среда, 15 април, 2026
Meta.mk

Заложници на минатото: Поле за сеење омраза и гнев меѓу народите

декември 19, 2025

Зошто Северна Македонија и Бугарија остануваат заложници на историјата? Новинската агенција Мета објавува фељтон со серија написи во авторство на новинарот Борјан Јовановски преку кои ќе се обидеме да дадеме одговор на ова прашање кое преку најразлични штетни влијанија и пропаганда години наназад го кочи напредокот на македонската држава кон неопходни реформи кои ќе влијаат на подобрување на квалитетот на животот и во рамки на процесот на пристапување на земјата кон Европската унија

Заложници на минатото: Бугарскиот претседател и македонскиот премиер

декември 18, 2025

Зошто Северна Македонија и Бугарија остануваат заложници на историјата? Новинската агенција Мета објавува фељтон со серија написи во авторство на новинарот Борјан Јовановски преку кои ќе се обидеме да дадеме одговор на ова прашање кое преку најразлични штетни влијанија и пропаганда години наназад го кочи напредокот на македонската држава кон неопходни реформи кои ќе влијаат на подобрување на квалитетот на животот и во рамки на процесот на пристапување на земјата кон Европската унија

Колку чини дезинформирањето? Политичарите поттикнуваат апатија и недоверба, нанесувајќи штета на патот кон ЕУ

декември 9, 2025

Колку е поголем политичкиот интерес, толку е поголема тенденцијата за манипулирање со информациите, особено во земји со висока политичка поларизација, како што е Република Северна Македонија. Политичарите користат силни, поедноставени или искривени наративи за да ја поделат јавноста. Тие создаваат „внатрешен непријател“ или „надворешен непријател“ и користат емоционални изјави наместо факти. Ова ги прави нивните изјави поподложни на дезинформации, пишува Порталб.мк

Само сеопфатен пристап може да помогне во справување со дезинформациите

декември 6, 2025

Борбата со дезинформациите преку законско санкционирање е можна но е ризична. Потребен е многу поширок сеопфатен пристап во кој преку институционалната рамка е неопходно вклучувањето и на граѓанскиот сектор и на хармонизација на европската со домашната регулатива. Ова го покажа истражувањето помеѓу експерти и засегнати страни во врска со можноста преку санкции да се води […]

Од Смедеревката, преку Рама на чело на НАТО до хеликоптерот на Цеца – на Балканот ѓаволот ја однел шегата

декември 5, 2025

Интересни, емоционални и лесни информации. Неодоливи шеговити вести за лековерната публика, но и за поголемиот дел од медиумите, откриваат сериозна ранливост, но и механизми за ширење многу поопасни дезинформации

ДЕЗИНФО РАДАР: Антимигрантските наративи веројатно ќе се прошират низ Западен Балкан

декември 3, 2025

Информациите обезбедени од Дезинфо Радарот се претставени во концизен и лесен за читање формат и се дистрибуираат преку содржинскиот центар antidisinfo.net, преку електронски билтен, како и преку најпопуларните социјални мрежи во регионот

ДЕЗИНФО РАДАР: Делегитимизирање на граѓанските протести преку наративот за „шарена револуција“

октомври 28, 2025

Очекувани критични настани кои веројатно ќе поттикнат дезинформациски наративи во ноември 2025 г., идентификувани во текот на октомври Дезинформациите сè уште претставуваат доминантен предизвик во Западен Балкан: штетните кампањи, насочени кон клучни настани, имаат цел да ги продлабочат поделбите, да ја поткопаат довербата во демократските институции и да ја разнишаат поддршката за евроатлантската интеграција. Фондација […]

Како Кремљ ја извртува вистината: Руската пропаганда и украдените деца од Украина

октомври 27, 2025

Воената инвазија на Русија врз Украина ги создаде тие борбени зони од кои украинските деца требаше да се евакуираат. Проблемот е што евакуациите од конфликтните зони, особено на децата, мора да се во согласност со меѓународното хуманитарно право. Особено, член 78 од Дополнителниот протокол на Женевските конвенции предвидува дека децата не можат да бидат преместени […]

Милош Биковиќ, гостинот на премиерот Мицкоски, носител на руската „мека моќ“

септември 21, 2025

Гостинот на премиерот, освен што е со потекло од Берово, во 2021 година се стекна со руски пасош и државјанство и беше лично одликуван од  Путин за неговиот придонес во руската култура. „Меката моќ“ на Милош Биковиќ е значајна за Русија – тој служи како познато, симпатично лице кое не ја критикува Русија, што во ерата […]

Путин не го вратил Крим каде што му е местото

август 25, 2025

Според меѓународното право, Крим е украински, што дури и Русија некогаш го признала, а ако таа инсистира на враќање на територии на поранешните сопственици, таа треба да им го врати Калињинград (Кенигсберг) на Германците, Карелија на Финците, Сахалин и Курилите на Јапонците и Владивосток (Хајшењвеј) на Кинезите, а и да им дозволи независност на Чеченците, […]

Војната во Украина не ја води ЕУ за да гинат Украинци

јули 18, 2025

Од почетокот на агресивната воена инвазија на Русија врз Украина, во повеќе наврати пропагандата на Кремљ се обидува да ги изврти тезите односно да наметне низа оправдувања за своите напади. Вистината е дека Русија е таа којашто изврши неиспровоцирана воена инвазија врз Украина, на 24 февруари 2022 година. Да се очекува од Украина да седи […]

Објава надвор од контекст манипулира со членството на Северна Македонија во НАТО

јули 16, 2025

Правото на Украина да се брани од руската воена агресија е неприкосновено а НАТО земјите ја поддржуваат Украина во тоа право, притоа не оставајќи простор да се дојде до погрешен заклучок – дека се неспремни за одбрана и на своите територии. Војната во Украина ја почна Русија и во неа не е С. Македонија. Парите […]

Војната во Украина не е војна на ЕУ

јули 5, 2025

Не е точно дека војната во Украина е војна на Европската Унија, како што тоа сака да го прикаже објавата. Ваквото тврдење оди во прилог на про-Кремљ дезинформациите дека Русија не е виновна за војната во Украина, дека војната ја почнале ЕУ и НАТО, а Русија само се брани, пренесува Вистиномер. Анализираме објава на Фејсбук која вели: 25.000 долари […]

Што се крие зад наративот на Кремљ за елиминирање на „основните причини за конфликтот“?

јуни 1, 2025

Иако Москва со своите наративи за денацификација, за некаков геноцид врз рускиот народ во Украина, па и за елиминирање на некакви основни причини за конфликтот се обидува да ја замaгли вистината, вистинската причина за воената агресија на Путин е неговотo одбивање да го прифати постоењето на Украина и Украинците како суверена нација. За Путин и […]

„Правфонд“ финансирал руска пропаганда во Европа и на Балканот, открива меѓународно истражување

мај 24, 2025

Сѐ во врска со новинарското истражување почнало кога на данското национално радио „ДР“ му пристапил доверлив извор и му предал 49 илјади мејл пораки и повеќе од 22 илјади документи што му припаѓаат на „Правфонд“. Потоа тие материјали биле доставени до 28 медиуми во различни држави преку Проектот за известување за организиран криминал и корупција (OCCRP), […]

Дезинформациската „Бура-1516“ беснееше и во Северна Македонија

мај 19, 2025

„Бура-1516“ сега е кохерентен и зрел систем што може да биде активиран од спонзорите за дискредитација на европските и северноамериканските личности и организации особено во пресрет на големи настани како избори. Главниот таргет биле владата на Украина со семејството Зеленски, со цел да заслабне поддршката и помошта од западните земји. За таа цел тие беа […]

Парада на победата во Москва: Кога Путин говори за правда и праведност

мај 16, 2025

Путин авторитарно владее со Русија четвртина век, а на деветомајската Парада на победата има говорено 22 пати (говор на парадата стандардно држи претседателот на Русија, па Путин тоа не го правеше од 2008 до 2011 г. кога беше нејзин премиер). Низ тие негови говори провејува пропаганда, што важи и за оној последниот, но некои аналитичари […]

Пропагандниот наратив од Москва беше насочен кон „нацистичката ЕУ“

мај 4, 2025

Серија пропагандни пораки од Кремљ што беше интензивна на почетокот и средината на април ги насочи дезинформациите на социјалните мрежи, пред сè на Фејсбук на македонски јазик, врз ширење на рускиот дезинформациски наратив дека ЕУ е нацистичка творба, пишува Вистиномер во написот кој го пренесуваме во целост. Обвинувањата беа насочени кон три цели: стандардно врз […]

Парадата на победата во Москва како барометар за кондицијата на проруските наративи

мај 2, 2025

Воената парада во Москва по повод Денот на победата 9 Мај и списокот на најавени и потврдени гости, наспроти предупредувањето на Европската комисија дека овој настан е класична руска пропаганда која се обидува да ја оправда руската воена инвазија врз Украина и нејзина „денацификација“, изминативе денови продолжува да биде топ-тема во домашните медиуми и кај […]

Пропагандни видеа се шират на Фејсбук: Москва е рајот, а европските метрополи пеколот!

мај 1, 2025

Не е првпат пропагандата на Кремљ да ја прикажува Русија како заштитник на традиционалните и семејни вредности, како „чиста“ и единствено „нормална“ земја, за разлика од европските градови во кои доминира насилството, ЛГБТ доктрината, муслиманите и слично. Оттука и се вперува прстот кон Западот како „уништувач на традиционалните вредности“. Мит е дека Западот сака да […]

Страна 1 од 13