fbpx

Ирска не донесе одлука да го протера израелскиот амбасадор и да го тужи Израел пред судот во Хаг

Нема никаква официјална одлука на Ирска за протерување на израелскиот амбасадор и за поднесување тужба против Израел пред Меѓународниот суд во Хаг, како што тврди објавата што ја анализираме. Станува збор за барање и повик на лидерката на националистичката партија, Шин Фејн, Мери лу Мекдонлад, која одржала жесток говор против Израел, пишува Вистиномер.мк

-

Нема никаква официјална одлука на Ирска за протерување на израелскиот амбасадор и за поднесување тужба против Израел пред Меѓународниот суд во Хаг, како што тврди објавата што ја анализираме. Станува збор за барање и повик на лидерката на националистичка партија Шин Фејн, Мери лу Мекдонлад, која одржала жесток говор против Израел, притоа изразувајќи голема поддршка за Палестина. Но, Ирскиот парламент ги отфрли овие предлози, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Анализираме објава на Фејсбук која тврди дека Ирска официјално донела одлука да го протера израелскиот амбасадор и да го даде Израел пред Меѓународниот кривичен суд во Хаг.

Официјално. Ирска одлучи веднаш да го протера израелскиот амбасадор од Даблин и да го обвини Меѓународниот кривичен суд (МКС) за геноцид и воени злосторства, стои во објавата на Фејсбук.

Објавата споделува и видео за кое се тврди дека го претставува официјалното соопштување на одлуката на Ирска.

Проверката на Вистиномер покажа дека на видеото е лидерката на опозицијата и шефица на ирската националистичка партија Шин Фејн, Мери Лу Мекдоналд, и не е поврзана со никаква најава за протерување на израелскиот амбасадор.

Нема извештаи од веродостојни медиуми или официјални веб-страници во Република Ирска или Северна Ирска за протерување на израелскиот амбасадор од која било земја, или каква било намера да се поднесе тужба против Израел пред меѓународните судови поради војната во Појасот Газа.

Мери Лу Мекдоналд на 11 ноември годинава побара од владата на нејзината земја да го протера израелскиот амбасадор и да иницира истрага за Израел во Меѓународниот кривичен суд. Таа ги осуди акциите на Израел како варварски, брутални и воени злосторства, пишува сајтот за проверка на фактите Мисбар.

За време на нејзиниот говор, Мекдоналд, посакувајќи ѝ добредојде на палестинската амбасадорка нагласи: (од 30 до 31 минута од видеото)

Палестинскиот народ заслужува татковина откако претрпе огромни прекршувања на човековите права, расна сегрегација, угнетување, окупација, а сето тоа треба длабоко да ја вознемири нашата колективна совест. Вечерва „пеколот паѓа“ врз Газа. Газа моментално доживува немилосрден напад, што резултира со трагично губење на детски животи на секои 10 минути. И покрај тврдењата на Израел за самоодбрана, неговите дејствија се насочени кон цивили и наметнуваат колективна казна. Масакрирањето илјадници деца не е самоодбрана.

Мекдоналд додаде: (од 32:20 минута до 32:30 минута во видеото)

Не смее да му се дозволи на Израел да изврши такви злосторства без да се соочи со последици. Нашата влада мора да дејствува решително со упатување на Израел до Меѓународниот кривичен суд и протерување на израелскиот амбасадор.

Ирскиот парламент го отфрли предлогот за протерување на израелскиот амбасадор

Предлогот во ирскиот парламент, со кој се бараше протерување на израелскиот амбасадор, беше отфрлен на 15 ноември годинава, јави британски Индепендент. Гласањето уследи откако повеќе од илјада демонстранти кои повикуваа на протерување на амбасадорот, организираа демонстрации пред Оиреахтас, јави весникот.

Со предлогот на социјалдемократите се бараа низа економски и дипломатски санкции против Израел, вклучително и отповикување на дипломатските акредитиви на амбасадорот на Израел во Ирска, Дана Ерлих. Во предлогот, како што пишува Индепендент, исто така, се бара Ирска да го искористи своето влијание во Брисел за да побара суспензија на трговскиот договор меѓу ЕУ и Израел, повикувајќи се на клаузула за човекови права во договорот и да го суспендира Израел од учество во иницијативата за финансирање на истражувањето на Хоризонт Европа.

Дополнително, партијата (Шин Фејн) побара Ирска да го упати Израел до Меѓународниот кривичен суд, се додава во извештајот на Индепендент. Овој предлог на Шин Фејн, за кој Ирскиот парламент расправаше минатата недела (15 -16 ноември), исто така, беше отфрлен. За гласањето во ирскиот парламент извести и агенцијата Анадолија.

Предлогот во ирскиот парламент, со кој се бараше протерување на израелскиот амбасадор, беше отфрлен во средата, а владата поднесе контра предлог. Амандманот на ирската влада на предлогот инициран од Шин Фејн беше усвоен со 85 наспроти 55 гласа, со што беа отфрлени санкциите коишто Шин Фејн ги бараше против Израел. Гласањето се случи по жестоките дебати во ирскиот парламент, на крајот на работниот ден во средата наутро, јави Анадолија.

Според извештаите, повеќе од 11.320 Палестинци се убиени поради израелската агресија врз Појасот Газа, меѓу кои 4.650 деца и 3.145 жени.

Од сето ова можеме да заклучиме дека нема никаква официјална одлука на Ирска за протерување на израелскиот амбасадор и за поднесување тужба против Израел пред Меѓународниот суд во Хаг, како што тврди објавата што ја анализираме. Станува збор за барање и повик на лидерката на националистичката партија, Шин Фејн, Мери лу Мекдонлад, која одржала жесток говор против Израел, притоа изразувајќи голема поддршка за Палестина. Ирскиот парламент ги отфрли овие предлози. Според тоа, можеме да заклучиме дека објавата е неточна.

hubmk

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Електрификацијата на пругата кон Косово падна во заборав

Долгонајавуваната електрификација на пругата кон Косово не се случи ниту во овој мандат на Владата предводена од социјалдемократите. Веќе три години не сообраќа ниту патничкиот воз Скопје – Приштина...