fbpx

Повелбата на ОН не ѝ дава право на Русија да ја нападне Украина

Членовите 106 и 107 од Повелбата на ОН не ѝ даваат право на Русија да ја нападне Украина или која било друга држава од земјите наведени во објавата, поради, како што се тврди, „обиди за заживување на нацизмот“. Членот 107 повеќе не е релевантен од...

Руските ковид вакцини не се забранети во земјава

Спутник вакцините не се забранети кај нас и сè уште ги има за оние кои сакаат да се вакцинираат за првпат. Исто така, не постојат никакви начини да ѝ се влијае на пинеалната жлезда, односно епифизата со вакцинација против ковид-19. Ова е дезинформација за...

Хамас не е создаден ниту од ЦИА, ниту од Мосад

Мосад не ја креираа Хамас, со оглед на тоа што во манифестот на Хамас, стои дека нивната крајна цел е да го уништат Израел како држава. Во самиот манифест пишува дека се работи за палестинско движење, исламско, кое се стреми „да го дигне знамето...

Нема докази дека Украина му дала оружје на Хамас

Повикувајќи се на официјално соопштение  на Одбранбеното разузнавање на Украина, Украинска правда пишува дека Русија се подготвува да ја дискредитира Украина со цел да влијае на ставот на сојузниците и на снабдувањето со западно оружје. Безбедносни експерти за странски проверувачи на факти велат дека...

Не е точно дека Хамас го заробиле израелскиот генерал Нимрод Алони

Според адмиралот Даниел Хагари, портпарол на израелската војска, генералот Алони не е во рацете на Хамас. Хагари на новинарите во саботата им изјавил дека тврдењата оти Алони е заробен се невистинити. Алони јасно може да се види дека кратко се појавува во видео каде...

Манипулација со настапот на холандската министерка за одбрана на форумот за безбедност во Варшава

Наспроти тврдењето во објавата, кога ќе се слушне оригиналната изјава на министерката за одбрана на Холандија, Касја Олонгрен дадена на форумот за безбедност во Варшава, станува јасно дека таа не зборува за поттикнување на војната, туку продолжување на поддршката на Украина која се соочува...

Не е вистина дека Олена Зеленска потрошила 1,1 милиони долари на Картие накит во Њујорк

Не постои веродостојно сценарио кое ќе ја смести Зеленска некаде во близина на „Картие“ на Петтата авенија во Њујорк, на 22 септември 2023 година, датумот прикажан на фактурата прикачена на објавата. Таа и нејзиниот сопруг веќе го напуштија Њујорк вечерта на 20 септември, по...

Нема војници на Бундесверот во Украина, ниту пак, има германски тенковски екипажи

Во неделата на 24 септември, германското Министерство за одбрана ја демантираше информацијата што ја пренесоа руските државни медиуми дека наводно е уништен германски тенк Леопард со екипаж од Бундесверот во воената зона во Украина. Покрај ова, општо е познато дека западните земји внимаваат да...

Мировниот корпус спроведува проекти за развој на заедниците, не промовира трансхуманистички вредности

Обавата промовира непријателски наратив и ги демонизира волонтерите на американскиот Мировниот корпус во земјава. Според официјалната страница на Мировниот корпус, 800 волонтери досега работеле во училиштата низ државата, во општините, во граѓанските организации и во државните институции за да помогнат во развојот на заедниците....

ЕУ нема да ги депортира мажите на возраст од 18 до 60 години назад во Украина

Според европскиот комесар, ЕУ нема да депортира никого спротивно на неговата волја. Тоа значи дека украинските мажи кои моментално живеат во Европа не се во ризик за присилна депортација. Исто така, ЕУ не планира да го забрани влезот на мажи од Украина, пишува „Вистиномер“...

Mанипулaција со изјавата на Рама – Бугарија нема да ја нападне Северна Македонија

Објавата со неодредениот текстуален дел и со фотографиите намерно манипулира со изјавата на албанскиот премиер Еди Рама, со цел да се претстави некаква воена закана од Бугарија кон Северна Македонија. Рама не предвидел дека такво нешто ќе се случи, туку употребил иронична шега со...

Не е вистина дека Германија крева бело знаме – поддршката за Украина континуирано се зголемува

На Германија целта не и е Украина да се предаде, ниту пак, Киев да оди на преговори со Путин, а ниту пак, Шолц има изјавено било што во овој или сличен контекст. Напротив, тој смета дека Русија е таа што треба да се повлече,...

Објавата шири невистини, Џо Бајден го посетил Мауи

Претседателот на САД Џо Бајден го посетил Мауи откако претходно го прекинал неговиот одмор во Невада. Тој лично ја видел штетата настаната од страшниот пожар кој го зафати островот и кој однесе повеќе од 100 жртви. Доказ за неговата посета се извештаите на светски...

Зеленски не е син на Сорос

Таткото на Зеленски не е Џорџ Сорос туку Олександр Зеленски, професор и компјутерски научник, претседател на одделот за кибернетика и компјутерски хардвер на Киевскиот Рих Стејт Универзитет за економија и технологија. Мајката на Зеленски е Рима Зеленска, која работела како инженер. Дедото на Володимир...

Логото со жаба на прехранбените производи нема врска ниту со Бил Гејтс, ниту со „златната милијарда“

Логото на Алијансата за дождовни шуми не е златна отровна жаба, туку црвеноока дрвенеста жаба. Жабата во логото има симболично значење како биоиндикатор за здрава животна средина и нема никаква врска со „златната милијарда“ – стара теорија на заговор, според која светската елита сака да ги...

Тенденциозни напади дека Зеленски ја забранил опозицијата, ја угнетува црквата, одбива да одржи избори

Постот го обвинува украинскиот претседател Володимир Зеленски за репресија врз медиумите, јазикот, црквата и дека не сака да одржи избори, но вистината е дека украинскиот Устав не дозволува за време на воена состојба да се одржуваат избори. Кога се тврди дека Зеленски „ја забранил...

Медиумски наративи за ЕУ како фактор за зголемено руско влијание во Северна Македонија

Кога се проценува влијанието кое ја изместува Северна Македонија од прокламираниот процес на демократски развој насочен кон прифаќање на вредностите на Европската Унија (ЕУ) и пристапување кон ЕУ, не смее да се занемари како во македонските медиуми се претставува уделот на одделни држави членки...

Со стар текст се манипулира дека Русија се повлекла од СЗО и СТО

Русија сè уште е активна членка и на Светската здравствена организација и на Светската трговска организација. Рускиот парламент ниту разгледал, ниту гласал по каква било иницијатива за повлекување на земјата од двете големи светски организации, ниту пак, е најавено такво нешто во следниот период,...

Агенција за разузнавање: Ќе бидеме мета на дезинформации за уставните измени, црковното прашање и изборите во 2024

Борбата со дезинформациите не треба да се гледа како загрозување на слободата на говор или цензура, бидејќи не станува збор за наивно пласирани вести, туку  дезинформациските кампањи се државно организиран и насочен процес кој има за цел манипулација со јавното мислење и притисок кон...

Дезинформациите не можат да исчезнат – треба да се обелоденат нивните создавачи

Крајно време е препораките да се претворат во активности и точно да се знае кои чинители во општеството каква улога имаат во борбата против дезинформациите. Да се признае кои се непријателите – создавачи на дезинформации и да се разбере со какви цели шират пропаганда....

(РЕПОРТАЖА) Надежите на СДСМ испарија во сауната на ВМРО-ДПМНЕ

„Овде е стравотно топло, како во сауна е“, рече професорката Гордана Сиљановска-Давкова на прес-конференцијата во централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, барајќи марамче да се избрише, пред да ја прогласи победата...