fbpx

ЕУ нема да ги депортира мажите на возраст од 18 до 60 години назад во Украина

Европа ги почитува човековите права максимално со различни конвенции резолуции и повелби. Украина не се бори со својот далеку поголем и посилен источен сосед по своја желба, туку се брани од Русија која агресивно и неиспровоцирано го нападна нејзиниот територијален интегритет

-

Според европскиот комесар, ЕУ нема да депортира никого спротивно на неговата волја. Тоа значи дека украинските мажи кои моментално живеат во Европа не се во ризик за присилна депортација. Исто така, ЕУ не планира да го забрани влезот на мажи од Украина, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се вели:

ЕУ ќе фати Украинци на возраст од 18 до 60 години и ќе ги депортира назад во Украина. Буквално борба со Русија до последен човек. Човечка жртва или геноцид? Човековите  права и демократијата во градината на Европа.

Потоа во поткрепа на објавата се споделува текст од Јаху, кој е изваден од контекст, а во кој пишува само за можните категории на лица кои Украина би можела да ги врати од надвор од државата, без да се напоменува дека тоа ќе се реализира. Напротив, во  текстот на Јаху пишува дека има некои пречки, односно различни толкувања на тоа што ЕУ би можела да прави во врска со враќањето на Украинците кои се раселени во ЕУ. Попрецизно, во текстот се наведува дека во моментов сите мажи на возраст од 18 до 60 години се сметаат за регрути кои може да бидат повикани на воена служба и дека им е забрането да ја напуштаат Украина, освен ако не се дел од  исклучоците на кои им е дозволено патување во странство.

Портпаролот на државната гранична служба на Украина, Андриј Демченко, на 8 мај за национална телевизија изјавил дека мажите кои се обидуваат да ја поминат границата илегално за време на војната ќе бидат вратени назад. Според него, тие немаат право да добијат право на бегалци во странство, а странските држави соработуваат со Украина во случај да треба да ги вратат назад.

Од почетокот на инвазијата соработуваме со нашите колеги од ЕУ и Молдавија за да се спротиставиме на обидите за илегално поминување на границата. Некои веднаш се обидуваат да добијат статус на бегалци, но немаат основа за тоа. Процедурата за организација и одржување на воена евиденција на регрути и резервисти, утврдена со владината резолуција број 1487, вели дека мажите на возраст од 18 до 60 години, способни за воена служба, треба да се регистрираат во украинските дипломатски институции во странство, вели Демченко.

Дипломатските институции ги собираат, складираат и пренесуваат овие податоци во Украина, а исто така се обврзани да го олеснат враќањето на регрутите доколку се објави повик за нивно учество во војната во Украина.

Според воениот адвокат, Јарослав Жукровски, непријателот шири гласини и дезинформации дека Украинците се ставаат во автобуси и се носат во Украина.

Прво и основно, дипломатските институции ги информираат граѓаните кои се запишале во конзуларниот регистар и наполниле воена возраст за почетокот на следниот повик. Второ, тие го олеснуваат враќањето на регрутите во нивната татковина. Зборот „олеснуваат“ е најконтроверзен овде. Гласините дека Украинците во странство ќе бидат спакувани во автобуси и насилно однесени во Украина не се точни. Но, украинското законодавство не објаснува што точно значи терминот „олеснување на враќањето“, изјави  Жукровски за Јаху.

Тој, исто така, истакна дека воената регистрација во дипломатските институции и мобилизацијата не се  едно те исто, бидејќи ова е регистрирање на граѓаните во документите за воена регистрација на конзулатите, кои потоа се пренесуваат во територијални центри за регрутирање во Украина.

Жукровски, исто така, истакна дека воената регистрација во дипломатските институции и надлежните воени-медицински комисии или мобилизација, не се исти, бидејќи ова е евидентирање на граѓанините во документите за воена регистрација на конзулатите, кои потоа се пренесуваат во територијалните центри за регрутирање во Украина.

 

Дали може да се доставуваат покани во странство или мажи да се депортираат?

Резолуцијата бр. 1487 не предвидува таква обврска како издавање покани за регрути, затоа никој не ги издава и нема да ги издава, додека гласините за слични случаи или ситуации се руска дезинформација.

Според украинското законодавство, странските дипломатски институции не можат да упатуваат покани. На крајот на краиштата, поканата е документ со кој се поканува лице во територијален центар за регрутирање за да се разјаснат воените податоци или да се подложи на испитување од воено-медицинска комисија, рече адвокатот.

Жукровски додаде дека депортацијата на регрутите во Украина нема правна основа, тоа не можат да го направат украинските дипломатски институции.

Воената регистрација во странски дипломатски институции, најверојатно е декларативен механизам за разјаснување на податоците на украинските граѓани. Игнорирањето на ова правило не е основа за депортација. Дипломатските институции немаат правна основа за ова, објасни тој.

Исто така, има критериуми според кои на мажите им е дозволено да ја напуштат Украина за време на воената сосстојба. Тоа се мажи кои сами растат деца помлади од 18 години, мажи старатели на повеќе од 3 малолетни деца, мажи старатели на дете со ретка болест, или со попреченост, мажи за кои медицинска комисија решила дека не може да учествуваат во војната, возачи, капетани на брод под одредени услови, атлети од украинската репрезентација во олимписки и неолимписки спортови, мажи со попреченост, мажи државјани на Украина со постојан престој во друга држава и мажи со двојно државјанство (и украинско и на друга држава) кои може да ја поминат украинската граница со странскиот пасош.

Најголемиот дел од украинските бегалци остануваат во Европа и аплицираат за привремен статус на заштита.

Според европскиот комесар, ЕУ нема да депортира никого спротивно на неговата волја. Тоа значи дека украинските мажи кои моментално живеат во Европа не се во ризик за присилна депортација. Исто така, ЕУ не планира да го забрани влезот на мажи од Украина.

Проверувачите на факти на Детектор пишуваа уште во 2022 година за оваа и тогаш распространета дезинформација дека украинските мажи кои ја напуштиле Украина ќе бидат депортирани од страна на ЕУ, но тоа не е вистина.  Во 2022 година се ширеше дезинформацијата дека наводно ќе бидат депортирани мажите Украинци од Полска, но тоа не се оствари.

Мора да има правна основа за депортација, како и судска одлука. Причината за депортација може да биде неплатени казни, истечена виза, криминално досие, прекршување на јавна наредба или нелегален престој во странската држава, пишува Детектор.

Во постот што го рецензираме невистинито се тврди дека „Украина ќе се бори против Русија до последниот човек“ и иронично се коментира дека тоа се „човековите права и демократија во градината на Европа“.

Европа ги почитува човековите права максимално со различни конвенции резолуции и повелби. Украина не се бори со својот далеку поголем и посилен источен сосед по своја желба, туку се брани од Русија која агресивно и неиспровоцирано го нападна нејзиниот територијален интегритет.

Поради сите горенаведени факти постот го оценуваме како невистинит.

hubmk

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...