fbpx

ЕСМ потврди дека ќе ја започне новата грејна сезона, граѓаните ќе се разбудат со топли радијатори

Производните капацитети во двата системи и дистрибутивните мрежи се спремни за почеток на претстојната грејна сезона. Санирани се сите дефекти на дистрибутивната мрежа кои беа лоцирани во текот на летниот ремонтен период, извршени се ладните проби во дистрибутивниот систем како и редовните проверки на подстаниците и на нивната функционалност

-

Од утре, 15 октомври, започнува грејната сезона 2023/2024 за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во градот Скопје со кој управува ЕСМ, соопшти компанијата по објавата на РКЕ дека според прописите, грејната сезона почнува во средината на месецов.

РКЕ: Грејната сезона почнува утре

„Во тек на грејната сезона, испораката на топлинска енергија ќе се врши од 6-22 часот по строго утврдени правила и дијаграми. Според овие правила, на почетокот од грејната сезона во месеците октомври и првата половина на ноември кога надворешните временски услови се променливи, снабдувањето со топлинска енергија на потрошувачите зависи од надворешните температури и од атмосферските услови во различни периоди од денот. При одредени атмосферски услови во периодите на високи надворешни дневни температури, се прекинува испораката на топлинска енергија“, порача Александра Маројевиќ, помошник на директорот за производство од АД ЕСМ.

Таа уверува дека компаниите формирани од страна на акционерското друштвото АД ЕСМ, како и подружницата Енергетика се подготвени за сигурно, безбедно и континуирано производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија во претстојната грејна сезона за потрошувачите на подрачјето на дел од градот Скопје.

Од вкупно 63.000 потрошувачи (домаќинства, деловни објекти и институции), 61.000 се снабдуваат преку новоформираните фирми на ЕСМ за Производство, Дистрибуција и Снабдување, додека 2.000 потрошувачи се снабдуваат преку подружницата ЕСМ-Енергетика.

Производните капацитети во двата системи и дистрибутивните мрежи се спремни за почеток на претстојната грејна сезона. Санирани се сите дефекти на дистрибутивната мрежа кои беа лоцирани во текот на летниот ремонтен период, извршени се ладните проби во дистрибутивниот систем како и редовните проверки на подстаниците и на нивната функционалност, посочува Маројевиќ.

Додека траат активностите за поставувањето на новите цевки на мостот Беласица ќе се користи алтернативниот вод на железничкиот мост кој има капацитет да се врши континуирана испорака на топлинска енергија до потрошувачите вклучувајќи ги и количините кои ќе ги испорачува ТЕ-ТО.

Од АД ЕСМ апелираат до потрошувачите и “Управителите” односно “Заедниците на сопственици” да ги отстранат дефектите на внатрешната грејна инсталација во најкус можен рок и истото веднаш да го пријават во Центарот за грижа за потрошувачи, да овозможат непречен пристап на екипите на компанијата до топлинската станица, како и да обезбедат постојано напојување на топлинската станица со електрична енергија (платени сметки за електрична енергија за топлинската станица и функционална електрична инсталација).

За потрошувачите на ЕСМ Снабдување со топлина:
Центар за грижа на потрошувачи (24/7): 02 3076 200 и 075 400 100
За потрошувачите на ЕСМ- Енергетика
Дефекти и протекување (24/7): 071 313 405
Центар за грижа на корисници (пон-петок,07.00–19.00): 02 3104 816
Рекламации за квалитет на греење (пон-петок, 07.00-19.00): 02 3104 872

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...