминација, насилство врз децата, деца со попреченост, здравство и здравствени услуги.

„Многу од истите овие прашања, вклучително и напорите да се обезбеди квалитетно образование за секое дете, се истакнати во извештајот на ЕУ. Овие препораки може да се користат за дефинирање на клучните и приоритетни политики во вашите изборни програми“, се вели во отвореното писмо на УНИЦЕФ.

Од организацијата порачуваат дека претстојните избори се можност да се изработат политики насочени кон семејството, младите и децата, што ќе резултираат со подобра земја.

„Сите партии имаат улога во градење земја каде сите деца и млади ќе можат да го остварат својот потенцијал. Многу критични реформи бараа, но и натаму ќе бараат повеќегодишна посветеност од сите носители на одлуки како што се воведувањето на Европската детска гаранција, образовната реформа; реформата на системот за детска заштита, правосудните и други законодавни реформи; реформите за подобрување на пристапот до програми за превентивна здравствена заштита на децата, и други реформи за поддршка на семејствата, вклучително и семејствата на децата со попреченост“, велат од УНИЦЕФ.

Училиштата повторно мета на сајбер напади, утрово на мејл им стасале лажни дојави за бомби

Нови лажни дојави за бомби утрово стасале во неколку училишта во Скопје, на нивните службени мејлови. Во Министерството за внатрешни работи (МВР) ја потврдуваат информацијата и најавуваат повеќе детали во текот...

(ГАЛЕРИЈА) Мета од Белград: Борбата на српските студенти и граѓани не стивнува

Повеќе од три месеци поминаа од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, Србија, а граѓанските протести и студентските блокади со барања за утврдување одговорност за несреќата и спроведување на правата...

Театарската претстава за млади „Чудо“, ќе биде изведена во понеделник во „Јадро“

Новата театарска претстава за млади „Чудо“, со текст и режија на Хана Миленковска, како и младата актерската екипа: Мартина Даниловска, Наум Ѓорѓиески, Ангела Пејковска, Димитар Паскоски и оригинална музика на Ади...

Бројот на ковид случаи во јануари е за 3,3 пати поголем во споредба со декември

Во текот на 2025 година, а заклучно со 2 февруари, регистрирани се вкупно 20 заболени лица од ковид-19. Бројот на заболени лица во месец јануари е за 3,3 пати поголем во...

Училиштата повторно мета на сајбер напади, утрово на мејл им стасале лажни дојави за бомби

Нови лажни дојави за бомби утрово стасале во неколку училишта во Скопје, на нивните службени мејлови. Во Министерството за внатрешни работи (МВР) ја потврдуваат информацијата и најавуваат повеќе детали...