fbpx

МВР: Граѓаните да ги искористат термините за лични документи во Скопје утре и задутре

Владината одлука за неработните денови за државната и јавната администрација нема да важат за службите за граѓански работи на МВР

-

Пунктовите за издавање лични документи утре и задутре (29 и 30 ноември 2023 година) ќе работат со полно работно време, така што граѓаните кои имаат закажано термини ќе треба да ги искористат истите, информира Министерството за внатрешни работи. Закажаните термини за граѓаните ќе бидат реализирани.

Владината одлука за неработните денови за државната и јавната администрација нема да важи за службите за граѓански работи на МВР. И двата дена тие ќе работат редовно, со полно работно време.

„Со цел непречено функционирање на процесот на замена и издавање на личните документи, МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат закажаните термини“, стои во соопштението од МВР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЈСП: Неделен возен ред на велигденските празници

ЈСП соопшти дека од утре, петок, до понеделник јавниот превоз јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред. Утре ќе има исклучок за линиите 11, 11А, 18А, 32, 47А, 55,...