понеделник, 13 април, 2026
Meta.mk

Ознака: протерување | 33 резултати

Руски новинар како шпион во Бугарија, цел месец се криел во Руската амбасада во Софија

ноември 2, 2023

Бугарската агенција за национална безбедност (ДАНС) го протера дописникот на весникот „Росискаја газета“, Александар Гацак поради активност што претставува закана за националната безбедност на Бугарија, пишува Медиапул.бг. Бугарското контраразузнавање прецизира дека наредбата за забрана за влез на Гацак во земјата е изречена врз основа на Законот за странци, „бидејќи со своите постапки тој ги ставил […]

Пендаровски: Сите 21 протерани руски дипломати во последниве две години вршеа шпионажа

септември 23, 2023

Сите 21 лице со руски дипломатски статус што беа протерани, вели претседателот Стево Пендаровски во интервјуто за Гласот на Америка на македонски (ВОА). Нашите служби, заедно со партнерските служби од НАТО тоа недвосмислено го докажале, појаснува тој. „Во изминатите две години, без последните тројца, протеравме 18 руски дипломати кои практично имаа статус на дипломати, а […]

По Скопје, и официјална Софија го протера рускиот свештеник Васијан

септември 21, 2023

Неколку дена откако македонските власти го протераа рускиот свештеник Васијан, и официјална Софија одлучи да го протера од Бугарија ова високо свештено лице на Руската православна црква, поради тоа што е закана за националната безбедност, пренесува mediapool.bg. Бугарските власти го протераа архимандритот Васијан Змеев поради тоа што бил руски шпион, а информацијата прва ја објави […]

Бугарија одеднаш ќе протера 70 руски дипломати

јуни 29, 2022

Бугарија ќе протера 70 руски дипломати одеднаш до крајот на седмицава, објави вчеравечер бугарскиот премиер во оставка Кирил Петков, известува mediapool.bg. „Очекуваме в недела еден пол авион со 70 места да замине за Москва“, рече Петков. Тоа би бил рекорден број протерани руски дипломати од Бугарија, што пак ќе ја доведе руската дипломатска мисија во […]

Уште шестмина руски дипломати прогласени за „персона нон грата“

април 15, 2022

Министерството за надворешни работи (МНР) соопшти дека денеска го повикало амбасадорот на Руската Федерација во земјава, Сергеј Баздникин, за да му биде врачена дипломатска нота, со која шестмина дипломати во Амбасадата на Руската Федерација во Скопје се посочени како непожелни во државата или персона нон грата. Тие имаат пет дена да ја напуштат земјава. „Врз […]

„Би-би-си“ ја осуди одлуката на Русија да протера нивна дописничка

август 14, 2021

„Би-би-си“ ја осуди одлуката на Русија да не ја обнови визата на Сара Рејнсфорд, една од нивните дописници во земјата, опишувајќи го потегот како „директен напад врз слободата на медиумите“. Корпорацијата ги повика руските официјални претставници да го преиспитаат „протерувањето“ на репортерката која во моментов живее и работи во Москва. Руските државни медиуми објавија дека […]

Руската Федерација протера дипломат од македонската амбасада во Москва

јуни 10, 2021

Официјална Москва, како што најави по протерувањето на вработен во руската амбасада во Скопје, објави дека како реципрочна мерка прогласила за персона нон грата дипломат од Амбасадата на Северна Македонија во Русија. „На 10 јуни, в.д. амбасадорка на Република Северна Македонија во Руската Федерација, Оливера Чаушевска-Димовска беше поканета во Министерството за надворешни работи на Русија, […]

Руското МНР се закани со мерки по протерувањето на руски дипломат од Северна Македонија

мај 20, 2021

Министерството за надворешни работи (МНР) на Руската Федерација денеска најави соодветни мерки по протерувањето од страна на Северна Македонија на еден руски дипломат, за кое што рече дека е „немотивирано“. Во соопштението на сајтот на руското МНР се вели дека станува збор за непријателски чин, којшто е невозможно да не се одрази на како што […]

Италија протера македонски државјанин осомничен за тероризам

август 9, 2018

Италијанските власти протераа четири лица осомничени за тероризам, меѓу кои и еден македонски државјанин. „Четворицата странци, од нив еден Косовец (37) и еден Македонец (39), протерани се од Италија поради опасност по безбедноста на земјата. Еден од странците е Французин (28) кој го примил радикалниот ислам, додека другиот државјанин на Тунис (45)“, пишуваат албанските медиуми. […]

Грција ќе протера двајца руски дипломати поради обиди да се поткопа Договорот за името

јули 11, 2018

Грчката влада донела одлука да протера двајца руски дипломати и да забрани влез на двајца други, обвинувајќи ги за обиди да се вмешаат во внатрешните работи на Грција, како и да го поткопаат Договорот за името со Македонија, известува грчкиот весник „Катимерини“. Дипломатите се товарат за обиди да се извлечат и да се протуркаат информации, […]

Руска амбасада: Намерно или не, Заев е погрешно информиран

април 16, 2018

Од Руската амбасада во Скопје на нивниот „Твитер“ профил реагираат на изјавата на премиерот Зоран Заев во интервјуто за „Телевизија 24“, каде вели дека „протераниот руски дипломат недозволиво се однесувал во Македонија, дека бил предупредуван неколку пати, но и натаму вршел активности за кои не бил акредитиран и оти доказите и биле презентирани на амбасадата […]

Шчербак: Русија е разочарана од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ за протерувањето, ќе почека со контра мерки

март 29, 2018

Изјавата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Николоски е израз на недоследната политика на дел од раководството на таа политичка партија, и како резултат на таквата политика, ВМРО-ДПМНЕ ги загуби изборите. Но истовремено, јас знам дека не мал број членови на една од најголемите партии се искрено определени за развој на конструктивна соработка и взаемни односи со […]

Николоски: Наш партнер не е Москва, одлуката на владата за протерувањето е во ред

март 28, 2018

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во интервјуто за емисијата „200“ на телевизија „Алсат“ рече дека потегот на Владата да протера еден руски дипломат е во ред и дека „наш партнер не е Москва, наши партнери се Брисел, Лондон и Вашингтон“. – И министерот за надворешни работи и Владата прават грешка што ја исклучуваат опозицијата од […]

Иванов не бил информиран, смета дека протерувањето на рускиот дипломат е избрзана одлука

март 27, 2018

Претседателот на државата Ѓорге Иванов смета дека одлуката на македонското МНР да протера еден руски дипломат е избрзана, информираат од претседателскиот кабинет. „Македонија како земја кандидат за членство во Европската унија, ја следи политиката на ЕУ и нивните одлуки донесени по пат на консензус и на ниво на ЕУ. Со оглед на тоа дека одлуките […]

Димитров: Протераниот дипломат излегол од својот мандат

март 27, 2018

Одлуката за протерување на рускиот дипломат од Македонија ја донесовме по внимателно размислување и анализа. Одлуката се заснова на два елемента, едниот е меѓународен, односно настанот што се случи – труење со хемиско оружје во Велика Британија и солидарноста што ја побараа нашите сојузници, изјави денеска шефот на македонската дипломатија Никола Димитров на прес-конференцијата со […]

Рускиот дипломат бил дел од обидите за инсталирање агенти во власта во Македонија?

март 27, 2018

Протерувањето на рускиот дипломат не е само последица на солидарност за случајот „Скрипал“ туку тој бил вмешан и во активности на руското разузнавање за инсталирање на руски агенти во високите ешалони на дел од извршната власт, објави „Телевизија 24“,  повикувајќи се на „високи извори во македонската полиција“. Македонското МНР вчера одлучи да протера руски дипломат […]

Македонија протера руски дипломат, за Москва потегот е непријателски и неоправдан

март 26, 2018

Министерството за надворешни работи објави дека одлучило да протера еден дипломат на Руската Федерација во Македонија заради случајот Скрипал. „МНР во тесна консултација со нашите сојузници и партнери од ЕУ и НАТО и во солидарност со Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, одлучи да протера еден дипломат на Руската Федерација во Република Македонија […]

САД протеруваат 15 кубански дипломати

октомври 3, 2017

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп нареди протерување на 15 дипломати од кубанската амбасада во Вашингтон, откако САД минатата недела повлекоа половина од своите дипломати од Хавана, соопшти американскиот Стејт департмент. Одлуката на американските власи доаѓа откако кубанските власти не успеаја да го заштитат американскиот персонал на Куба, кој бил изложен на мистериозни „напади“ кои им […]

Путин побара 755 американски дипломати да ја напуштат Русија

јули 31, 2017

Рускиот претседател Владимир Путин синоќа во интервју за „Вести ТВ“ соопшти дека 755 американски дипломати мора да ја напуштат Русија и оти Москва би можела да разгледа и дополнителни мерки како одговор на најновите санкции на Вашингтон. Путин рече дека САД имаат рок за намалување на дипломатскиот и на техничкиот персонал до 1 септември. – […]

Русија може да го „урамнотежи“ бројот на Американците во Москва

јули 14, 2017

Официјала Москва е подготвена значително да го намали бројот на соработниците на американската амбасада во Русија, што би претставувало одговор на блокадата на рускиот дипломатски имот во САД, соопшти на брифинг портпаролката на руското МНР, Марија Захарова. – Ако работите не се мрднат од мртва точка, ќе мораме да одговориме. Има со што да се […]

Страна 1 од 2