fbpx

Не е вистина дека Германија крева бело знаме – поддршката за Украина континуирано се зголемува

„Нема да има одлуки без Украинците“, рече Шолц, велејќи дека Путин очигледно погрешно ја проценил „силата на Украина“, како и „единството на „сите пријатели на Украина“ во оспорувањето на руската инвазија.

-

На Германија целта не и е Украина да се предаде, ниту пак, Киев да оди на преговори со Путин, а ниту пак, Шолц има изјавено било што во овој или сличен контекст. Напротив, тој смета дека Русија е таа што треба да се повлече, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Објава на социјалната мрежа Фејсбук манипулира дека Германија крева бело знаме во однос на војната која што се одвива во Украина. Ова не е вистина.

03.09.2023

Германија крeва бело знаме.

Киев да оди на преговори со Путин.

Во објавата која што е предмет на оваа рецензија манипулативно се тврди дека Германија крева бело знаме, а во следната реченица се вели дека Киев треба да оди на преговори со Владимир Путин. Со објавата е споделена фотографија од германскиот канцелар Олаф Шолц. Вака двете реченици напишани едно по друго ја наведуваат јавноста да помисли дека Германија сака Киев (Украина) да оди на преговори со Путин (Русија) и дека целта ѝ е Украина да се предаде, па оtтаму алузијата со белото знаме, кое во случајов се однесува и за Берлин (демек не сака веќе да помага и да се соочува со економски последици) и за Киев, да попушти.

Но, ситуацијата во реалноста воопшто не е таква. На Германија целта не ѝ е Украина да се предаде, ниту, пак, Киев да оди на преговори со Путин, а, ниту, пак, Шолц има изјавено било што во овој или сличен контекст. Напротив, тој смета дека Русија е таа што треба да се повлече.

Последните изјави на германскиот канцелар Олаф Шолц не се во насоката во која што објавата сака да ги натера корисниците на социјалните мрежи да поверуваат.

Во мај Саудиска Арабија беше домаќин на разговори за решавање на војната во Украина. Високи претставници од околу 40 земји, вклучувајќи ги САД, Кина, Јужна Африка и Индија, присуствуваат на дискусиите во крајбрежниот град Џеда на Црвеното Море. На дискусиите не учествуваше делегација од Русија.

Пред самитот, помошниците на украинскиот претседател Володимир Зеленски изјавија дека делегатите ќе го разгледаат неговиот мировен план од 10 точки, кој вклучува повлекување на Русија од украинската територија и враќање на Крим под контрола на Киев.

Повлекувањето на руските војници е предуслов за мир, потврди и самиот Шолц пред три недели.Тој, по самитот за ова прашање во Саудиска Арабија повика на дипломатски напори за воспоставување мир во Украина,

За нас има смисла да ги продолжиме овие разговори бидејќи тие го зголемуваат притисокот врз Русија да сфати дека тргнала на погрешен пат и дека мора да ги повлече своите војници и да го овозможи мирот, рече Шолц во своето годишно летно интервју за германската државна телевизија ЗДФ.

Шолц истакна дека разговорите во Џеда биле „многу важни“, но „само почеток, за жал“.

Претходно годинава, Шолц потенцираше дека одговорноста за завршување на војната во Украина е на рускиот претседател Владимир Путин и дека основен услов за разговори е тој (Путин) да ги повлече војниците.

„Нема да има одлуки без Украинците“, рече Шолц, велејќи дека Путин очигледно погрешно ја проценил „силата на Украина“, како и „единството на „сите пријатели на Украина“ во оспорувањето на руската инвазија.

Многу е тешко да се процени кои ќе бидат следните работи што ќе се случат во Украина, но има нешто што е апсолутно јасно: ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина со финансиска, хуманитарна помош, а исто така и со оружје, рече Шолц.

Во меѓувреме, продолжува целосната поддршка која што Украина ја добива од Германија во опрема и оружје. Оваа листа дава преглед на континуираната воена помош дадена од Сојузна Република Германија за Украина. Тоа вклучува испораки од Федералните вооружени сили, од индустријата и мерките за помош заедно со партнерите, кои, меѓу другото, се финансирани од фондовите на Федералната влада за градење на безбедносните капацитети.

Германската влада има намера да доделува 5 милијарди евра воена поддршка за Украина годишно до 2027 година, изјави министерот за финансии Кристијан Линднер за време на посетата на Киев пред две недели. Одлуката, сепак, треба да биде одобрена од германскиот парламент.

Германија ѝ обезбеди на Украина помош од 22 милијарди евра од почетокот на војната. Оваа сума вклучува не само воена поддршка, туку и за хуманитарна помош, поддршка за раселените лица, како и придонесите на Сојузна Република Германија во Меѓународниот монетарен фонд.

Според сите наведени факти оценуваме дека целосна манипулација и невистина е тврдењето дека Германија крева бело знаме во однос на војната во Украина и дека (му сугерира на) Киев треба да оди на преговори со Путин.

hubmk

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Руско Министерство за одбрана: Соборени 68 украински беспилотни летала над Краснодар и Крим

Армијата синоќа пресретнала 68 украински беспилотни летала во јужниот руски крај Краснодар и Крим, соопшти руското Министерство за одбрана. Според тоа министерство, 66 беспилотни летала биле соборени над територијата на...