Не е точно дека Хамас го заробиле израелскиот генерал Нимрод Алони

Според адмиралот Даниел Хагари, портпарол на израелската војска, високиот воен генерал, Алони не е во рацете на Хамас. Хагари на новинарите во саботата им изјавил дека тврдењата оти Алони е заробен се невистинити

Фото: исечок од видеото во рецензираниот Фејсбук пост

Според адмиралот Даниел Хагари, портпарол на израелската војска, генералот Алони не е во рацете на Хамас. Хагари на новинарите во саботата им изјавил дека тврдењата оти Алони е заробен се невистинити. Алони јасно може да се види дека кратко се појавува во видео каде високи воени лица разговараат за последните случувања во Израел. Состанокот е од саботата и беше објавен на официјалниот Јутјуб канал на израелската војска. Војската на Израел, исто така, објaви фотографии од состанокот на социјалната мрежа Икс, а  најлево на  последната фотографија може да се види Алони, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук  е споделен текст со наслов: Хорор сцени од Израел! Заробен генерал, ова е вистински масакр (вознемирувачки видеа).

Екстремистите на Хамас упаднаа во израелски воен камп а снимката е брутална. Нагласуваме дека тоа не е официјална информација ниту пак е објавена од Израел.

Дојдовме до снимки кои се крајно вознемирувачки погледнете.

Еден израелски командант беше заробен од Хамас, Нимрод Алони. На видеото наводно се гледа генералот со други затвореници, сите лежат во воен камион. Војниците беа масакрирани тенковите уништени, Израел фатен на спиење и извршија слетување.

Официјално не е потврдено дека Хамас го погребал генералот Ајони, пишува во текстот.

Видеото кое се споделува во него воопшто не покажува заробување на генералот Ајони. Ниту, фотографијата која е придружен дел од написот не покажува дека генералот е заробен од Хамас, туку таа е негова официјална фотографија.

Како што пишуваат проверувачите на факти на Асошиејтед Прес, портпарол за израелските одбранбени сили, за новинарите во саботата изјавил дека тврдењата оти Алони е заробен се невистинити. Алони може да биде виден во видео и фотографии каде високи израелски воени лица разговараат за конфликтот во саботата.

Откако Хамас го нападна Израел во саботата, невистинити тврдења дека генералот од израелската воjска бил еден од заробениците се проширија на социјалните мрежи. Таков е случајот и во објавата што е предмет на нашата рецензија.

Но, според адмиралот Даниел Хагари, портпарол на израелската војска, високиот воен генерал, Алони не е во рацете на Хамас. Хагари на новинарите во саботата им изјавил дека тврдењата оти Алони е заробен се невистинити.

 

Алони јасно може да се види дека кратко се појавува во видео каде високи воени лица разговараат за последните случувања во Израел, состанокот е од саботата и беше објавен на официјалниот Јутјуб канал на израелската војска.

Војската на Израел, исто така, објави фотографии од состанокот на социјалната мрежа Икс, а на последната може да се види Алони најлево на фотографијата.

Израелската армија за Асошиејтед Прес потврди дека Алони е човекот кој се појавува во видеото и фотографијата.

Од војската на Израел соопштија дека милитантите на Хамас држат во заробеништво израелски цивили и војници во Газа. Портпаролот на израелската војска во неделата утрото кажа  дека две ситуации со заложници се решени, но не кажа дали сите заложници се спасени и извлечени живи.

Близу 1.600 луѓе од двете страни се убиени во последната војна меѓу Израел и Хамас до понеделникот, а илјадници се повредени.

Поради сите горенаведени факти објавата ја оценуваме како невистинита. Не е точно дека Хамас го заробиле израелскиот генерал Нимрод Алони.

hubmk